Мами, ај едно прашање. Долу осеќам нешто како притисок, како кога мн ти се мокри. Како да ме боцнува нешто, од време на време. Немам болки никакви. Што може да биде?
Ние завршивме со прегледот кај Петановски. Супер е бебчо си гледаше со очињата буден беше. Пораснал 1200 гр. 27+5 сум а тој повторно одговара за една недела плус 28+6. Цело време така си тера плодова вода доволно, постелката втор степен, цервикс затворен ми рече се изгледа одлично не сакам да те чепкам џабе вагинално. Инаку виде неколку лагуни на постелката ама мали и нема простор за грижа. Се на се ми рече одлична бременост 
Не немам само така од време на време ќе ме притисне. Си осеќам кога ќе мрдне, сега и горе осеќам веќе не само ниско.
Мешиња како и краставицата така и лубеницата страшна киселина ми направи, ме боли желудникот многу и ми се лоши, се напрегам да повратам и неможам. Што да се напијам да си олеснам?? Ах бе, а колку сакам краставици и лубеница треба во 20ч да одиме на вечера со битни пријатели кои ке си одат од земјава за брзо...
Здраво мешиња. Завршивме ние со прегледот , бебе е 3300 гр. Постелката е веќе зрела. Имам некои контракции ама не се болни многу и не се на исти временски интервал. Денеска ме прегледуваа вагинално и не беше болни ич докторот беше многу внимателен ии отворена сум еден прст. Ми закажа контрола за една неделаа ама незнам дали ќе издржиме толку.
Мешиња, јас бев кај општата матична, целите нозе и раце ми станаа црвени и топли на допир, па веднаш отидов кај неа. Некоја алергија е. Не верувам дека е од јадење, можно е да е од купката со која се бањав преска, мислам дека порано не сум ја користила. Докторката не смееше ништо да ми препише, освен Бетаметазон да мачкам, па ако не помине или се прошире ми даде приоритетен за Кожно. Уф, само да помине, уште ова ми требаше.
Нос затнат, топли очи, болно грло ( реклама излезе ) омалаксана сум, цело време мислам дека имам температура, а немам, ама така ми е топло отапен рецептор за вкус, што и да јадам така ми е, и не ми се ни јаде баш. Ич, ама ич не сакам кога сум болна секогаш плачам кога сум настината, многу е безвеза. А сега баш дека со бебче многу се нервирам што ми е вака и се си мислам како му е него, дали му влијае. Овие два дена па како за инает помалку е активно (или така ми се чини) инаку мрда повеќе и посилно, овие два дена мислам помалку, мрда, ама никако да го фатам кога ќе подрипне стомакот. И одма грижи Еве го јуни, јас болна
Од купката ми е, не е од топлото. Преска лежев во када пола саат, се тинтрев, маски, ова она и на крај се исфрлив. Арно ми вика свеки не ставај секакви купки и лосиони, само едно обично бекутанче сапун. И така на многу препарати сум алергична.
А дозволено е да лежиш во када, и јас на почетокот имав мака само со бекутан шампонче со овес се капев и миев
Мешиња да споделам информација. Си купив денес од мега аутлетот градници за доење од HM, многу убави и пријатни. Со првата бременист не можев да си најдам, сите беа грди и бабешки, посебно во сара фешан . Овие се како обични, немаат жици да стегаат, ама се убави. Иначе јас уште некој ден 38 недела влегувам. Спремив ранец за мене и облека за бебе, се надевам времето веке нема да е ладно.
Мене вака ми се случи од една крема за стапала. Секаде каде се имав допрено со неа бев црвена и рацете. Помина до следниот ден. Се надевам и кај тебе да мине брзо.
Јас како што знам не смеело да се лежи ептен со мешето во када, особено не со потопла вода, бар така сум слушнала и сум останала на тоа и не сум си лежела во када... Тоа ми препорачуваа тек кога стигнав за раѓање...
И јас знам дека не треба ни кога се тушираш многу топла вода. Инаку, вчера бев на трансфузија, потоа кај матичен за брисеви па ај успат и бебе да го зирнеме, првпат да не се крие и многу е убав иначе на мене личи . За 2 недели пораснал околу 250 грама. Ме загрижија само мерките ај бпд веќе ми објаснија дека е тесно главчето и е генетски ( пак на мене ) , и стомачето првпат е помало за 5 ,6 дена. Според сите мерки одговата за 27 нед и 4 дена а сум 28ма. Др. рече ништо страшно до 2 нед. се толерира, сигурно ќе има тесно меше. А нозете му одговараат за недела плус. Па отидов на трансфузија и и ја покажав на др. снимката од ехо, рече да пратиме на 2 нед. ако пак е помало да ми даде 2 клексана да боцкам. Ете така секоја недела нервози
Точно е мариз не смее лежење во топла вода. Па затоа саауна, џакузи и слично не се оди. Јас од страв не се туширав со жешка вода Мојот на ехото имаше помало стомаче и освен клексаните кои ги примав за тоа (иако параметри уредни ) докторката ми рече да јадам урми, пилешко, урда.. Пробај и ти Инаку кога се роди 10/10 доби. Се си беше супер