Зошто јас не можам да ја најдам темата Какви сме/бевме ко трудници? Каде ставате слики баш сакамм да видамм па и јас да ставам една од моето мешенце
Ептен се убави, летни... но за жал нозете од првата бременост ми се катастрофални, позади колена на тој дел имам стрии.. реков боље нека имам на стомак повеќе, а да не искочеа таму... и малку сум искомплексирана поради тоа... и склони нозе на пукање капилари, лом ми се уште сега... @ena*sweety биди поактивна, пишувај повеќе тука и ке ја добиеш и таа привилегија хаха Мислам има одредено колку пораки мора да имаш пишано и да имаш дозвола за влез во тие теми
Женски а може да нарачам млеко за сунчање од Орифлејм или Авон? Би требало горе-доле да се исти со другиве. Ќе заборавев и од Докторс се добри кремите за сунчање.
Некакоо моетоо мешее е долу а и доле го осеќам бебчето кога мрдка.. А и докторот ми рече ниско е но не многу па нез дали од тоа ми е подоле мешенцетоо ..
Денес се снимав јас.. мало мало амаааа опасно, да можев видео да ви закачам да се испонаежите, марсовче прета мрда урнебес во стомак еве @Bebulleee го гледаше баш... патем официјално и Бебулчето наше да го поканиме тука на дружба
21 +3 бебче е за 5 дена помало од почеток до сега си е така па и овулацијата ми беше на 20 ден и така.. Ова недела почнав повеќе да го осеќам, па и почесто но доле 4 прста под папокот.. Мислам дека е нормалноо ?
Нормално е да осеќаш под папок. Бебето а со тоа и матката не се доволно пораснати за да го осеќаш над папок. Како ќе расте бебето така се понагоре ќе го осеќаш.
@kukla21 Еве ја сукњата, а и фустанот што го купив Оваа е подолгата сукња, и памукот не е мазен ама многу пријатен и не затега. Иамше и други шари и дезени. Другиот пократкиот модел е мазен и малку појак памук, зависи од дезенот. Тие како шарани по крути беа. А фустанот е исто пери носи. И него го имаше во разни бои а по 499 денари е
Мене не ми стојат вакви модели како Ано што купила Имам колкови и сега карлицата ми е раширена Инаку за слабички супер се.
Дали ви се случило да ви се појаваат црвени пликови кои ве чешат? Не знам дали нешто ме има каснено или од инекциите некоја реакција? На задникот имав како 10тина црвенила како полазено (таму ставам погестерон депо), ама потоа дали чешкајќи се на рандом места, и на стомакот кај Факсипанот кај што го ставам, ми се појавија црвенила. Или да не барам бабини лекови, директ на кожен да одам?
@iki26 Топло ги препорачувам Алверде. Е сега, маана им е тоа што оставаат бела трага, ама и 50ка Нивеа и Бекутан оставаат. Јас бев 10 дена на сонце, од 6 сабајле до 2 попладне, ама не сончање, туку за сосема друга потреба на работа и не изгорев, а се мачкав со 20ка. Цените им се пристојни, тие во туба се околу 300, а оние поголеми пакувања се 500. Имаат и сензитив линија а имаат и лабело, околу 150 денари е.
Од Калиопе се. Штом не ти е локално, туку ти се шири не е лошо да одиш да те видат на лекар. Да не е некоја алергиска реакција.