Форумџика на годината

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    меу еве сите тука ти пракаме позитивна енергија, без грижи, без нервози тоа никако несмее само храбро напред ;) арно ти викаат сите сврти го мозокот на нешто друго :)
    Леле бушавка ме опиша мене и јас само лежам ком ме заморува и си гледам тв или спијам и ми е срам дури ко некоја мрза сум ама ич неможам да станам од кревет нозе не ме држат и си викам и јас нека мислат шо сакат јас имам побитна работа за мислење :)
     
  2. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    дали некој од вас ги има користено гинипрал апчињата и какво искуство имате :)
     
  3. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Jas sto se vika 'go pustiv mozokot na pasenje' i ne se zamaram za nisto.Od takvo zamaranje i sto ke recat domasnite,se macevme podolgo vreme za bebence.SI UZIVAM I KULIRAM,AKO MI E KEIF KE POMOGNAM NESTO PO DOMA...AKO MI SE SPIE-SI SPIJAM I IC NE ME BOLI UVO KOJ STO KE RECE. ;)
     
    На oliolivera и anule88 им се допаѓа ова.
  4. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Еве ме и мене јас дури сега станувам, цела ноќ не спиев дури сабалје во 8 заспав .. се потешко и потешко ми станува со бебушкава осеќам дека расте и дека нема место, да не спомнувам кога ке легнам колку време ми треба да се свртам од една на друга страна..

    Меу јас потполно те разбирам ситуацијата ни е иста, секогаш сум била позитивна и сум гледала позитивно на работите ама еве сега не можам. И на мм му викам знам дека не е добро да се нервирам и да мислам негативно, ама не знаеш како е да се будиш насабалје и да не знаеш што ке се случи денес, дали ке биде добро бебето, дали ке имам болки и ред други работи.. и толку многу сум исплашена што не можам да спијам.. и си мислам барем да можев да отидам некаде кај другарка или некаде да прошетам и да ги отргнам барем малку мислите од сето ова што се случува ама не може тоа е тоа... Секој ден се тешам и си мислам дека господ е голем не чува сите и дека нема ништо лошо да се случи, пробувам да бидам добро не заради мене туку заради бебето не сакам да ја чуствува мојата нервоза..
    Затоа многууу добро те сваќам како ти е и те разбирам ама ајде уште малку и кога се ке биде во ред и кога ке се породиме и ке се гушкаме со најмилите ке се смееме на овие постови :)
    Болки во колковите немам освен кога ке станам од спиење , додека се раздвижам малку ..

    Имајте убав ден сите мешенца :)

    Како сте денес мешенца, ве нема никаде се губите :)
     
    Последна измена од модератор: 8 април 2017
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Лелеееее,значи ова со кислиниве не можам веке ;( не знам ни дали се киселини веке,ова се болки!!!не функционирам ко што треба од нив,вода да се напијам ете ги,дење ноќе :( не спијам,не се наведнувам нозете со крем да ги намачкам,ништо не правам од нив,претерааа значи :^)
    (недела сум 34,5 ) имате некоја утеха ко за мене? :) :* позз4е до сите!!!
    пс. а нешто за стриичките ке кажете?,јас имам 3-4 до сега ама не се на страшни места
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Ахх тие киселини, мислам дека дури сега го сфатив правото значење на “киселини во желудникот“ :envy: имам чувство дека оган ми гори во мене.
    И кај мене е исто, посебно навечер се изразени, тогаш ми е и од вода мака :puke: Засега трпам, а како ќе биде ќе видиме.
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас користев еднаш некаде во 6 та недела, вагинално два пати на ден, една недела ,ама морам да го пофалам мажето ми помогна многу ( тоа ми ги ставаше) :lol:
    а за киселините зошто не си купите рупурут за џвакање ??? сите ги фалат, искррено јас си имам купено ама немам уште толку многу киселини се трпат некако :)
     
  8. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    мене за киселините само кисела вода ми помагаше и ден денес ги имам кога јадам благо и ке се напијам кисела вода кога ке ми дојде и ми поминува..
    Инаку меу јас сум подобро, бебушка многу ми мрда и така си се дружиме по цел ден, до среда ке одмараме па послем ке биде малку подобро барем ке можам да се движам.. и да едвај чекам да се олеснам :) инаку нешто посебно не осеќам освен мрдањето на цуцето :)
    офф колку сакам јас сега да имам некоја книга да си читам ама здравје од среда натаму ке излезам па ке си купам, и за дома и за во болница иако мислам дека во болница нема да ми биде досадно, ке си се дружиме со цуцката :)
     
