Од Ремедика др. што ме води ми рече да направам 3 пати во 12, 28ма и на крај. Се мислев дали да правам среќа што направив.
Јас пак бидејќи не мрдам од кревет ми прија топличо. Цело време сум на долги пижами и мајца на кратки. Дома без клима ни е ладовинка.
Јас сум цело време со долги и со ќебе покриена Спијам со ќебе и дебел јорган сеуште Премногу сум зиморлива, ни бременоста не ме смени
Не ми е јасно.. нели сексуално пренослива болест е тоа да не е некоја грешка? Не мислам дека може од тоалет да се фати тоа
Оф мајкоооо дури криво да му е на чоек за вакви работи ќе се пазиш од се и еве не можеш да се допазиш никако, а бебе притиска и често сме за во тоалет,а не можеш да чуваш во себе и тоа не е добро никако не си @eli25
Ме разнежни ептен, си плачев малце... Инаку бебуш сеуште не излегува, 40+3 денеска, сака кај мама да седи Има ли некој со поминат термин? Се трудам да не мислам многу, ама по малце страв ме фаќа. Мене почна да ми смета топлово, овие два дена врелини од внатре, само пијам вода, лимонада.
Не де секирај ќе биде.. Може покссно е зачнато, а терминот по циклус ти е.. Ќе си излезе когс треба а најубаво е кај мама во мешето.. Со лесно да ти е само и до викендов да се гушкате со бебе
Леле Ели ме замисли и мене... а што убаво не одев во тоалет во јавни, во последно време само нешто демек барам трудничко купувам гледам и сум била неколку пати сити мол и рамстор Не можев да издржам знаете како е сите по 100 пати одиме Во 12та беше чисто, а и претходно одамна ништо не сум имала. Се надевам така останало
Братучетка ми со двете се има породено многу брзо од жена парк до гак колку има со кола баш ми раскажуваше некни неможела да се соблече од болки сестрата и рекла ај ма ти ама си лигава....вика се соблеков кога виде глава трчај на бокс ))) се надевам не си мн далеку ама тешко вас што не сте од ск мрцварење патување...со лесно на сите
И јас избегнувам јавни тоалети ама кога не бива да стискаш Исто и кај мене уреаплазма имав пред некои 4 години, инаку секогаш било чисто. Кој да знае веќе. Ќе кркам сумамед битно ......
Мојот матичен ми рече дека таквите бактериите се пренесуваат исклучиво по сексуален пат. Јас се мислам дали да ги правам зашо ми ги бараат на Гак. Другата недела треба да одам на конзилијарно и незнам дали за сигурно ќе ми ги бараат инаку не би ги оравела. Инаку одам на преглед облеков фустанче многу ми е топло. Ми е гајле
Ама нас ни се забранети односи. На 1 брисеви чисто, сите брисеви 4 год. скоро по ред чисти дури ни кандида . Се чудам , нема друг начин.
Хаха не сме многу далеку за 40 минути до болница сум , се надевам навреме ќе препознаам болки и право тргаме дај боже сите такви лесни пораѓаи да имаме . Господ да не чува само
Исто. Пред 3-4 години последно уреаплазма или микоплазма(мислам така беше) и толку. Сега имам секрет ама сите кажуваат нормално е, немам ни мирис ни боја, никакви симптоми, ама кој да знае. Изгледа и јас ќе правам три пати како тебе, да не ми е мисла. Не знам ќе се консултирам со д-р.
Ели и јас колку што знам кламидија исклучиво се пренесува со односи. По оваа логика, ако немате односи ми личи само на погрешен резултат. Јас сепак би повторила за секој случај.
Денес бев повторно во Ремедика на преглед бидејки матичниот во понеделник ми кажа дека бебето му личело на 5 дена помало, а инаку прв пат ме погледна на ехо и тоа по мое барање и не ми даде ни извештај од тоа што мерел.. Да не биде само тоа ме праша дали сум правела амниоцинтеза бидејки имам таласемија, тоа ми го качи притисокот и му кажав дека до сега ни во Ремедика , ни во Систина, ни трансфузиолог не ми кажале дека имам потреба од тоа испитување и паметниот ми вика као демек ние сме слушале само тоа што сакаме. Ме стави под стрес и кога излегов од кај него се изнаплачав. Денес во Ремедика се потврди спротивното, бебчето супер напредува, дури сме и понапредни. Денес сум 27+0, а тоа одговара на 27+6. Неможам да разберам какви доктори постојат, ако можам така да го наречам уопште. Ми мереа и цервикс, измери 35мм и кажа дека само некој дел внатрешно мерела, иначе било околу 40.. искрено не разбрав баш но ми кажа дека грлото си е затворено и дека за тие недели си било супер. Ми даде зелено светло за патување Спомнав и за болките што ги имам долу ниско и кажа слободно да земам по 2 магнезиуми од тие што ги земам од 375мг, сум немала никаква штета, само корист.
Битно добро е се. А на овие чукнативе што не плашат и се расфрлаат со испитувања како амниоцинтеза, што и не се така препорачливи, особено ако нема индикации, нека им е на чест. Стварно почнаа да претеруваат. Гали го мешко и убаво да си поминеш на одмор каде и да одиш и избањај се и за мене, зошто изгледа моите планови за бањање пропаднаа.