И јас исто не гледам детално, без потреба ќе се замарам ќе трошам време ако ми каже лекар дека се е ок. Сами некогаш си ствараме некои погрешни слики слушајќи, читајќи и сл.
А може и сега да отидеш на друго место да ти покаже разлика па плус денови, може така го фатил докторот главчето, куцнал поназад или сл.. како што приметувам докторката прави пауза ако ја начека главата убаво и стиска па влече круг и неколку пати да фати различно, различно ке покаже... не се грижи јас сега дознав дека таа мерка е за главата, минатата бременост поима немав ништо хахаха
Немој да мислис за тоа дали пократки или подолги нозете биле или незнам сто со мерките. Се зависи како го мерат, од каде е земена почетната точка. Секое дете по раѓањето различно си расте. Некои колку мали се родиле, потоа огромни израстиле и обратно. Нека е здраво и живо, тоа е најбитно.
@Stara точно ни малку не ми е битно дали ќе биде високо или ниско, дебело или слабо. Само нека се родат и бидат живи и здрави, други ништо
Мамички, јас сум се родила малку повеќе од кило и пол. Кога мм ме побара за жена немав ни 40 кг. после тоа се поправив 10 кг. така да килажата не е толку битна кога ќе се роде бебето. Брат ми исто мал се роди, ама сега да го видете колкав е. Воопшто не ми е битна тежината, и јас и мм сме ситни и не очекувам дека бебето ќе ни биде големо.
и мене воопшто не ми е битно колкаво ќе се роди бебето. Кога ќе ми кажуваат толку,онолку јас само им одговарам битно да се роди здраво со се на број,а и мало да е ќе си порасни.
Добро утро мешиња. Од како станав ме боли главата толку многу што ме тера на повраќање. Од сабајле се некои црни мисли ми идат во врска со пораѓајот . Па што ако се случи ова , што ако се случи она и како во депресија да сум . Мм е на работа сама сум до 16 , затоа и тука го пишав тоа морав да се испразнам . Имајте убав ден.
Ништо нема да се случи, ич не му ја мисли на "глупости". Единствено ќе се случи да си добиеш мало, слатко бебуле ♡
Иста сум и јас, се некои црни мисли ми се вртат , како ќе поминам на пораѓај, дали ќе биде добро бебето, и уште 10000 дали и како. Одвај чекам да поминат уште овие неколку недели
Изгледа како ни се ближат термините сите стануваме параноични Исто се чувствувам и јас. Свесно размислувам на сите слатки работи што ги купивме за бебето и колку ќе бидам среќна кога ќе го држам в раце, а од друга страна потсвесно цело време размислувам што ако нешто тргне наопаку... Запомни дека секоја родилка е приказна за себе, фокусирај се на крајниот резултат, и не отварај веќе во темата Породилни приказни јас престанав, ќе отворам да споделам искуство кога ќе дојде време. Релаксирај се последните недели, поминувај повеќе време со сопругот и само позитивно
Баш како што опиша така се чувствувам . Од една страна пресреќна кога купувам работи за бебе , кога ги средувам , а после ќе ме фати некое лошо чувство и некои лоши мисли и се тоа потсвесно си работи.Ќе го послушам твојот совет . Фала на сите мешиња што ми дадоа поддршка.
Девојки доколку имате мака со болки во мускулите да си земете ICE POWER GEL. Го зедов за мм, аптекарката ми кажа дека е безбеден за трудници, а и во упатството пишува. Две вечери со ред ги мачкам нозете пред спиење и конечно станувам без болки.
Јас и денес турбо по чаршија си се дотеравме и си излеговме со синко мој си купивме поклон за татичко денес ни е годишнина од кога сме заедно и сега кафенце пиеме и слатки правиме кога сум излезена на ништо не мислам и денес си гледав колички да ја средам спалната па полека ке почниме да се спремаме за синко
Добар ден уф денес се изнашетав со синко низ маало на љуљашки, во двор, на улици, дома жената што ни чисти беше, па раат ослободена од тоа.. што ми е убаво сега ми светка, ама до кога... Леле многу депресивно се осеќам, се некој на живци ми оди, вријам во себе, а се истурам на мм и жал ми е после... сирот ме трпи, му кажувам и после таков период на жути минути извини не сум ова јас, неможам ни јас да се поднесам само ми се плаче... се надевам побрзо ке помине. @Belabelinakinder нека ви се множат годините заедно Јас утре една крвна слика ке правам, па да закажам за тироидната, да одам до банка да поднесам за нова ел.картичка, па до факултет.. сакам три предмети да земам да полагам, имам уште 6 за до дипломирање и ги влечкам, не одам на полагања, за тепање сум го пратив синко со дедо му до продавница, го чекам да дојдат па да го земам пак за шеткање, на роденден сме неделава па да земеме подарок Денов помина мешиња, така да убава вечер
Доброутро Изгледа ние икаме, веќе неколку минути не е како клоцање нежно ми подрипнува стомакот на едно место до папокот без престан. Тоа е? Мене ме испокара мојата др. дека мн. килограми сум качила ( по моја вага 10 до сега, таму ниеднаш не ме мереле) , па ми забрани благо никако, грицки бадеми лешници да намалам повеќе на овошје, салати, бели пецива никако Инаку за ова бпд што ве прашував, значело само помало / поголемо главче, генетски нели, битно било обемот на стомаче да не доцни многу. Исто како што кажаа мариз и форумче.
@eli25 Бебето ика тоа подрипнување на мешето е од икање. Често и јас така го сеќавав, но на почеток мислев клоца. Ама не, сосема е различно, може неколку минути во кратки интервали, на исто место да скока мешето...си ика бебето. Јади си се, не туку мисли здебелена или сл. но внимавај на одредена храна како што рекла докторката, што не значи дека целосно да се откажеш од таа храна. На бебето се му треба, се му се јаде