@iki26 колку убаво!! Најубавооо @kukla21 дај кажи ми како се става ова одеднаш на две да одговорам, толку време сум тука.. а незнам тоа да го направам
Ве поздравувам идни мами Вакви емоции дај боже сите нс светов да доживеат... http://www.femina.mk/новости/занимл...и-првите-прегратки-на-мајките-со-нивните-чеда
@mariz на сите на кои сакаш да им одговориш, на нивните постови кликни цитат. Потоа кога ќе си го пишуваш твоето мислење кликни вметни цитат(и), и зависно дали еден или повеќе постови си цитирала ќе ти се појават. Под цитатот или измеѓу цитатите може да го напишеш твоето мислење или одговорите и коментарите на цитатите од членките.
Јас само првиот ден кога мноогу ме болеше грлото се напив парацетамол х2 и толку. Немам температура мерев, а цело време се осеќам топла, телото и најмногу очите. Пијам и јас чај камилица. Лимон, мед, супа. Еве 4 дена веќе, не ме боли грлото пушти, ама носот затнат, цела ноќ на уста дишам, омалаксаност и така општо неубаво чувство
Здраво мешиња. Уф јас многу се потам многу ми е жешко не се издржува. На ноќе во сонот се осеќам потна и се нервирам. На дење исто имам топлотни бранови, а не е многу жешко 20 степени е од прилика, неможам ни да излезам За спијање, навечер си седам до кај 2 сатот некогаш и повеќе и да легнам порано не заспивам, ама затоа на сабајле си се изнаспивам, денеска до 11:30 спијав До вц станувам еднаш или двапати, не е многу засега. Инаку 30+4 сме Имајте убав ден
И мене ме фаќат такви топлотни бранови, овде е 30 степени, многу е топло. Се си мислам како ќе издржам кога ќе биде 40+ степени, ич не поднесувам жешко. Сабајлево и јас се разбудив испотена, ноќеска отварав прозори свеж воздух да влезе, ептен ми беше топло. Шишето вода до мене, чинија полна овошје и само дома седење, инаку како ќе се спасиме од жешково. Кај нас дома не е топло, ама мене ме фаќаат топли бранови.
Мене сите ме плашат за летово како ќе го изгурам. Јас па по најголемото сонце и во нормални услови не шетам, не па сега. Ќе видиме како ќе биде. Вие сте понапред од мене и ако судам по вас маките допрва идат.
Вчера цел ден од еден до десет вечер бев надвор имав еден куп обврски кога си дојдов дома одма легнав, имав чувство како на облачиња да сум. Плус возев туѓа кола без клима бидејќи мојата е на поправка и не беше многу пријатно внатре. 36 степени пишуваше сепак издржав со сокче, вода, хидратација не беше толку страшно. Апетитот ми е намален од топлото, сум ослабела едно кило
Јас викам среќа што не одам на работа Многу тешко се поднесува, се задишувам, малаксана сум. Плус се потам многу, само се туширам и менувам маици Сто дезодоранси пробав ниеден не делува. Треба и да одам по гардероба сега за сега на маж ми шорцеви и маици носам по дома Вчера купив едни балетанки, сабајле ги носев до продавница нозете ми отекоа едвај си дојдов. Ќе завршат кај мајка ми изгледа. За скриен шеќер ми рекоа да ги повторам резултатите, утре пак Сепак поубаво беше кога врнеше
Јсс преку ден сеуште се држам се додека не сум излезена на сонце. Ама ноќно време ем со отворен прозор ем жива вода се будам и се пресоблакам по два пати. Како и да под клима ќе живуркаме сега кога ќе стигнат горештиниве. Друго чаре не гледам.
Само јас сум обратна.. минатата бременост жива вода бев во сред зима, отварав прозори Менував блузи навечер буквално мокри... бременост од Јули до Април... а сега до скоро смрзнував, во долги ракави и преку ден и навечер.. циркулација нула, мраз ми се рацете и денес дури времево ми одговара а доста сум па поактивна од прва бременост. Сега не се потам.. ептен треба на сонце апла да сум па да ми зажежи. Кога се бањам не ми се излага зашто ми е ладно... а минатата бременост за 5мин се бањав и бегав од топлото веце Хормониве се страшна работа...
Само што се видовме со бебувче Одговара за неделите и се е во ред,тоа е најбитно За полот малу морген ,следната контрола здравје Ме искара со показалецот и го покри главчето со рачињата
Ми стигнаа рез. за брисеви има хламидија Од кај па сеа, нити имаме односи а во 12 нед. беа чисти брисевите Имала некоја? Сигурно ќе треба антибиотик а ич несакам да пијам, 28 недела сум