Добро утро женски! Денес значи, со полиција станување од кревет. Какво е временцево пријатно, ладничко, душа дало за спиење. Колегава ме гледа, вика со кој памет си станала од кревет сабајлево, како вампирка си. Е супер, нели трудните треба да се убави, јас личам на вампирка! Во четврток одам за брисевите, 16 недела е последна кога може да се земат првите брисеви, и јас баш тогаш одам. Не ме карајте дека сум неодговорна, работам на едно лудо место каде што не ми даваа слободен СААТ за да одам да ми земат брисеви. Последните што ги правев кратко пред да останам бремена беа ОК, па затоа докторката дече до 16 немаш гајле, знае сиромашката како ми е на работа. Ми го прекинаа боледувањето, па ќе ми дадат да излезам... Се чувам на труднилчо како ќе одам, мислам дека нон-стоп ќе бидат на телефон и така натаму. Нервози и пол. Имам огромна грижа на совест што си го мачам детето со толку нервози 8 саати дневно, ама што да му правам сирото, за тоа срценце работам, нема да стигнат пари ни од блиску ако ја оставам работата. Само да бидат анализите во ред, за друго не се секирам! Силни сме јас и беблак, се надевам дека тоа од мене го има земено, трврдоглавоста. Џанина, кажи колку е најпрекрасно кога ќе видиш мало срценце што трепка! Тек кога ќе го слушнеш, како брз воз има во несвест да паднеш. Јас си го имам снимено на мобилен и кога сум нерасположена ќе си го пуштам и знам дека тоа ѕверче расте во мене и се е во ред! Доста беше од мене,, ве удавив рано по сабајле...
Мамички да ве прашам последните неколку вечери додека спијам се бидам од грчеви имам многу не знам дали е нормално. Инаку сум 21 недела.
Се е ова нормално И јас бев многу нервозна во текот на бременоста и плачев за глупости Кутриот мм како ме издржуваше И за болките е нормално јас се плашев си мислев како е можно бремена сум но во секој момент мислам ке добијам но гинекологот ми кажа дека сето тоа е нормално на почетокот
нешто од сабајле тешкотии гадење повраќање .. ни ми се јаде ни ми се пие...... а на работа сум се надевам дека вие сите сте доброо
здраво. јас сум нова на форумот ќе се дружиме во оваа тема и во останатите ова ми е прва бременост па се ми е нејасно примам утрогестан 2 по 1, фолна и витамини
Ќе помине брзо, ќе видиш Инаку, јас кога ми се гадеше имав нон стоп на биро овошни тврди бонбони. Многу ми помогнаа. Пробај. Мерида, welcome
благодарам... ова со неделиве ми е баш нејасно мислам дека сум 6 недели бремена не 7 ама така рече гинекологот сигурно пресметуваат по шема, по некоја формула
кога бев јас на гинеколог ми рече дека сум 2 недели (сега веке трета ) а по калкулатор за пресметуванје ме извади 6 недели.... и сеа колку сум ???? последна менструација 16 мај... после менструацијата сум останата ............
Ddevojce пробај на овој линк, http://www.babycenter.com/pregnancy-due-date-calculator само стави дата на последна менструација и ќе ти пишува мамички , јас сум 5м, се мислам да земам шпиркзничиња за синчето и некои играчки, некои ми велат е рано од сега , какво е вашето искуство ? дали вие купувате или сеуште не ?
Па веќе 6 недели и неколку дена, значи си во седма гестациска недела. Мислам дека веќе неколку пати беше напишано и погоре дека бременоста се смета од ПОСЛЕДНА МЕНСТРУАЦИЈА, не од кога си забременил, бидејќи скоро никој точно не знае кога забременил, и заради сите тие испитувања и следења во бременоста се брои вака. Пример кога правиме скрининг за Даун.синдром во 12 гестациска недела тоа значи во 12 недела од последна менструација, ако отидеш во 12 недела од кога е зачнат плодот веќе доцна за тој скрининг итн... И за тоа бременоста трае 40 гестациски недели.
ви благодарам на сите, мамички. ние веќе го слушнавме и срцето на бебето. сега кон крајот на јули треба да одиме за откривање на први аномалии... какви испитувања се тие? на ехо гледа или има нешто посебно? искрено не сакам баш да одам по прегледи ама па кога ќе рече ова да видиме она да видиме како шубе ми е и одам.
^ Зошто рано? Што е важно дали ќе купи некоја ситница или не. Јас си имам едни чорапчиња кои ги купив на мм кога му го давав позитивниот тест, имам една глодалка од оние кои што се стааат во фрижидер за вадење заби како и некои ситници кои ми го прават денот. Сите ми се на ачик ставени, и си ги гледам, си уживам во нив. После со стомачиште да се шетаме во октомври и ноември, па и тоа не ми иде. Ние се спремаме едно по едно, најлесно е така!
Други прегледи за себе кога не си бремена скокај колку сакаш, ама бремена да прескокнуваш прегледи по мене е лудост. Нешто што тебе ти се чини мравка мже да биде слон и обратно, некој не случајно обмислил такви прегледи зависно од неделите. Се си е со распоред, и сите ги правиме, има тука едно чудо теми за тие испитувања, ти препорачувам да прочиташ.