И јас си се дотерувам сакам да ми се гледа мешко не сум од оние трудници со широки фустани за 10 броеви а и си се шминкам за излегување
Сите ко модерни трудници ми личите, најубави . А зар ако си труден не треба шминкање? Еден ден без шминка на работа го немам поминато а нема ни да го поминам, не нападна ама нежна, пудро, моливче, римел, сјај... убавини.
Moderni ami kako haha.Jas bez sjajce na usta i maskara ne pamtam da sum izlegla od doma.Cesto i tus.Toa mi e zastiten znak.Stanuvam sabajle si se sreduvam i obavezno toa.Ritual mi e.Ne obozavam mnogu pudrista i kup sminki.
Мешиња и јас си се шминкам и сакам да сум дотерана ... Додуша гледам и удобно да ми е и да не го стегам мешето (иако сум 15та недела и не е којзнае колкаво ама претходно ми беше залепен за грбот па сега фармерките не ме запетлуваат) Од шминка користам што и претходно пудра, туш, маскара и кармин ми е обавезно Сите сме модерни и прекрасни
@eli25 bpd е обемот на главчето т.е. најголемиот дијаметар на главчето. Треба попрецизно мерење за да се погоди точно колкав е дијаметарот, а со тоа и староста на бебето. Не се грижи, можеби не е измериле добро докторот, а можеби и малку му е помало главчето, знаеш не се сите деца раѓаат исти, со исти димензии, тежина, должина. Штом се друго е добро и др. не рекол ништо не се замарај.
Само тоа ме спасува, ама лошото е што јас си имам една бубачка во глава. Исто не облакам на барем 5 дена разлика.
Внимателно само, без да јадеш нема излегување, и нормално шишенце вода цело време со тебе. Може од времето да ти е, ептен е променливо последните денови. Може притисокот има врска, јас пак сум тотална спротивност, скоро цело време ми е 90 со 50. Се зафркнав два-три пати, излегов сама претходната недела и сега во понеделникот, па после едвај си дојдов дома. Сопругот на терен во друг град и ептен испаничив што немаше кого да барам. Си ветив дека нема да искачам сама повеќе, ама пусти мерак да купам нешто за бебушот. Плус викаат убаво било да се движиш последните недели за да се породиш полесно. Епа ај движи, ама што да правам кога не можам
Сега гледам исто било и на претходното ехо пред 3 недели. Да не си раат. Сигурно ќе кажел да имало нешто......
@eli25 раат јас што викам блажена била оваа состојба пред многу години сега со овие сите испитувања сме под голем стрес цели 9 месеци. Вчера докторката гледа на ехо и вика, кратки нозе и јас таква за момент се испаничив викам чекај како кратки нозе што значи тоа. Вика ништо де само има кратки нозе не му се долги, господи боже и они некогаш не помислуваат како ќе се изразат
@Zaljubena111 и мене за нозете исто ми кажаа , бутната коска била за 1 недела помала . Од памет се извадив.
@mariz тебе колку што се сеќавам и железото ти е ниско. Само внимателно да не паднеш некаде. Јас хеланки си имам купено фармерки наследив три пара. Маиците и кошулите повеќето си ги носам од претходно. Купив едни пантолани за на работа ама сакам една црна сукња трудничка и уште едно фустанче и таман за 5 дена да сум покриена. Инаку и јас си се средувам за на работа исто како и до сега. Коректор, моливче, римел и карми за до првото кафе
Кај мене па ако се друго е 15 недели, тоа е 16 недели и некој ден. И првото беше со големо главче, така ке биде и ова изгледа, баш и докторката се насмеа на контрола бев 12 недели, а главчето беше 13+, исто и сега кога бев беше за една недела повеќе еве баш сега проверив од минатата бременост во 32ра недела, главата одговарала за 35 недели.. и цела бременост била 1,2 недели така повеќе. Гени се во прашање.. не е страшно како и да е провери си низ другите извештаи, таму како било? @Ano последен пат 16 ми беше, го кренав со сируп... освен ако не паднало сега пак...
Мислам дека е нормално. Кај мене на сите контроли контролните мерки варираат 5-6дена. Неможе да се сите мерки до ден поклопени. Затоа врз основа на нив на сликичката од ехо има просек по мерки и старост по циклус.
Не, моево одговара точно на неделава, ама ќе било ниско , нема да е манекен/манекенка . А другото повисоко
@mariz тоа и барав. На ехата кај матичен е се ок , плус минус 2,3 дена а во ремедика последните 2,3 контроли само бпд е за недела и некој ден поназад. А докторот рече се е во нормала, ова дома го видов.
Само полечка и нејадена никаде не тргај, посебно сега на жешково ќе биде интересно. Инаку мене железото ми беше 8, (јас цел живот сум анемична и затоа така ноншалантно си ја сфаќам работаоа) на моја иницијатива му кажав на матичниов провери ми крв, дај нешто за крвта, железото не бива ова и ми даде Хеферол, не сум проверила какво ми е 2 месеци веќе... а треба да одам да видам, ич не ми се оди на контроливе преку глава ми е коа јас сама си кажувам што да ми дадат, крв да ми земат и сл. Затоа во ск си следам поважните работи во бременост.
Постојат едни мерки кои што се стандардни да речам за сите бебиња и по кои се водат сите матични. Тоа се теме-тртица должина, обем на главчето и стомак, должина на фемур т.е. бутна коска кои во определена недела имаат определена должина. Но на раѓање не се раѓаат сите деца исти. Обем на глава на некое бебе може да е 31, а на друго 34 пример. Тоа зависи од многу фактори, од гените, животниот стандарт на мајката, од пол, раса не знам што друго. Така да нека не ве загрижува ако нема совпаѓање за одредената старост на бебето, недела или две ништо не значат. Можеби звучам како некоја учителка ама навистина не сакам да се вознемирувате за непотребни работи. Еве ја мојата пак беснее, видов сега преку маицата ми се поткрена стомакот, пак на истото место ме удри 2 пати. Лошачка на мама.
Мене на секој преглед едино фемурот бега недела, две понапред, др. вика ќе има долги нозе. Стомачето и надлактица се секогаш тука со мерките се совпаѓаат со неделите. А ова со bpd секогаш различно гледам на секое ехо. Во почеток се совпаѓало со неделите дури има едно мерење каде е понапред од се друго. Па исто, па сега поназад . Баш ќе прашам следно. @forumce ти мед. лице си? Гледам ги разбираш работиве
Јас никогаш толку детално не ги гледам мерките. Гледам општо тежина, должина и толку. Доволно ми е кога лекарот ќе каже дека се е ок.