Мене ме тераа во Чаир да правам и крвна слика и урина. Баш ставав утрогестан, не ми беше прва урина сабајлето и покажа се и сешто, ми се запнаа дека имам цистит, а јас ништо не осеќав. На крај направив и уринокултура и си остана стабилна 48 саати. Не брзај, провери си прво, 2-3 дена се во прашање, било за брисеви било за уринокултура.
@mariz и јас имав уреаплазма на брисевите во прво тромесечие, ја лечев со антибиотици и вагиналети Еритромицин. Еве сега после скоро 2 месеци од терапија повторив брис и чисто е нема ништо. И друго, на тие шо имате проблеми со цервиксот, на колку време правите контрола?
Прошлиот пат и мене урината (исто втора ми беше) покажа бактерии , леукоцити, немав симптоми уринокултурата излезе чиста. Брисеви само приватно носам од недоверба кон државните. Не е лошо само уреаплазма да си повториш. @SophiaBella мене кога ми се скрати на почеток на 2 нед. одев. Сега последно беше ок и не мерам. Др ми рече зашо непотребно да те гледам освен ако немаш болки.
А за бактерии ако има ќе покаже прво на мокрача ,па одпосле уринокултура , така нели? Дека јас ако ми е се во ред кога испитувам мокрача заедно со крв не правам уринокултура. Или грешам?
Во врска со проверката на цервиксот, според препишаната терапијата ќе ти каже матичен гинеколог за колку време да одиш на контрола. На пример, јас прво одев еднаш неделно, потоа кога ќе завршам терапија за 15 дена.
Ајде после ке одам кај матичната да ми каже и колку ја има, може мал процент е сме ја фатиле на почеток... исто и јас ја лечев минатата бременост со Еритромицин и со една доза пиење ја излечив. Се загрижив малку зашто некако кандида, уреаплазма, леукоцити многу во мокрача, бактерии... ке правам после во ремедика блиску ми е.. една уринокултура. А брисеви ке се договориме со матичната, немам стварно некои симптоми опасни.. ептен малку исцедок безбоен, без мирис.. едино болни односи имам и не му давам на мм периодов може ете тоа е симптом... Мада мислам хормоните малку леви ми се
@mariz не се води по бактериите покажани на "обичната" мокрача. Мене ми се случувачо, а сепак уринокултурата била стерилна. Многу е битно како се остава урината. Има убаво објаснување на страната на Авицена. Задолжителна е тоалета на интима пред да се остави примерок и никогаш не се остава првиот млаз, туку следниот.
Некако мислам дека сепак има бактерија, бидејки се туширав 20мин пред да одиме... а и минатата мокрача пред 1,2 месеци имаше 20+ леукоцити, но дека немаше бактерии не ми даде уринокултура да правам. Најдобро да повторам брисеви, да направам една уринокултура.. па да пијам антибиотик. Нема да има проблем 4,5 дена без антибиотик ако имам сепак нешто? Страв ми е...
Дали има бактерии во урината зависи и од други параметри на крвната слика. Кога бев болна, ми се јави на мокрачата исто како кај тебе ++ за бактерии. Јас одма оставив мокрача за уринокултура, без да го консултирам докторот. Тој ми кажа џабе сум правела, се гледало дека другото е мирно и ми вика - гарант ќе немаш ништо на уринокултутата. И така би Од тогаш, оваа обичнава урина не ја сметам за нешто битно. Да се гледале така лесно бактерии, немаше 48ч да се "садат" бактерии за да се види присуство кога се прави култура.
@mariz и јас имам уреаплазма во брисевите и ќе ми даде антибиотик ми рече. Брисевите сама ги носев на клиника на микробиологија (спроти министерство за здравство) можно е ли да ми се грешни ? инаку не се секирај јас брисеви правев во 10 недела, и ми најдоа уреаплазма, а докторот ми рече дека дури во 16та недела ќе ми даде терапија ( сега во понеделник) и ми напомена дека во рана бременост оваа бактерија не може да направи никаков проблем.
@eli25 и мене матичниот ми вели нема потреба толку на често, дека се е ок, а и од многу чести проверки може да дојде до инфекција. Ама јас немам мир, кај ќе издржам 3 недели до нареден преглед, само таму ми е умот. @mariz да знајш ако веќе пиеш антибиотик, мора да чекаш најмалку месец, месец и пол да помини од терапијата, за да имаш после веродостојни резултати од наредниот брис. А за мокрачата, прво ако има бактерии не мора да значи ништо, можи од самиот допир на чашката да покажи, битни се леукоцитите. Ама еве и кај мене имаше леукоцити, а уринокултурата беше чиста. Е сега кај мене можи биле покачени од воспалението со песокот најверојатно, ама не мора да значи дека ќе имаш бактерија. Ајде без грижи се ќе биди ок. едит: @mariz И јас симптоми немав никакви за уреаплазмата. Од август се борам со неа.
Па ако си немала некои особено симптоми, можно е ете. Јас во 8ми кога правев ги правев и приватно... ама страшни симптоми имав, плачев дома буквално.. чешање, печење, не бело прање... урда (грдо е да ама морам да опишам некако). Еден куп... затоа сега ме чуди да ја имам пак, без некои особено симптоми. Јас ке и спомнам на матичната да повториме уште денес брисеви.
Мене сега сестрава што работи кај матичниот гинеколог ми рече по тел аууу што е бре ова секоја втора со бактеријава, искрено приватно ке правам после.
Да во Ганеш, кај Серафимова.. таму ке правам и денеска, 1500ден се и ги носи во авицена она матичниве врска немам каде ги носат...
2300 се приватно со уринокултура 2600 мислам , сите 4 брисеви. За во Авицена. А еден брис сигурно е околу 800,900.