Грлото не го мерам веќе кај матичната зашто не ми е сигурна и ми прави паника. За стврднувањето прашав, заборавив да ви пишам И опишав како се испакнува и се задржува некое време, рече дека тоа не биле контракции туку бебето си се местело. Под папокот му е главчето па рече или главата ја папчи или ако е над папок рбетот или газето. Рече дека ќе ги препознаам контракциите биле и со болка, и е стегање и опуштање.
Ели брекстон хикс контракции имаш. Како ти рекле така кога не е. Телото си се спрема. Јас ги имав цела бременост
Што убаво. Мене последниве два дена се газот ми го прчи. Го осќем бидејќи клоцањето наместо какo до сега према надвор, нананзад и надоле го осеќам
Абе женски лежење во топла вода не се препорачува, ама во млака зошто да не. Сега е топло времето, зошто да не се разладе телото малку. Е на одмор тие што одат и што се бањат во вода? Не треба да се претерува, ама па и во топла бања никој не седе кога е топло надвор. Јас два три пати сум лежела така кога е жешко времето и убаво ми доаѓа. Најголем дел од црвенилото и јадежот ми се повлече, само на стапалата остана малку. Од гелот за туширање ми е сигурно, на такви работи сум алергична, од храна не верувам дека е.
Епа затоа и пишав млака вода, иста како што се бањаме на море кога сме. Дали дома лежеме во када во млака вода, еве 10 мин да речам, и во морска вода на одмор, исто ти се фаќа, само што оваа е солена. Јас никаде не спомнав а и не верувам дека некоја се бања во жешка вода на 30-40 плус степени. А и јас не ја полнам цела када, малку само стомакот да ми го фаќа.
Матичен. Претходен пат на телефон ми рече тоа е тоа контракции. Сега опишувам, вика епа не биле контракции. Ми го објасни тоа што го напишав. Кога се папчи над папокот високо тоа сигурно не се контракции. Прочитав за урмите, јас јадам ама на 2,3 дена по 2,3. Нели го омекнувале грлото на матката? @irena.1 од кои аутлет, во капитол? И јас сум во потрага а во Сара Фешн не ми се ни влегува. Инаку за ниското железо ми рече да јадам и телешко повеќе и зелен зеленчук. Овошје рече да намалам зошто и тоа содржи шеќер. Пример по една шака јагоди, цреши а не по неколку, како порано. Да јадеме повеќе пати , количински помалку. И многу вода, ова незнам како ќе ми успее, организмот не ми бара вода, ама морам
Со водава и јас сум иста. Твојава матична не ми узгледа баш ок. Од ск си? Инаку јади по 10ина и обавезно урда. Не го омекнува не се секирај. Рече веднаш одело до бебе да се храни и расте. Ја терав до 38ма
@eli25 и јас знам за урмите дека треба да се јадат за омекнување на грлото ама знам за 6-10 урми дневно. Иначе со железото шо прајме и јас и ти неможам да јадам месо никако душата не ми сака. Пијам Сидерал Фолико едни ќесички ама хемии лупаме
Не, од тој карши рамстор. Нели има два, тој што е поблиску до стар железничка. Штета има само црни. Во бременоста многу ми пораснаа градите, од корпа Б на Д отидов, и многу се нервирам, ништо од старите не ме собира, па најчесто сум во спортски градници. Инаку железото оваа бременост успеав со зелен зеленчук да го одржавам. Маркула, рукола, млад спанак салати секој ден јадам, но со лимон, не со оцет.
Ништо мора да јадеме. Дури и секој ден ми рече. Варено јајце исто. Цвекло секој ден цедам. Спанаќ јадам 1 неделно, ќе појачаме. Купив сега блитва, брокула, а марула не можам да смислам, ич не ја сакам, ама купив со сила ќе се јаде Ќе купам и семе од коприва со мед и тоа помагало.
Добро утро мешиња. Многу ми е мачно сабајлево. Половината ме боли многу и кога лежам и кога седам и кога одам. Веќе неможам да спијам , само 2 часа сум спиена. Исто од сабајле имам слаби лажни контракции и никако неможам да се наместам и да лежам и да седам место не ме држи. Магнезиум смеам да се напијам 38 + 4 сум инаку?
мислам дека се оти не ми се јавуваат во исти временски интервали , еднаш на 15 мин . па на 30 па на 10 , затоа така помислив.
Мами вчера во аптека ми го предложија овој магнезиум, го има пиено некој од вас и само по 1 на ден смеам или?
Смееш само едно на ден дозата е голема обично препорачуваат до 300мг ама ијас пиев волкава доза бидејќи ми се кочеше све ама доктор ми рече не поголема од оваа
Јас го пијам од 400 на Алкалоид. Еднаш дневно , ептен кога бев уморна сум пиела по 1ипол, еднаш, двапати и 2.