    На meU и TeaB им се допаѓа ова.
  9. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Труднички еве ме и мене после подолго време, Нешто ми се зезна компјутерот па мм го носеше по сервиси па глупости комплицираат тие по сервисите и така јас си останав без компјутер и пукнав од досада дома . Читкав дека на некого му се десиле неубави работи *(МЕУ само позитивно срце само тоа може да не смири во секирациите и дешавките а позитивните мисли делуваат и позитивно на бебушките наши ) Уник како иде чувајте се уште неколку недели , добредојде за сите нови труднички мамички другите кажете како олесна времево за сите нас, ама еве пак ќе почнеле жештиниве. Јас таман му се израдував на компјутерот кога во понеделник ќе му ја дувнеме некаде на одмор мм пукна во Скопје, па ако има интернет таму кај што ќе бидеме ќе се читаме ако не пак ќе ме снема. Во понеделникот бевме на контрола супер сме дури и лудиов гинеколог ми направи сликичка од половиот орган на моето мало маже да се знаело тоа беше смеење цел ден . Фала богу добро се чувствувам можеби малку повеќе болки во грбот ама нема друго чаре само издржување киселини ме тепаат по неколку пати на ден ама искрено ништо не преземам, и само си размислувам позитивни работи и си кројам планчиња што со бебушов наш .

    Поздравче на сите да не се распишувам многу , Меу само смирено и одмор, ...

    ќе се обидам да читкам и пишувам колку што можам повеќе ., Само да знаете дека сите ве мислам секојдневно и дека оваа недела стварно ми недостасувавте ....

    Поздравче пак уште еднаш и имајте убава вечер :* :* :* :*
     
    На Unique.chick и meU им се допаѓа ова.
  10. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас многу сум се изнервирала :devil: кај докторката одам од мај месец, и се си мислев дека ми се пиша веке матична, кога денес гледам на интернет на фзо немам матичен гинеколог :( таа глупавата сестра сигурно ме има заборавено, затоа што докторката ми рече дека ке ми биде матична...
    затоа мене ми беше чудно , сестрата секогаш на сите им го даваше картонот а мене не , едвај чекам да одам вторник , среда на преглед да видам што е работата ;)
     
  11. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    и јас има таков проблем со матичен не ми се пиша докторот оти требало на почеток од месец и сега одвај чекам да дојди 1 за да одам и на контрола оти и не се договоривме кога повторно на контрола оти требаше да одам на почетокот од овај месец ама проблеми со картончината и у п м :lol:
    А кај која докторка одиш? оти гледам дека си од Битола и јас сум од таму.
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    абе јас прво бев во неуромедика,ама докторката е катастрофа, имам претходно пишано јас сум била бремена таа ми вика имаш мало цистиче :devil: зедов одјава од фондот за да ја сменам докторката, и потоа отидов кај бети никодинова во уредот што е, навистина докторката е предобра, и супер се постави од првиот пат, одма ми направи тест за бременост, и сите наредни прегледи се беше супер. и ја однесов одјавата и ми рече дека од јуни ке ме пријави, и кажав на таа глупавата сестра ама забележав таа се замара само со оние што си ги знае поке :devil: :devil:
    ама сега ке одам др недела на преглед и ке и речам на докторката ич не ми е гајле ;)
    ти кај кој доктор си? :)
     
  13. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.026
    Вчера бев на доктор да се прегледаме,големи е 4 см и е 10 недели и 5 дена.Душичка убава колку се распознава на ехото, како мало човече е ножиња, рачиња, главчето и мешето се се гледа.Докторот ми објаснува кое што е ама му викам нема потреба се си се гледа убаво.Па и си пливка душата ми се разнежи кога го видов.Кога си бремена знаеш дека расте мал човек во тебе, ама кога ќе го видеш на ехото те остава без зборови неопишливо е чуството.Влегува маж ми да го виде и вика овоа целото како мене е црно(оти он е црномањест) и врвот:Докторе видете ли му го курето? :rofl: Голема желба му е да биде машко првото дете,ама некогаш се освесте и вика е добро де што даде господ да е живо и здраво и јас така викам ако ми е поголема желбата за женско ама не го искажувам толку тоа како него.
    Го мерија и нухалниот набој и ми рече докторот дека е во ред само што ќе треба да одам понатаму во Скопје за да ми го направат PRISKA тестот.Само се плашам за глупоста што ја направив, оти целата бев исприштена од херпес на устата и буквално немам здраво место на устата прв пат се исприштувам до толку дури од срам не сум излезела од дома се мачкав херпесан, а докторот викаше дека не сум смеала ништо до првите три месеци дури ни маст бидејќи се ресорбира и во крвта.Јас не размислив на тој дел и сега викам да не влијае нешто на детето 2 дена се бев мачкала, го прашав докторот вика не е страшно ама да знаеш за друг пат.Ама кога ќе ти кажат нешто што не си требала да го правеш ти стане тешко.
    Поздрав до сите труднички и лесна и убава бременост :*
     
