Убаво објаснето,не сум ги знаела овие податоци. Фала многу. Оваа бременост и јас прв пат ги пијам, може затоа сеуште немам болку во куковите и сл. Со првата бременост пиев од тој магнезиум со б6 ама не ми делуваше многу, болките едвај ги истрпев. Thankss
1900 мг е магнезиум цитрат. Организмот го преработува така што се ослободува само 300 мг, останатото во форма на цитрат се исфрла. Се што е врзано за цитратот се исфрла како вишок. Искрено, од другите препарати на магнезиум не сум имала бенефит, а пиев по две-три, со што вкупната доза надминуваше 500 мг, а со МагЦитра не осеќав потреба за повеќе од две, а некогаш и само едно пиев.
Еее така фала Секогаш кога ке пишеше Ики 1900мг магнезиум се чудев, сега ми е јасно. Тогаш чим го фалите толку и јас нареден пат таков ке земам, имам уште таблетки 250мг, по две пијам.
Ги има во Еурофарм, 825 ден. се. 60 таблети, за месец дена, некогаш и за помалку се трошат, ама зависи, јас некогаш пиев две, некогаш една, некогаш три. Ама не пиев две наеднаш, немав потреба за толку многу. Во бременоста потрошив кутија и пол, почнав да ги пијам покасно, дотогаш пиев магнезиум на Natural Wealth, не видов бенефит од него.
И мене многу ми се чинеа 1900мг магнезиум па затоа видов на нет, си викам нема шанси толку да содржи чист магнезиум. Мене ми помага оној со б комплекс што е. Го пиев и пред бременост, имав грчеви во мускулите, после 3-4 пакетчиња ги снемуваше. Сега во бременост го земав, па престанав и почнаа пак грчевите и болките, па затоа си купив и еве сега ми е подобро.
За 300мг се пијат две таблети така? Скап ама штом е толку добар јас да ги допијам овие и тој ќе го купам.
Магнезиум и Б6 - јас пијам за таков немир, всушност за синдром на немирни нозе. Ги пијам само кога имам потреба инаку не. Незнам дали мора магнезиум да се пие? Ете кога имам некои грчеви или нервозни нозе пијам, но друг пат не. Ве молам споделете искуство за магнезиумот?
Добар ден и од нас денес бевме на контрола се е во ред синко е добар 730 гр е 25недела сме го прашав докторат за болките десно и за тврд стомак рече дека е нормално don't worry be happy
Мамички како се справувате со болки во нозете. Мене веке почнаа да ме болат, на килажа до сега 23 недела имам качено 7 кг, но тоа за мене е многу со оглед дека цел живот сум имала 50кг . Ми спомнаа да почнам да се мачкам превентивно со крема за попуштени вени и капилари. Дали имате некоја да ми препорачате што е ефикасна и што ке ми помогне и при болкиве. Позз
Феминки до кога најкасно смеам да го пијам магнезиумот, еве јас сум 39та недела, го пијам 2 пати на ден, ама болки имам многу и насекаде, стомак, препони, карлица, колкови, веќе едвај се движам, цела ноќ не спиев, а сум мртва уморна, дури сабајле накај 7ч. заспав. Не знам дали потсвесно паничам, па вака се осеќам. Си поплачав сабајле, без причина онака