Јас колку шо сум упатена, нареден брис треба да се направи по месец и пол после терапијата, ако се направи порано може да покаже лажно негативен резултат заради антибиотците, така ми кажа мене мојот доктор. И да пожелно е да се излечи, може да влијае на грлото на матката, на плодовите обвивки. На бебето мислам не можи да се пренеси, освен ако е присутна за време на пораѓај.
Јас правев брисеви во 16та и испадна уреаплазма и никакви симптоми немав и ми беше сумљиво ги направив брисевите од ново приватно, а меѓувреме матичнава ми даде Еритромицин но не почнав да го пијам. Брисевите оп негативни испаднаа... а сестрата што работи кај матичната рече аман бе што е ова секоја втора трудница има уреаплазма, ете резултатите неточни, ништо не пиев и океј ми е доле, немам никаков исцедок и сл... имаше ти некои симптоми? Зашто јас минатата бременост ја имав и страшни симптоми имав, да не кажувам какви ама страшно ми беше, во 7,8ми месец и тоа.. ја излечив и бебето до 42ра го доносив, а брисевите во 37ма ми беа чисти.. природно се породив Направи си брисеви, по можност приватно
@karibian мене денес ми рекоа до 32 се пие и до тогаш да го пијам. @Вереничка мене мајка ми ме нема допрено. Минатиот пат старосватицата го погали мешко и ми дојде да се тргнам такво некое чувство Навикнати сме со мм само да го галиме и чат пат кога скока со сестра ми се смееме. @Kiki_ контролен брис се прави , без разлика.
Дефинитивно не после 5 дена, мене и во лабораторијата каде шо ги носам ми кажаа дека треба после толку време да се повтори брисот.
Мене на претходната контрола ми го намали преку еден ден. Сега деновиве сум на контрола па ќе видиме што ќе каже.
Мене Трансфузиолог ми рече дека до 30та недела да примам Аспирин а Клексан до 12та.Е сега бидејќи сум со ивф од 5 ти ден од транафер примам Клексан а Аспирин од пункција а сега сум 14+4 мм беше вчера кај Др.Јани на консултации и тој му рекол мислење за Клексанот дека немам потреба повеќе да ги примам него му било битно ехото од бебето како се развивало ако се е во ред и дека во ред ми е хемостаза и ддимери нема потреба од примање.Кажал мм дека има и жени што и покрај мирни ддимери и мутации хетерпзиготни ги примаат и тој на тоа рекол дека е тука имаме неразјаснето со многу од колегите дека излишно се примаат е кај Хомозиготни мутации тогаш да и јас вика ги давам...И сега од страв ги примам Клексаните до 25.06 па ке барам и трето мислење па ќе видиме што понатаму...
Јас на брисевите во 12 недела имав уреапласма ,докторката ми препиша еритромицин таблетки ги пиев 7 дена и вагиналети еритромицин со нистатин ама јас вагиналетите не ги ставав некако ми беше страв да не е премногу и после нив не направив контролен брис ,сега во 35 недела кога правев брисеви ми излегоа чисти немам никаква бактерија така да не се секирај .
@pile30 јас имам 3 хетерозиготни мутации ми рече до крај да примам клексани. Ддимери ок , акт. парц.време ниско.
Јас имам 2 мтхфр мутации хетерозиготни а времињата ми се во ред и ддимери.Последно ми беа 306 и Седула ми даде уште 28 инекции и на извештајот по еден месец пишал консултација со гинеколог за во иднина.А Петановски рече до 12та е доволно а Аспирин до 30та.И затоа мм го пратив кај Елена Петровиќ но на одмор била па отишол во канцеларија кај Јани и Јани ова го кажал.Но ќе видам и Петровиќ што ќе каже.Јас читам дека се боцкате и од тоа ми е страв да го послушам Јани може грешам но од тој пусти страв.Дури и Димчев рече до 12та е доволно за понатаму ако се е во ред со ддимери времиња и бебе не давам..И ај оди разбериги сите различно...уф... нас ни е најтешко Ти кај кој Трансфузиолог одиш и која недела си?
Зато те сакаме тете Мене на раб колешките редовно ме галеа по меше, некој од нив. Додуша мене појќе ми пречит некој да ме гледат таму отколку да ме галит, како поискрен ми е допирот отколку погледот.
@eli25 @Ano @Capricorn Taurus сега стварно незнам што да правам ми е страв ако го прекинам да не си направам нешто лошо. Стварно се збунив сега
@karibian јас баш вчера се консултирав со трансфузилогот ми рече максимум се пие до 32ра ама гинекологот ќе ти каже ако треба и до 30та. Така да секој случај е различен. Тебе штом ти рекол гинекологот така, така проценил. Сигурно не е будала да се зеза со аспирин. @pile30 ти кажав еднаш кај Елена Петковиќ. 30та недела. Бев и кај Јани дури беше отсутна Елена, тој не сакаше да се меша во нејзината терапија и рече да продолжам како ми кажала таа.
@iki26 каков страв - мислев нетрпение заради одморот. Ти се оди и секако на работа не ти се седи и време не врви Ти завидувам. Едно брцкање во вода за мене За фаќање меше не давам. Јасно кажувам дека не сакам. Апликацијата ми пиша дека не било дрско да се одбие галење на меше и јас буквално си го сфатив. Свеки еднаш му рече на внукот да го погалел бебето. Си кажав не сакам да ме фаќаат по стомак, а на малото му реков бебето спие, да не го разбудиме. Во иднина свеки ќе си знае дека нема фаќање меше. Безобразно или не, тоа е лична одлука.