Aj eden podolg post Денес бев на преглед си се видовме со бебушката моја преслатка е и личи на маж ми. Инаку од самиот почеток се водам со една недела порано најверојатно заради задоцнета овулација т е. трансфер ми правеа на 22 ден од менструација. Тешка е 750грама и мислам добро е за 26 недела. Од денес матичниот ми рече да следам 3 важни работи Притисок да следам. Не смее да се покачи над 135 инаку веднаш да идам на консултации. Следење на отоци и тоа кај коската под коленото ми рече кога ќе притиснам ако се појави дупче тоа е оток и пак да се јавам. За кламидијата Димитров од Ремедика ми има кажано дека кламидијата многу често се појавувала како лажно позитивна. Јас во понеделник одам за брисеви и најмногу заради комисијата за конзилијарно што ми ги бара се надевам до среда ќе ми бидат готови ако не дај боже комисијата да не ми ги побара.
Да споделам со вас нешто околу мрдањето на бебето. Во саботата станав околу 10 часот си бев дома, си седев и бебе го немаше да мрдни, ај си реков спија, па правев ручек јадев, помина денот бебе не го осетив да мрдни и паника ме фати дури и си поплачив, се исплашив многу. Пуштав посилно песни, легнував се превртував, се раздвижував, го стегав стомакот, го галев... Го немаше цел ден да мрдни и дури вечерта се расклоца кај 9 сатот. И баш убаво си ме клоцаше дури пак ми се насолзија очите и му велам на стомакот ,,вака не можеше цел ден да ме клоцниш" од ум се извадив. Потоа другиот ден нормално си клоцаше од сабајлето. Ама во саботата незнам што му беше, до толку поспано.
До тогаш ми се немаше така случено, затоа се загрижив и си поплачив и знаеш одма 300 мисли.. А бев 29+5 сепак не е малку.
Можеби не си го сетила. Оди истуширај се, напиј се кока кола ако имаш или друг газиран сок, касни благо нешто, и легни си на лева страна. Ако не спие малечкото ќе мрдне. Ако не мрдне, си спие, легни си и ти. Утре ќе се дружите.
Кај мене кога лежам на грб најмногу мрда, на страна кога сум не го осеќам. Денес посебно многу мрдаше, како рингишпил да имав во стомакот, целиот ми се деформираше. И мм за прв пат виде како мртка бебето.
Jadam blago celo vreme.Ja nema izgleda spie.Ne panicam.Mozebi i deka e karlicno i deka postelkata e na preden zid pa ne ja osekam uste e mala
@Вереничка јас кога паничев баш тие недели ко тебе, ми рекоа дека сеуште не може да го осеќам секој ден, дека после 24та ќе почне поубаво. И по два дена го немаше. Не помагаше ни благо ни кока кола. Инаку постелката на кој ѕид ти е? Ако е преден послабо се осеќа.
Добро утроо и мене ми ја нема деновиве, а особено насабајле си мрда ми прави бранови на стомакот... постелката е позади овој пат, па би требало убаво да ја осеќам бебушка. Може е до времето, уживаат Вчера кока кола кога испив се размрда на кратко... Како е поставена незнам, ама како што смени куп позиции на ехо во 10мин, којзнае како е наместена.. не е на исто место, кружи многу беше активна Има место сега па си пливка, понатака ке фаќа позиции и ке седи подолго на исто место (ваљда)
Ели не сум сигурна ама мислам дека ми рече преден Но кога мрда јас убаво го осеќам, стомакот подрипнува, се гледа и преку блуза веќе Малечки се тие поместувања, мала површина од стомакот ама сепак Само пред недела ипол почна повисоко, кај папокот и над него. А последниве денови знае пак некогаш долу да мрдне. Не знам како треба
И јас имам снаа во странство и она ми препорача чај од лист од малина , за побрз пораѓај . Нив таму веднаш штом влезат во 9ти месец им го препорачувале.
Јас колку што знам тоникот има некоја состојка што не е препорачлива, ама и тоа ако е во големи количини. Така да пиј си умерено слободно.
Девојки цела ноќ не сум спиена, комарци ме утепаа јас и алергија имам изгледа абе камен тврдо, многу ми е страв од вирусот. Ништо не ми помага, одма ме касаат. Не знам што да правам.
Уште одамна бев присутна кога мојот гинеколог и рече на една трудница во поодмината бременост ти несмееш швепс. На тоа она изреагира зошто па јас цела бременост пијам? Тогаш и вика добро ти голема си на почетокот може да биде штетно зошто кининот го користеле порано за намерно предизвикани абортуси. Значи како што сватив јас нечини во рана бременост и само умерено да не претеруваме од малце се сомневам дека може да има последици.