здр мешиња страшно сум вознемирена. Ми кажаа чисти веце со глосс многу убаво чисти не мириса тплку и јас како глупава викам ај да пробам леле тоа мирис ужас еве сега отворив се прозори врати цела куќа ми мириса страшно мн ми е страв за бебето да не се случи нешто од што дишев аман веќе. Не фаќам веќе никакви средства си дадов збор
Напи се млеко, сум слушнала дека се пиело како за прочистување. И остави се отворено и ти излези на воздух. На крајот на краиштата сите мора да чистиме по дома, мислам дека полошо е ако е прљаво.
Со 31 полна недела се влегува во 8ми. Инаку малово мое нон стоп клоца бе. И ден и ноќ. Само ми сѐ мрда мешево лево десно. Ако биде вакво кога ќе излезе тешко мене.
Никакви средства, еве јас уште кога почнав да планирам бременост исфрлив све и со оцет и сода чистам, ако нешто баш мора тоа на мм му кажувам он да заврши .
Јас да си прашам, кога сте настинати каде одите на преглед кај општ матичен или гинеколог. Мислев ќе ми помини од само себеси настинкава ама не поминува се полошо ми е еве веќе 5 дена носот ми течи, очиве ми солзат, глава страшно ме боли имам топлотни бранови, можда и температура кревам немам термометар да си мерам, вчера се напив еден парацетамол морав.
@karibian излези на тераса дури не помине. Јас чистам. Ставам доместос и излегувам. Прашина со пронто. И мајка ми помага и мм , ама јас нетрпелива сум па ќе земам да чистам. Прозори само не бришам и туш кабината.Не усисувам и не џогирам. @orhideea јас би на гинеколог па види што ќе ти каже дали да одиш кај општ. На почеток општ прашував за носот дека нели мн. е затнат што спреј да ставам, рече види со гинекологот.
И доместосот е доста јак ама и ова ужас едвај излуфтирав а кога влегов да исплакнам хорор мирис страшно ама веќе не експериментирам
Здраво мамички денес забележав некој си бел исцедок на вешот што би можело да биде тоа и има ли место за паника или? Не е многу само како две точки а не нам никакви болки или сл. Имам преглед на 09.јуни да почекам до тогаш или треба веднаш да се јавам. На 26 влегувам во 6 недела Секој совет е добредојден. Имајте пријатно попладне.
Немој вакви бељи да си правиш. Ако веќе немаш кој да ти помогне и сама чистиш со јаки хемикалии обавезно маска ставај. Колку и да не мириса живи отрови се. Од еднаш нема да ти е ништо, ама внимавај. А сега како што ти кажаа млеко или јогурт. Мислам дека помага за токсини.
јас имам чистено со глос , отварав прозор, врата, промаја правев и ставав маска или крпа додека напрскав после за плакнење се вракав само, но сепак пак го осекав мирисот. не се грижи ништо нема да му се случи и јас вдишував па родив здраво право дете. Сепак ако може некој друг нека ти чисти, јас тогаш бев сама , мм во странство и немав избор морав јас..
Инаку денеска бевме на контрола. 24+6 синко е 670гр. Пораснат е многу. Само со газот е надолу свртен. Затоа ниско го осеќам кога ме клоцка. Главчето му е баш околу папакот. Инаку ја прашав докторката за стврднувањето и ми рече дека не секогаш се контракции. Сепак и при движење на бебето, ако се превртува може да се оптегне местото. Баш кога излегов од преглед се размрда и ми се оптегна мешето баш каде што му беше главчето кога го гледавме на ехо. А за стврднувањето ми рече да си пијам магнезиум редовно три пати на ден. Нормално ако осетам многу јако и често, на контрола. Ве гушкаме