Се извинувам, не на резултатот од брисот,туку на резултатот од крвта што ми ја земаа во исти ден. Се сум помешала. на него стоеше позитивен . се секавам матичната кога го виде се распамети, во истиот момент ме прати да испитам авидитети за да видиме колку е стара инфекцијата, за ако треба одма да почнам со терапија. Да имало нешто кај тебе ке ти потенцирал матичниот, така да уживај си.
На микробиологија кога ги носев брисевите ми земаа и крв за испитување на серуми за токсоплазма, цмв,херпес, рубеола.
Денес сум добро, пак се вратив во нормала, најверојатно ми се случи од премореност. Сега е фала богу е повторно како што треба, се надевам дека така и ке остане.Благодарам за подршката!
Само одмарај максимално и за враќање ако си нашла утрогестан обавезно пред пат да ставиш. Туку мамички имам малку грижа на совест. Вчера бев во Карпош за време на огнометот и сега ми е страв да не му наштетив на синко нешто. Цел ден сум вознемирена зошто се зезнав така.
И јас еден отворен концерт и огномет имам истерано во текот на бременост. Само пазев да не ме удрат по мешето и да сум топло облечена... Оти мислиш дека се зезна?
Па ми е жал да не го вознемирив. Иако читав дека си е заштитен во плодовата вода и галамата не ја осеќаат како ние. Тоа си викам и јас луѓе си одат по концерти и журки, ама некако незнам, може и емоција ме удри па си се насеќирав.
Фала многу, ме потсмири сега. Во право си за ова со емоциите, затоа и секогаш се обидувам да сум позитивна. Можеби немаше ни да помислам на ова, да не ме прашае некој дали смеам да сум на галам отпосле. Ај ќе си го галам повеќе да не се вознемирува и тој.
И јас да се пожалам од вчера мнгоу црни мисли ме маваат во глава. Имав панични напади ми се чини вчера. Си мислев шо ќе биди ако се породам предвреме. Се мислев дека не се осеќам сигурно на ниедно место овде, ни во државната болница, каде не знам ни дали епидурална можам да добијам, ни во Плодност ми се оди после оние стресови. Нема каде да се упатам ко ќе дојди денот. Ептен кршливо и несигурно се осеќам. Многу се плашам и од пораѓај и од болки и од третманот во болниците и од се шо можи да ми се случи. Најмногу се плашам од предвремено породување
Без потребно се секираш Сите не маваат такви филмови,верувај Ке се породиш како и сите ние,побрзо или побавно,полесно или потешко Битно е бебе да е живо и здраво Кога ке го имаш во прегратка нема да ти е битен ни третман ни пороѓај Уживај си во бременоста тие нервози не се најдобри за мешето твое
Инаку цела ноќ не сум спиена, што од тоа од мисли, од грижа досега никаков проблем, многу се исплашив и се загрижив Ама немам ништо бев во тоалет 100 пати и само се проверувам, ништо нема. Од што беше тоа.. А друго од ноќеска почна да ме боли грло, ме корне, не можам да голтам, цела ноќ лижев бонбони, па чаеви, компоти, гаргара со солена вода со тоа се занимавам цело сабајле. Дај кажете што можам да земам за тоа, што смеам? Само грлото ме кинеше од болка, ама еве сега кивнав неколку пати и малку се осеќам омалаксано. И си плачам
Немој да плачеш , бебе сеќава се од тебе . Немој да се секираш штом сега немаш ништо , најверојатно ти е од премор , некогаш и ние знаеме да претераме . Сепак за да бидеш мирна јави му се на матичниот твој и ќе видиш што ќе ти каже . Инаку за грлото само топол чај со мед и лимон малку .
Здраво мешиња. Денеска сум 38 +2. Од вчера добив таква енергија како што немав цела бременост . Вчера пуштив 5 машини за алишта , сама ги кревав ги спружирав , бришев прашина како споулавена во 23 часот , па пеглав и дури кај 3 легнав . Сабајле станувам во 06 наспана и пак си почнав. Денеска во план ми е да ги средам на бебе алиштата морам да си наоѓам занимација оти инаку мислите само ми бегаат како ќе биде породувањето , па ако ова , па ако она. Вака музика пуштено и само си работам , си пеам . Инаку утре сме на контрола да видиме бебе дали има план да испаѓа за брзо. Имајте убава недела мешињаа
@Вереничка мила мене мината недела ме болеше грло неможжев да голтнам ужас бев. Во аптека ми дадоа пастили од мед нештоо природноо се и ми помина.. Прашај во аптека ако те болии земии сии..
@iki26 ослободи се од работа ако можеш, оди дома одмори се убаво ,ќе помине . Напиј се и б6 да се смириш малце @SophiaBella незнаеш колку само исто си мислиме ме фаќа паника на периоди незнам и јас каде би се упатила и што ќе се случи ако се породам предвреме . Страшни мисли а знам дека не треба . На државна на гак предвремено родените бебиња добиваат мн убава нега и третман . Голем процент се , така да искусни се . Но се надевам дека се ќе биде во ред , барем 35 да стигнеме
Една недела пред да се породам ја имав таа енергија Прозори,завеси,абе цела куќа ја превртев Тоа е знак дека наскоро ке се гушкаш со бебе
И јас така нешто, само што сум 37ма недела и малку се изморив искрено. Уште да испеглам алиштенцата, ги исправ за бебуш и може да закажувам царски Со лесно нека е на сите.