Se vrtam i jas od bolki vo kolkovite.Jas neznam kakva vest.Ama da ne se pisuvas pak da se cita pisi mi vo lp
Се враќам од преглед, бебчето е супер, одговара на 24 недели и 3 дена, 700 и нешто грама. Грлото на матката 3,3 цм. И конечно ја излечив уреаплазмата. Можам малку да здивнам
Не се грижи, не е од оваа тема феминката, не сакам да пишувам овде за да не ве вознемирувам повеќе, ќе ти пратам пп.
Мамички, многу ми е жал што го пишав мислењето погоре, не требаше. Извинете Ве вознемирив и вас, и така сите сме осетливи во бременоста.
И јас сакав на почеток на сезона и ако влегувам во деветти месец, но мм не сака од страв да не се породам на море
@iki26 Прво блазе тебе што уште не се познаваш, а 2 бебушки носиш, а второ па и најмалку е битно како ќе изгледаш, трудницата секогаш е симпатична, а за купаќи за трудници? Кај нас доволно бутици за трудници нема, а не за купаќи. Ќе си купиш поголем број и готово, право на одмор
Www.asos.com оди во делот maternity. Кај нас не верувам да има купаќи за трудници. Денес како сте? Јас дали од времево, ме стега околу срцето ,тахикардија, притисок стандард 90 со 60, немам волја за ништо
Од времево денеска очи неможам да отворам , а се потпрам на кревет заспивам и само занимација барам да правам нешто.
Од времево ќе да е и мене ме стегаше пределит околу срцето сабајле некои боцкања. Без везе ми е денов. Сабајле па отидов до продавница па кога ме фати дожд абе лом ме направи нозе мокри уффф. Времево е стварно чудно добро е што организмот некако се бори со тоа
Денес турбо на работа па не ја осетив промената многу ама депресивно е времево. @eli25 фала за страницата сега ќе разгледам. Гледав од ХМ ама скапи по 30-35 евра се.
Девојки што е подобро да земам против киселини, бикарбона или рупурут таблети? Од двете ми поминува само не знам што е побезбедно.
И тука не се евтини, за испорака мислам не се чека многу. @duffi често нарачува она ќе ти каже А за облека и јас се нервирам, принуден си да купиш нешто што не ти се допаѓа Среќа што сум дома. Хеланки , маичка. Кога излегувам исто. Не се нормални со цени трудничките бутици и ништо посебно нема. Купувам од ваикики. Сега имам свадби, матура што ќе се носи , тоа ме мачи Значи нема ништо, бев зара, манго цел сити мол во неделата. Најпаметно да сошијам имам материјали од свадбата, ама ниту знам каде, а и треба на проби да се оди
Јас сум на рупурут секој ден. Ја прашав докторката, и рече ако ти помага земај ама по 1 на ден. Делува дирекно на желудникот, па воопшто не иде до бебчо. Него мешиња што сте дома, како се справувате со досадата. Јас да сум сама ќе имам обврски ама во заедница не стигам ништо да пипнам. Многу ми е досадно. Отупев веќе.
Овде па и нема бутик за трудници. Купив хеланки, панталони со ластик, имам едни фармерки со низок струк, таман ми се си го носам. Блузите уште ми се фаќаат. Да се потстопле малку па фустанчиња ќе си купам, некои обични за до град. На свадба сум и јас сега во јуни, во септември пред пораѓај исто така, овие две се сигурни свадби, мислам дека уште две ќе има, ама не сум баш сигурна точно кога. Сега во јуни планирам да и' дадам на мајка ми материјал, имам од свадбата, а и свекрва ми ми даде еден убав материјал, па ќе шие мајка ми фустани.
И јас сум цело време во хеланки од вајкики си купив два пара плус едни пантолони и неколку маички. Сега во петок сум на прослава со клас на многу години од матура цел гардеробер го растурив и најдов еден црн фустан сечен под гради супер ме збира нема да купувам