@Ano Фала ти миличка, ама не одам на одмор До Солун до Икеа сакам да идеме да земаме креветче и некој др. ситници што ни требаат. За одмор здравје крајот на Јуни ако е се како што треба и ако ми одобри и тогаш доктор. Иначе морав да се издушам и да го споделам тоа со вас бидејки ми тежеше на душата и со тоа да ви кажам да си барате и второ мислење ако ве испаничат како мене. Ве гушкам
Штом ќе стигнеш до Солун едно бањање може да поминете во близина. А за споделувањето за тоа сме тука. Знаеш дека низ слично поминва и точно те разбирам како си се осетила. И мене од големите за почеток ми остана уште креветче, зошто скоро се друго наследив, освен количка која си ја купив. И ние сега гледаме тоа, ама уште не сме се одлучиле.
А прашањето е каде да се повторат? Тука ми се најсигурни. На државно не ми се носат Др. од Ремедика ми рече нема да одиме со ударна доза сумамед, дека можно е да сум ја имала со години и сега да ми паднал имунитетот и да се јавила.
Те прочитав и прееска и сакав ова да ти го кажам. Организмот е малку поосетлив во време на бременост, затоа се прават почесто микробилошки анализи - уринокултури, брисеви. Не е баш најјасно кој е причинителот и зошто баш во бременост, ама имам гледано статистики кои велат дека 1 од 5 жени во текот на бременоста ќе има некој вид на бактерија. Најчесто се врзува со неурамнотеженост на лактобацилите (добри бактерии) со останатите кои „живеат“ во микрофлората. Кога паѓа нивото на овие добри бактерии, се јавува некоја инфекција т.е. лошите бактерии кои претходно биле „победени“ од добрите добиваат замав. На предавањата во систина, докторката рече дека добро е во текот на бременоста да се пијат пробиотици за да се одржува правилна микрофлора во организмот и да се храни со добри бактерии. Пробиотици сум чула дека се даваат и за зајакнување на имунитет, не само при проблеми со варење. Исто треба дневно да се конзумираат ферментирани продукти (јогурт, кисело млеко) баш заради оваа причина. Едит. Јас прв пат кандида закачив во бременост сега и баш читав што и како влијае за зголемено присуство на габични и бактериски заболувања. Никогаш не сум ја имала, а сега се појави на 2 бриса.
@kukla21 секојдневно пијам јогурт. Инаку прееска кога бев во аптека да го купам сумамедот, нели со него треба обавезно и пробиотик и аптекарката ме праша дали пијам и дека имало пробиотици за трудници и убаво било да се пијат цело време. Ама ете се сам да се информираш, за жал. @wannaBeMomma многу е без врска ако имам еден поз . еден негативен рез. На кој ќе веруваш? Секако дека повеќе одговара негативен. Поарно ќе пијам терапија озбилно. Него да испадне немам а сум имала. Од тоа ми е страв повеќе. Ќе размислам до утре )))
Баш за такви збореше докторката во систина. И не само за бременост, убаво било да се пијат, немало штета од нив, а одржувале баланс на организмот. Искрено се изненадив кога чув дека пробитици се користат за зајакнување имунитет. Другарка со мало дете ми има кажано, а и докторкава потврди со објаснување зошто е така. Без гајле - се лечи се, ако не па и пред пораѓај ставаат нешто за заштита на бебето. Не ми текнува како беше правилен изразот, ама и ова ми е од предавање во Систина.
тоа е најголем проблем. Што човек неможе да е сигурен и секогаш ќе има сомнеж за резултатите. Згора на се пари се даваат за ова, а никој не сноси одговорност ако навистина има погрешни резултати. Баш заради тоа и јас си искористив доза еритромицин вагиналети за уреоплазма, а постоеше можност да е грешка. Инаку за пробиотик, баш пред некој ден колешка една ми кажа дека земала Proven Pregnancy - пробиотик и пренатални витамини кои се пијат заедно. И јас се мислам да земам, зошто сега допрва поосетливи ќе стануваме.
@Ano точно. И еден куп нервози се јадат. Пробиотик и јас ќе купам утре. Ми кажаа неколку па ќе изберам . Зависи , имаш од 300,400 па нагоре.
Кој други ти ги кажа, да видам и јас да размислам што да земам? Овие Провен знам околу 900, ама во зегин беа на акција околу 700, е сега незнам дали уште важи акцијата.
Мешиња јас после менување на неколку различни пренатални витамини, последниов месец ги користам баш тие Провен Пробиотик и многу сум задоволна ако се сеќавате се жалев на силни болки во стомакот, проблем со варење на храна...итн откако ги пијам го решив проблемот или се подобри за 90% што е одлично. Немам никаков проблем како со некои претходни, лесни за пиење, после тоа исто како да не сум се напила ништо. И ги препорачувам. Мислам и дека се уште се на акција во Зегин. иако сепак ме загриживте со муабетите за бактерии, инфекции во бременост..
Ми ги кажа лактофлор и уште едни не ми текнува кои Утре кога ќе купам ќе ти пишам. А тие провен само пробиотик е или и витсмини? Само што купив фемибион @Вереничка може да видиш во упатството?
Stoznam ama jas na avicena mnogu mnogu neveruvam po tolku mnogu negativni iskustva na luge. Uf ne znam ao e najpametno @eli25
Срцка од типот на фемибион, пренатални се. Две таблети, едната фолна, јод, б витамини итн..итн.. и другата пробиотик со добри бактерии.