  14. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    абе у п м кажав :devil: со овие проблеми и јас одвај чекам да одам на контрола да видам со ке направам оти докторот мене ми рече само на почеток од месец примале пријави за матични добро си објасни тој ама јас од фондот имав проблем со картончина и сега се надевам овој месец се ке се заврши ама 90% и овој месец на приватно ке одам, ама нема да успеам крв да си проверам мислам и за таму требаа картончина незнам како му оди то се е сменато :worried: Иначе одам кај Славко Пејовски во уредот
     
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    ххех сме оделе во иста ординација само кај различни доктори, ке видам јас сега другата недела шо е работата, абе само нервози, какво време е дојдено за секаде мора да се има некој познат...
    а си одиш и си велиш дека за сите е исто, срамота! :devil:
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054

    Без гајле, не би требало да имаш никакви послдици. Туку ендо ме замисли, викаш 10н5д бремена , а ти мереле нухална туба??? Зошто толку рано?? Тоа се мери 12-13н. па гледаат резултати и ако нема потреба воопшто не се прави дополнително приска или аминоцинтеза :?:


    Женски со проблемите со матични, некоја спомна дека морало од 1ви да се пише матичен, па тоа нема никаква врска со пациентот, си зимаат они податоци и испраќаат образец до фзо.. живи глупости секаде некои нови правила се измислуваат :swear:
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    знам дека тоа се глупости, јас ко ке одам нека пополни образец па на 1-ви нека го испрати во фондот, или повеке им се исплака да ни наплакаат на приватно :devil: искрено јас да не видев на интернет ке си мислев дека веке ми е матична докторката!

    туку да си прашам нешто друго, сигурно нее ништо страшно, ама да не ми е мисла, нокеска во спиењето на два пати ги истегнав нозете и сега осекам како да ме боли од левата страна :(
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Во Скопје кога барав матичен, кај сите беше правилото првиот преглед да се наплати, а потоа ако сакаш да ти стане матичен. Е сега јас кога зимав брисеви на приватно , докторот кај што одам неколку години се јави во една ординација и директно ми среди да не платам ништо како прв преглед туку се да ми оди со картони, упути... Значи дефинитивно нив им се исплати приватно(многу логично) па затоа се прават будали, ама треба да разбира човек повеќе за да им каже ,па да им биде јасно дека неможе од секој будала да прават.

    Инаку ништо не ти е, тегни се слободно, допрва ќе следуваат болки на сите страни, мускули, нерви...
     
  19. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.026
    Не знам како ми мерил ми беше покажал на ехото каде се наоѓа нухалната туба.Како што виде тоа се наоѓа на вратот на фетусот и е како црна дамка(барем на мене така ми личеше).Инаку и мојта другарка е трудна и е веќе 5-6 месец не знам точно и на неа и викал на почетокот на бременоста нормално ти е според ехото 99% ама за сигурно треба да одеш и преку крвта да ти испитат во Скопје.Тука во Штип е скапо на приватно околу 3600ден е, а во Скопје во државна било 600ден со плав картон.Е сега не знам дали е рано за мерење на нухалната туба кај мене ништо не се совпага.Според големина на плод ме рачуна 10 недели и 5 дена, а според последна менструација сум 12 недели и нешто ?:?:
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Да не имаше проблеми со задоцнета овулација, па затоа ти е помал плодот во димезии???
    А штом се развива до сега како што треба не би требало да е проблем, инаку веднаш се реагира на тоа дека е помал, а и не е малку се работи за цели две недели.
    Он наместо на тоа да обрати внимание, зборува за Приска, ако е така паметен и јак доктор ќе знае дека Приската не нуди никакви веродостојни резултати.
    Доколку има реални причини за грижа и сомнеж ќе те испрати на амниоцинтеза, а не на приска.
    Мене повеќе ми мати вода тоа дека се работи за таква разлика во димензиите. Но, најверојатно станува збор за покасна овулација... претпоставувам.