Кaкo штo ти бaрa душaтa тaкa ќе јaдеш (секaкo aкo немaш шеќер или хoлестерoл) сaмo мaлку пoвеќе движи се. Зa килoгрaмите ќе се мислиме пoсле пoрoдувaњетo. oвa зa бебетo штo икa
Мешиња како сте ние тераме 28 недела ,засега се е он,како сте на жешково,јас почнав на нозетекај зглобовите да отекувам па и притиокот ми е се 100 со 60 последниве денови, но да не се жалам подобро вака отколку висок убав ден
Цела недела и повеќе мртва уморна сум. Луѓе со по 3-4 часа сон сум и турбо обврски. Навечер легнувам кај 11-11:30 и веќе во 01:00 часот будна сум и така дремам до кај 03-04 часот, ќе заспијам и алармот за на работа во 06:30 звони Немам душа веќе. И малава попладне захтевна е се нешто бара, сака да шета... Кога јас со неа, кога ММ ама не можам повеќе. СОН ми фали Се ме нервира веќе, живци немам. Едвај чекам викенд да дојде да одиме кај моите, ќе се затворам во соба 12 часа нема да излезам, само ќе спијам.
Добро утро мешиња. Ние денес почнуваме да го ситниме седмиот месец, 27ма недела. Моево бебе е многу активно цело време мрда па неколку саати спие па пак клоца и така во континуитет инаку јас се здебелив 8 кг уште на скринингот во 23та недела бев толку и сега овие недели стагнирам само 500гр сум ставилат, така да 8,5 кг до 27ма недела не звучат многу страшно денес ќе одам на клиника да мериме д димери. Се надевам дека ќе биде се во нормала.
Феминки и идни мамички ви посакувам убав ден, мислете на бебињата и тие на вас. Верувам дека ја чувствуваат љубовта која ја имаме уште пред да се родат.
Добро утро мешковци, јас се уште во кревет. Касно легнувам ама па и по 100 пати за во вц станувам. Убав сончев ден ми стои денес
@iki26 и јас навечер се будам по 2 до 3 пати за во тоалет, а за на работа станувам во 6 :30 и кога се враќам дома се осеќам преморано. Одмарам малку и пак нешто во акција.. а и стомакот ме боли како пред циклус овие денови и со расположението сум променлива како времето Едвај чекам да одам на преглед, се надевам следната недела ќе биде. Него кажи ми до кога планираш да одиш на работа? Јас си викам додека да влезам во 9ти здравје ако издржам и ако е се како што треба дека не сакам после да седам помалку време дома со синко.
Јас планирам до 8 месец да одам нс работа-дека близнаци носам и плус дома уште едно зверче нема да имам сили повеќе да одам. Ако се осеќаш добро и се е во ред оди до кај 37-38 недела и отвори боледување, спремај се дома на раат. Болките нормални се не се плаши се ќе биде во ред.
Еден совет за килограмите од породена веќе трудница... За сите кои трето тромесечие им се паѓа цело лето,внимавајте на исхраната најмногу се качува килажа баш во последните месеци јас бев 30+ на пораѓај и цела отеков со притисоци. Летото не е воопшто лесно толкава. Само најдобронамерен совет Чувајте се
Добар ден Ептен ме израдува крвната слика, се е супер 4.7 глукоза, железото 18 не внесувам ништо за железо, освен Премама витамините.. малку има таму мислам е друго ме загрижи, мокрачата... и тоа првата мокрача ја заборавив дома и едвај таму мочнав малку... а видете леукоцити, бактерии чуда.. мора да правам уринокултура, вака проблем немам ни пецкање, ништо леле се јавив сега имам кандида и уреаплазма на брисевите
@mariz направи си уринокултура ти пишува горе и многу заматена. За уреаплазмата ќе ти даде антибиотик. Ама многу е без врска
Каде правеше брисеви? Мене за уреаплазма ми ги згрешија во микро иологија па прав ев во институт за јавно здравје
Јас изгледа уште не сум свесна дека сум бремена. Одам прееска до жито маркет да си пазарам и на каса имаше неколку луѓе пред мене си застанувам нормално во редот и касиерката ми вика: можете да чекате? А јас неколку секунди дур да процесирам што ми збори зошто да не можам, таква зачудена и викам: молам? И таа пак дали можете да чекате да ве услужиме веднаш. И јас дури тогаш укопчав викам: ааа не не во ред е ќе си почекам хахаха.
Ја имав во 8ми месец минатата бременост, ама тогаш имав и страшни симптоми.. сега ништо, на време сме ја откриле... можно е да е таа и во мокрачата... мокрачава па и втора ми ее замисли, уффф @Butterfly87 матичната ми зема, они незнам каде ги носат...
Браво, ова е до персоналот Мене во Гранап ми земаа ред, а убаво ми се познаваше стомак, збориме 6-7 месец. Култура, што да кажам. Ова и мажи и жени ми го правеа
Како и да е имам многу бактерии и во мокрача, ако е еден ист антибиотик сензитивен на двете работи, одеднаш да ги лечам со ист... ама резултати за урина тек пон ке имам ако правам денес...
Исто, ми покажа кламидија и уреаплазма, ова во 12та недела. Прежалив не знам колку пари беше и ги повторив во Авицена, чисти беа. После кога ми се скрати цервикс правев уште два пати на микро ама добри беа. И јас би проверила пак за да не се труеш за џабе и ти и бебето.
Јас да ве известам бев на преглед , цервиксот е супер 3.9цм . Со бебче си е се во ред 990 гр е . Фала му на Господ .