Најдобро да прашаш доктор што може да се става од лекарства. Можеш еден природен лек да си направиш јас го правев пред бременост (фала богу сега немам) малку не варен компир рендаш мешаш со едно лажиче маслиново масло. Од оваа смеса ставаш на местото пред спиење и утрото го миеш местото само со млака вода без хемикалии.
Јас се до денот на раѓање, го надносив 7 дена... не бев ни еден прст отворена, добив болки без провокации и се отворив полека 10 прсти за 9ч. Ке те земат царски ако има индикација за тоа, ако нема ке пробаат природно иако е високо бебето.. има техники за спуштање, со самото спуштање на бебето ке почнеш да се отвораш мене два часа пред да родам ми се качи нагоре... па со притискање лево, десно од стомак доктори, една од напред го спуштија..
Девојки да ве прашам дали на некоја до сега и се има случено да и се појави контактен дерматит на дланките и стапалата ,кога бев кај матичниот гинеколог и покажав ми рече да се мачкам со синопен ако не помогне да земам некоја маст со кортико или да ме види дерматолог ,денес бев на дерматолог ми кажа дека ми е контактен дерматит и ми рече ништо да не ставам само да се измивам со вода ...ама ова чеша не се издржува имате некој совет ?
Јас имам чешање и црвенило на кожата, ама не е исто како твоето.(ама ме чеша) Сепак ми препорачаа да се одмивам со ладен чај од камилица или жалфија. Не знам дали чајот ќе биде подобар отколку самo вода. + ми рекоа да користам медицински сапун.
Земав кортико неможев да го издржам повеќе чешањето, адвентан ми дадоа во аптека па се надевам ќе ми се смири за брзо време.
Гуд морнинг ние будни од 5 носот затнат грло боли не можам да дишам а ми се спие мака ми е се гушам дали сме стрепсил да земам
Сабајле се будам грлото лом ме боли пече незнам и јас што да пијам. Ноќеска се разбудив и сум се открила цела се тресев мн ладно ми беше а плус и со отворен прозор спијам ваљда од тоа настинав. Уф катастрофа.
Јас за грлото имав едни пастиљи земено на природна база од Исландаки Лишај околу 250 ден беа.Не ми замина скроз,но ми ја ублажи болката во грлото бидејќи неможев ни да голтам. Пробај ако сакаш со нив.
@iki26 баш те мислев сабајлево, почнавте ли да мрдате ? Моиве и ме загрижуваат зар толку мирни деца ќе имам
Абер немаат Ниедно ниту да мрдне ниту да претне. Утре влегувам во 21 недела веќе би требало барем нешто да се осети и плус две се. Малата прв пат исто касно ја осетив околу 25 недела, викав супер мирно бебе, таа џамбаз прав Во вторник сум на скрининг ќе видиме како се малите, ама и јас од поодамна веќе стравувавм што ги нема. На ехо салто прават, ама ништо не се осеќа.
И јас задутре влегувам во 20 недела, па ќе го одложам скринингот како тебе на 21 недела ми рекоа за близнаци и 22+ е уште подобро. Каде ќе правиш скрининг?
Морам во 21 недела да правам бидејки другата недела одам на одмор и после касно ќе ми биде. Во Систина кај Димчев ќе правам скрининг.
Јас страдам од контактен дерматит.Најверојатно ти кажаа како и зошто се појавува. Мене ми се создава реакција на шминка на лицето, а на телото од одредени козметички производи... Лек нема, освен избегнување козметика,или пак да пробуваш често различни видови за да откриеш што ти одговара, што е ризик од појава на реакција
И јас исто и сега ме боли и главата времево е лудница Тоа знам ама јас не пијам млеко ќе треба со затнат нос да пијам
30,31ва недела нормална ли е блага и тапа болка во долниот дел на стомакот . Можно ли е да биде од што расте стомакот ? Ај некој со слично искуство нека каже
@mariz фала ти малку ми олесна . Јас дека се плашам за цервиксот ама тоа ваљда не боли . Од бебче е , нека расте само . И нека си седи во стомак уште 2 месеци