Па тоа викам дека се полни хемија, од кое да купам. Мене 30 ка нема да ми врши работа А и детскиве тешко се размачкуваат нели. Еднаш си купив бекутанче, леле се изнамачив
Од кај ви се информацииве, жити се. Мене докторот што ме пораѓаше ми нагласи штом влегов во 36 недела да ја удвојам дозата на магнезиум. Ама што знае тој? Инаку јас кога се пораѓав имав 38 години и се отворив за нецели 7 часа
Сакам да си купам кратки панталончиња. Бев во ваикики вчера и ништо не ме бендиса. Додуша имаше само едни црни, а летно време црно не ми иде да носам. Да не сте гледале некаде низ градов?
Да удриме еден џогинг низ парк да ги размрдаме мора,мора кај и да се да почнат да се јавуваат. Која недели си ти? Кај мене ни кока-кола, ни благо ни пиво ништо не помага Ај може на одмор ќе ги разладам и ќе претнат
Сукњички сакам и јас. Ќе ѕирнам денес ви лептокарија, па ќе јавам ако има. Ако не од асос ќе нарачам.
За сукња и јас бев во потрага и од Х&М на двапати нарачував да ми донесат и никој не ја најде. на крај купив од калиопе, памучна обична, поголем број и сега за сега ми врши работа. Ги има во различни бои и дезени, а и две различни должини, едната е до колено, другата е подолга. Јас си земав од подолгата затоа што како трудничките ја носам над мешето.
Добар ден мешиња. Значи од сабајле како сум се изнервирала.... Ми се јавува кумата и прво нешто ајде уште ли бебево не испаѓа , мислам притисоков 200 , викам не рано му е уште терминот ми е наредниот викенд и она аа добро ја само да прашам . Значи од вакви прашања косата ми се крева. Сакав само некаде да се издишам , искрено од нервоза ми се плаче.
Не се нервирај мене сто луѓе ме прашуваат сите чекаат хахаха башка одам на работа сеуште отрпнав веќе не се замарам
Јас кога ќе бидам пред термин 2-3 недели планирам и телефон да исклучам и Фејзбук и инстаграм, вибер... Се што имам. Нема да одговарам на никој, освен на мајками. Поради вакви прашања. Направи го и ти истото, стави ги сите на игнор. Бидејќи не е правило дека точно на термин ќе се породиме па да поставуваат такви прашања. А па ако помине терминот и не сме породени сигурно ќе Велат ајде аман што направи... Како тие да не раѓале.
Мене па не ме нервира кога прашуваат. Што знам, некако нормално ми е трудна жена тоа да се праша. Или може моиве па не претеруваат. Мене па колегите од работа на шала ми викаат до крај на термин да сум си држела зошто нема уште замена за мене и ке останат со човек помалце. Инаку последните денови јас телефон не исклучувам ни под разно, тоа ми е искуство од првата бременост. Тогаш највеке треба, врските и контактите да се активираат, да можев со мене и во болница ке го земев телефонот, ама не ми дозволија. Па на мм аманет му оставив кај кој да се јави, да каже дека ме примиле.
Мене и не ме прашуваат за точната дата, сум им спомнала на моите ама сега да ги прашам кога ми е терминот нема да знаат. И кумови, другарки, блиски роднини не знаат. И поубаво. Знаат само дека во септември треба да се породам и доволно е тоа.
Мене од 7ми месец ме прашуваат и на равота и роднини, до кога ќе работиш, ајде доста е. Како да чекаат да се ослободат од мене, а замена за работа и јас немам.