абе ќе има. вакум простор е, дефицит. секако за две три недели ќе има. не верувам да трае кој знае колку долго дефицитот. ама уште едно пакетче нема да ти е зијан.
Си направив компир рендан со маслиново, ќе видам дали ќе помогне. Ова прв пат ми се случува. А која храна ја избегнуваш?
Izbegnuvaj luta i zacineta hrana.Gledaj kolku so mozes potecna hrana.Izbegavaj suva.Jadi ovosje i pij tecnosti.Ke bide dobro.Se izvinuvam so jas ti odgovoriv
Си купив за помош суви сливи од утре ќе почнам да ги јадам Луто и зачинето избегнувам и поради отоци ги имам малку и од ова времево жешко. Се изначитав денес за тоа и се изнапив вода сега млеко. 32 недела тераме ќе се трпи се.
Здраво жени со мешиња!!! Веќе споделив во друга тема, ама ете и овде - трудна сум и на пат е второ бебе, па би ве дружила овде во темата. Се надевам добредојдена сум! Со ќерка ми останав трудна со кломифен, овојпат забременив без никаква стимулација, сосем природно, иако докторот ми тврдеше дека нема шанси без кломифен. Бремена сум 7 недели и 6 дена (значи скоро 8 недели), сакам пак девојче да имам (ама кој ме прашува мене) и засега во реалнот свет малкумина знаат дека чекам бебе (ама затоа на форумот без око да ми трепне се пофалив). Со првата бременост мнооогу имав мачнини, со оваа бременост исто имам мачнини ама не толку чести. Се надевам одкако ќе го минам првото тромесечие ќе следи оној полесен период од бременоста, знаете оној за уживање и дебелеење. Се распишав во 1 по полноќ... толку, оставам нешто и утре да пишам. Имајте лесна бременост и галејте ги мешињата. Лека ноќ!
Сите мешињa се дружиме oвде. Дoбредoјде вo нaјубaвaтa темa нa фoрумoв. Ти честитaм зa бременoстa сo леснo дa биде.
Да избегнуваш луто, солено, зачини, месо свинско и секакви преработки, зрнеста храна(грашак, кикирики, сончоглед, семки) газирани сокови, лушпа од патлиџан.. и тешка мрсна, пржена и сува храна. Пиј мноооогу вода, течности, чорби супи, овошје и зеленчук. Пробај две три недели вака и мачкај кантарион па ќе видиш. Мене делумно ми помогна. И да не те плашам ама реалноста е таа, дека при крај на бременоста е се потешка борбата со нив тежи бебчето, систем за варење отиден во пм јас се помирив со тоа.
Мачнините полека полека се намалуваат, одбегнувам храна која ми прави тежини еве супер сме 3дена, само мачам маки со низок притисок Со лесно нека е
Добар ден мешиња Денес ме испокара матичната, бев за тироидната да закажам од кај неа зашто требаше да одам на контрола, а со испитиве се заборавив и не отидов.. па ме подбра малку да не се заебавам со таа работа. Па со приоритетен упат дека термин тек на 30ти имаше ме прати, среќа таму живо пиле немаше и брзо завршив.. па утре на клинички да испитам се комплет Па тешко ми падна нешто и викам дај мери притисок мутаво се осеќам.. мереше низок и ми рече ајде одма дома кока кола да се напиеш и по сонцево никако @Bebulleee времево е ептен тешко, мене се почесто почна да ми паѓа и пијам турско, кока кока, вода повеќе... И така сега дојдов кај сестра ми, ке си седам цел ден кај неа.. ке го шлапнеме синко сега во некое корито да се лади, ние нозе ке ладиме само Убав ден мешиња
И мене денес денов безвезе ми е. Ме фаќаат вруќините на работа. Од утре на одмор сум да се спремам за на одмор како што треба. Со мене освен Магнезиум,Утрогестан, Фемибион и Прогестеронска инекција ништо друго не земам.
Дека последен ден на раб најспоро поминува времето кога сакаме да помине Леле ние врска немаме кај да одиме, дали сега во Јули во жешкото или Септ кога ке сум 8ми месец