@eli25 аман со тие стврднувања , сите ги имаме сите сме преплашени а сите не советуваат дека не е ништо страшно . Јас прашав моја блиска што е веќе 34 недела кажа дека уште од 20 недела имала исти такви стврднувања па не ни прашала лекар . Еве ништо не и се случило , се си е ок . Многу се грижиме . Јас дека сум дома и се нешто измислувам . Овие два дена бебче не мрда толку многу како предходните недела дена и малку сум загрижена , кај вас секој ден ли е исто? Се мислам да не заземало друга позиција сега
Ич не ми се облакаат панталони или хеланки ама некако ми дојде непријатно да го кренам фустанот и по гаќи
А бе поубаво од фустан нема.Кога ќе дојде време ќе ве гледа и вагинално а вие дали по фустан да одите Среќа што се стоплува и нема потреба од многу облекување, јас веќе си нарачав долг фустан и планирам да го носам на преглед кога ќе одам наредната недела.Плус сега откако е по топло ми отекуват нозете кај глуждовите па со фустанот ќе го покријам и тоа. Вие како сте на таа тема отекување на нозете ? Јас до сега немав проблем ама на по топло ми отекуваат кога повеќе време стојам или ми се спуштени.
Ееј бре, што има веза ако сме во фустан. Летоска кога стажирав во болницата, жени доаѓаа на цтг во фустан па 20 мин по гаќи лежеа, голема работа, не бива докторите не не виделе голи надоле. Ич да не се срамете, докторите не ве ни приметуваат. Едит: Јас кога сум подолго време на нозе знаат да ми отечат, не многу ама сепак се приметува, после кратко време се повлекува отокот.
Мамичкии, вчера конечно и татичко осети мрдање....ептен ми се направи мерак. И меше веќе се поткрева, вчера 2 пати приметив. Убавини, само тоа зборам по дома.
Јас мешиња веќе некое време пијам чат пат цеден лимон со топла вода и мед. Помага за повеќе мокрење и има куп предности.. читнете на нет за оваа комбинација. Не сум имала отоци скоро, а ги имав често. Приметувам разлика и во мокрењето, многу одам во веце Инаку на гладно сабајле се пие..
Мене последниве неколку дена почна да ми потекнува глуждот ама само на левата нога. Многу смешно изгледа едната тенка другата потечена нога ти која недела си?
@Capricorn Taurus 34 недела сум. Кога се движам знаат да ми потечат исто ама не толку многу како кога ми се спуштени цело време а не сум во движење.
Ехе срцка 34 недела тежината си го прави своето. Јас сум 28ма сега прв пат почна да ми потекнува но исто кога ќе ја кренам ногата се повлекува. Не сум многу склона на отоци не е алармантно. Ќе видам како ќе терам цело лето
Ве читам за фустаните , јас лично не носам фустани ама нема зошто да ви е незгодно . Некогаш и недепилирана ме гледат вагинално ич не се замарам
И јас имам мака со отечени нозе , почнаа од кај 33 -34 недела , а сега ми се цело време отечени и тоа многу 38 + 3 сум , се смеам му викам на мм да си ги сликам за спомен никогаш не ми биле волку големи.
Мамички дали некоја знае во 24 недела ако пример плодот тежи 500гр , колку плус би тежело плодовата вода. Дискутираме тука со колешки па секоја различна цифра дава
Не е многу? 1000 ми изгледа многу, а не два пати по 1000 пијам кога ке ми текне по едно од 500мг... периодов многу јагоди јадам, ми се регулираше и столица и се. Што ми е поубаво, само да трае Јас си ги имам сликано од минатата бременост и сликата остана во моб, а се во пц префрлам, најотечени.. какви ми се смешни без глуждови премногу отоци имав минатата бременост... нозете од горе до доле ми беа бранови, абе кога се породив одма нареден ден послаби, мазни...
Јок. 1000ка е нормална доза, јас 1000ка пијам. Кога ме фаќа настинка 2-3 дена ударна доза и ко нова сум.
Имаше една страна на фб што изработуваат вакви , сега не можам да ја најдам . Ако знае некој постирајте линк .