Не можам да кажам зошто мислев дека е главата на бебчо. Кога опишав на др. рече тоа е тоа, контракции. Ама секогаш осеќам од десна страна. Сигурно 3,4 пати. Денес се случи исто ама многу мрдаше се испакна и пак почна да мрда. Пак незнам дали тоа е тоа
Ах како ќе се издржи, само паники, страв во коски. Па и денес цел ден ме боли лево долу кај препонот, клукање, тапа болка немам појма, ама се ме плаши
Исто и мене ми се случува. Скоро секогаш на десната страна, ама јас мидлев дека бебо се врти па затоа е така. Среда сум на контрола па да видиме што ќе речат. И папокот ми е модар и стомакот почна стрии да ми се прави иако се мачкам со се што сум слушнала, ама таква ми е кожата од секогаш. Имам 1000 прашања во главата, дури се породам таман ќе обелам целосно во косата
Девојки и јас имам такви безболни стврднувања на стомакот. Легнувам на лева страна и ми поминува. Си викам нормално е. 29+5 сум. Инаку сабајлево малку се исплашив. Почуствував како да ми е затнато грлото и исплукав чиста крв. Можно е да ми течело ноќта од нос и да ми се слеало во грло дека спијам на високо. Ама не знам...
Мамички од вчера ве читам за стврднувањето на стомакот, исто е и кај мене ама јас си мислев нормално си е, а јас плус и болки имав неколку дена како пред циклус и се испаничив сега Кај вас барем нема болки. Јас утре сум на контрола па ќе му објаснам на докт. што и како чувствувам и да видам дали и мене истото ќе ми го каже. Изгледа е нормално овој период да имаме лажни контракции... Да се надоврзам... и мене денес ме клукаше долу кај лев препон, а и навечер кога станувам за во тоалет позади половините ме штрекаат. Уште сега почнавме да си се жалиме, а цело лето е пред нас , којзнае уште за колку работи ќе паничиме.
Препони и мене ме болат, исто и карлицата. Нормално било ми кажа докторот. Заборавив да ви кажам дека др. ми препорача да пијам магнезиум, јас му кажав дека веќе пијам, вика добро штом ги пиеш.Исто така осеќам и како менструална болка, ама многу мала и кратко трае. Мислам дека џабе стресови си правеме, нормално е.
Јас не сум ни сигурна кај е ова болка денешна. Малку подесно од препонот, или малку погоре, не баш на препон. Можи кај јајник . Не знам, не можам да осетам точно. И ме клука. Ме стега болка тапа и ме пушта секундарно, по некоја минутка пак. Така ми е цел ден. Како клукање. Се напив и магнезиум залудно, пробав и положби да сменам ама не застанва, еве веќе со саати, насекое. А пак стврднување баш сега немам никакво. Само таа болка.
А ти да појдеш на лекар да им кажеш се, да не чекаш уште 2 недели, вака психички уште кој знае што ќе осетиш. Види си го бебчето слушни му го срценцето и после ништо нема да ти биде. Ова од искуство ти кажувам.
Мамички, морате малку да се опуштите. Болките се чуствуваат, нормално е. Ако се мислите за секоја болка што ја имате, ќе искинете нерви. 29та недела сум, и мене ме фаќаа паники. Доколку сметате дека треба да отидете на гинеколог, подобро е да идете отколку да се мислите постојано. Сепак самата интуиција ќе ви каже дали е нешто не во ред со бебчето. И не гледајте многу Јутуб видеа и не гуглајте артикли. Поголемиот број се напишани за собирање на кликови и промовирање страни и огласи останете само на форумов, кога сте во недоумица - идете на преглед. Останатото време, уживајте во бременоста, иако не е лесна ве гушкам и праќам љубов! Посакувам се да е во ред кај сите! @iki26 и мене ми течеше така посебно во второ тромесечие. Целосно нормално, зголемен доток на крв и пукање на капилари. Доколку е само на секнење секако. Ако ти тече крв постојано, во млаз и без секнење, тогаш прашај доктор. Пробај да не го надразнуваш многу.
Со првата бременост болки 0 ама ништо баш ништо ни магнезиум немам пиено а сега баш вчера осетив благи како менструални болки во стомак и позади во кичма а ги имам заборавено скорЗ бидејќи после првиот пораѓај мене ми прекинаа менструалните болки може само глава да ме боли малце и бебето баш ме клоца во бешика ) тоа одамна ме боли не од сега џабе се паничиме само ))нормално е да не боли и да кажам ме факааѕ грчеви бог да чува баш на препон...
И мене најчесто на десната страна од папокот, некогаш и од двете страни во исто време но поретко. Мене ме фаќа сигурно 5-6 пати во денот, ама мислев дека е бебе и немам му кажано на докторот. Ама пак ставам рака на меше или се вртам на лева страна и поминува. Ова ми треае сигурно од 18 недела најмалку, сега сум 24.
Сега ги изчитав последните 2 страни , кажи речи кај сите го има ова стврднување . Па малку да ве опуштам , пред некое време ептен се исплашив дека мислев контракции 300 филмови лоши и ми дадоа упут за емг на утерус ,бидејќи толку рано на цтг не се регистрираат контракциите . И бев и се излезе дека е со нормален наод . Значи не се контракции и не е ништо страшно . Повеќе стресови си правиме што мислиме само . Пијте си магнезиум ,б6 и уживајте . Ве поздравувам и ве гушкам . Добра ви ноќ Инаку мене ми се стврднуваше некогаш и по 10тина пати во 1 час , а тоа почна негде од 19 недела од кога и почна да мрда бебето посилно .
Мaмички денес бев нa дoктoр и прaшaв дaли е нoрмaлнo дa не бoли меше. И рече дa и тoa нaјчестo се бoлки вo лигaментите нa мaткaтa a истo рече декa не сaмo мaткaтa туку мoже целo меше дa бoли oти сите oргaни му прaвaт местo нa нaшите мaјкини мили бебињa тaкa дaaa се си е вo ред и нoрмaлнo
Ги мразам ноќите Од 01:00 часот сум будна и никако да заспијам. Врти се лево- десно се џабе. Ќе ја разбудам и малата и ете беља во 04:00 часот. И кога ќе ми речат уживај во бременоста се е супер, те мазат, те пазат... Искрено едвај чекам да се породам, иако е рано и немам проблеми во бременоста,ама ми се смачи секоја вечер да дежурам. И јас имам душа и сакам да спијам, и нормално да функционирам. А тек што ме чека после 25-30 недела можам да замислам.
И јас како тебе по цели ноќи дежурам,креветот го искршив вртејќи се и станувајќи.И порано не бев спанка ама сега па ич,ниту бедоксин ниту млеко помага,а што викаш ниту нешто ме боли освен киселини одвреме навреме ама не ми е несоницата од тоа.Не одам на работа ама по цел ден сум излезена и навечер шетаме и ќе поспијам 2 саати со лоши соништа и уште полошо ми е отколку да не спијам.Пробав денски да поспијам и тогаш исто кога ќе почне срце да ми лупа како некој внатрешен страв и пак станувам уште поуморна и нервозна.
@iki26 а да пробаш со камилица чај пред спиење , за опуштање и поубав сон . Јас кога ќе се напијам одма ме совладува .