@stevemila Во секој пост нагласуваш дека докторите кај што одат се неписмени, изгледа само ти кај писмен. И иронични ти се постовите, затоа доби толку реплики.
Немa пoтребa oд вaкви нaтегaњa мaмички. Oвде сме сите рaзлични. Еве јaс не пијaм ни мaгнезум ни aспирин a ни мoите брaтучетки не пиејa. Другo, не мoжеме дa кaжеме "не се oтвoрив зaвршив цaрски oд мaгнезиумoт е или oбрaтнo леснo и брзo се oтвoрив дo мaгнезиумoт е." Немoјте сaми дa пoсегaте пo нештo или дa прекинувaте нештo. Oвде сме дa си кaжиме штo ни рекле нaс кoнкретнo, зa утехa и еднoстaвнo зa спoделувaње искуствa. Мене ми е убaвo дa ве читaм и секoј сoвет знaм декa ви е дoбрoнaмерен, aмa јaс ќе гo слушaм САМO дoктoрoт сепaк oти нaјдoбрo тoј знaе зa мене. Ве пoдгушнувaм
На мене матичниот ми кажа да пијам Мг кога се пожалив дека ми се стврднува цел стомак. Уствари тоа се тие лажни контракции на матката, а Мг ги спречува нив. За тоа дали некоја жена се отворила или не, дали имала напони и не знам ти што, влијаат други работи, пр. хормоните. Туку, јас едвај дишам овие денови, ова жешково ме утепа мислам.
И јас на топлово сум иста тешко дишам се движам и само на спиење ме тера. Како ли ќе биде јули и август и поголеми и потопло незнам. Само клима ќе ни е спас. . Инаку мене овие денови ми почнаа интензивни болки во колкови пред тоа не сум имала некој проблем сега многу тешко се вртам од една ма друга страна ми се плаче од болки некогаш. И кога се вртам и стомакот ме боли и осеќам напнатпст во препоните.
Девојчиња, мешиња Пишувајте си што ви лежи на душата, ама без навреди и препукувања. Внимавајте на тонот со кој ги пишувате работите. Не секогаш работите звучат онака како сме сакале да ги кажеме доколку не сме ги одбрале вистинските зборови.
Не е убаво да се шири негативна атмосфера работава кој што сака нека праи секој е различна приказна и искуство ама моето мислење е точно и правилно а докторите неписмени миленкова кај коруновски е таа што мене па ми рече да пијам магнезиум а на друга членка рекла да не пие,што е во ред зошто сме и различни пациенти и сме различен случај,значи не постои генерално правило дека не треба или треба да се пие,секој индивидуално нека си се консултира со својот гинеколог немора да се водат војни на форумов Пс. Да на гласам во првата бременост не пиев воопшто магнезиум само тоа што е содржано, во мултивитамините П.П.С Секој има право и да се потресува(тука сме да ги смириме на некој начин а не да се праиме паметни) на некои членки им е прва бременост па се понапнати и поисплашени што е нормално и ги разбирам, зашто и јас бев таква со првото се пратев во детали колку што можам да се информирам од старт бев на форумов а сега се приклучив покасно
Исто и јас со жештиниве си имам мака. Ми помага многу вода со мраз и многу јадам замрзнато овошје. Малини, вишни замрзнати ги јадам. Исто така и праски, јагоди сама си замрзнувам. Се осеќам подобро кога од внатре ќе си го изладам организмот. Климата веќе не ја исклучувам. Само полека и со мразот, грло да не воспалите.
Ај јас да се пофалам вчера си купив ново фустанче синко денес беше помирен на гости сега почна да мрда изгледа дека му сменив клима сега сум кај мајка ке одмараме едно 10дена доста беше работа со реновирање завршивме и после полека ќе почниме да купуваме за синко доста е за мене сега за него . Имам и црно вакво 500 денари економична сум
Во бутик red carpet пуштат по карго има облека со големи броеви и имат убави хеланки 5 пара си имам купено по 350 еве ме 6 месец и уште си ги носам
И мене овде ме советуваа да земам мг до 36та недела Како и да е не е штетно ништо и да ги земаш до крај
Ги најдов на ФБ, Ама после перницата уплав имам од Карго. Ме малтретираа две недели додека да ми ја донесат
Јас земав две нијанси од овие сукни од МАНА. Мислам дека ќе ме соберат и ако станам многу многу голема. Таман има да ги износам 550 денари се. Ластиката е слободна и нема да има проблем со растеглување.
Леле јас колку сакам ваков тип на сукњи. ама за жал веќе не ми стојат ич. Ќе си почекам пак да си ги носам после пораѓај. Со здравје да си ги износиш.
Јaс дo пoследен ден пиев мaгнезиум и тoa пo две дневнo се oтвoрив и се пoрoдив прирoднo зa ептен брзo време.
Средства за сончање дозволени се било какви? Да си купам на време не сакам сонце да ме фати. За лице имам од лани, 50 ка ептен вршеше работа на Нивеа. И за тело ќе си купам 50 ка.
Јас планирам исто 50 фактор да купам, Од Нивеа децката колекција заедно со ќерка ми по пола ќе ја користиме Ако најдам од Black Up 30-40( ако постои) ќе земам од нив.
Јас не би 50ка, тие имаат повеќе хемија чим повеќе штитат. И онака директ на јако сонце не би се изложувале со мешињата.. башка тие 50ките едвај се размачкуваат.. јас ни синчето со 50ка не го мачкам, доволно е 30ка било каква, обични или детски какви сакаш такви земи..