Истo и јaс aмa мене ми дaде вaгинaлни пoрaди тoa штo немoжев дa гo земaм кaкo кaпсули oд желудникoт. Ми рече декa ке нaпрaјме кoнтрoлни брисеви пoсле скринингoт (нa 23ти јуни сум нa втoр скрининг) инaку мoментaлнo сум 19+4 a ми рече декa aкo нa тие брисеви пoкaже декa јa имa ќе ми дaде друг тип aнтибиoтик кoј немa дa сметa нa желудникoт. Дa нaпoменaм декa имaм уште 5 вaгинaлни зa стaвaње oд терaпијaтa,a кoнтрoлен брис ќе прaвaм 3 недели пoсле скринингoт, знaчи нa пoчетoкoт нa јули. Феминкaтa пoгoре ти кaжa декa брисевите не се земaaт oдмa пoсле терaпијa,a и мене дoктoрoт истo ми рече.
Јас со првата бременост клексаните ги примав цела бременост и еден месец одкако се породив Сега пијам Аспирин и не ми има спомнато нешто такво
Очигледно различно кај секого. Еве јас веќе три недели сум со намалена доза. Ќе видам сега што ќе каже на контрола.
И на мене двајца гинелолози ми кажаа дп 32+0 ,од денес сум 32 и пред некој ден бев на контрола и матичниот ми рече да ги прекинам. А и последните дестина дена забушавав со аспиринот заборавав да го пијам.
Решив да го прекинам од денес ваљда не ми рекол така за џабе. Д димерите ми беа ок наод уреден не би требало да има проблем зашо тогаш и на трансфузија бев кај некоја Маура Горчај баш ме праша дали др ми спомнал за прекинување на аспиринот.
Вчера бев по конзилијарно во Ремедика. Немав преглед, ама ја прашав докторката за болките, рече сега тежи повеќе стомакот и нормално е. После 32ра недела рече и дека ќе се зголемат Кога ќе ме заболи да легнам. За магнезиум, слободно по 2 од 400. Таа доза вика е ништо. Во болница венски им ставаат 1 грам на саат.
@eli25 супер ели малку утеха ,барем знаеме дека е нормално . Ќе видиме како ќе биде ако се зголемат јас земам 2 по 375 мг директ . Некогаш и б6 пијам демек да се смири матката .
Туку излегов 2 мин на тераса имаше малку алишта да ги соберам, кога ме фати тахикардија и без воздух останав. Мерам притисок 120 со 80. Никогаш не сум имала толку јас сум класично 90 со 60. Исцедив лимон, пиев б6 и магнезиум . Тахикардија сеуште имам
Ај ќе си знаеме за вторите дечиња. Сега се ни е ново иако јас се обидувам да најдам логика и да не паничам. Ама потсвесно сите си се грижиме. Легни одмори. И мене ми се случувало истото на 120 со 80 зошто како што викаш цел живот сум со 90 со 60 притисок. А и времево не ни оди баш во прилог.
Мене претходниот пат кога ми го намали ми гледаше постелка и плодова вода и се беше во ред. Ќе видиме попладне што ќе каже.
Ели тоа што си се задишала е од тоа што имаш повеќе крв и кислород низ крвотокот. Мене некогаш кога зборувам ми се случува да се задишам како да сум копала. Ми рекоа да не паничам. Притисокот ти е нормален - може повисок од тоа што си научена, па така го чувствуваш.
@kukla21 исто. Зборував со мајка ми по тел. И неможам да зборам се напрегам немам сила Ама јас паничам ете тоа ми е маана.
Ели немаш потреба од паника. Задушувањето си е нормално. Матката ги крева нагоре сите органи и искрено треба да се задишиш. Тек кога ќе почне бебуш да се спушта надолу, ќе ти е полесно дишењето. Си се уплашила за ништо, ајде за убаво е задишувањето
@pandelka уффф фала ти. Сум читала дека е нормално сум заборавила. Одма правам филмови Дека и тахикардија и притисок одеднаш си викам готово
Да ме видиш ти мене по скали ко ќе се качувам или слегувам, јазикот надвор а срцето 200. Ко ќе легнам дома после работа осеќам тахикардија ама после мал одмор си се стабилизира. Се си е нормално, уживкај си, бебушите си имаат простор направено за лудории внатре да изведуваат а цената на тоа е задишувањето на мама
Мене ми го прекинаа заедно со фраксипаринот кој е сличен со клексанот. Д димерите не беа ниски но беа во границите на нормалата. Од тогаш не пијам аспирин. Бев некаде на средина на бременост. Матичната пак ми рече пијај си аспирин по 2, 3 пати неделно, не е штетно.
Како јас да се читам. Живееме на 4 спрат без лифт. По скали правам на секој спрат пауза, а кога ќе влезам дома одвај дишам како маратон да имам трчано.
Да видиш кога ке се породиш, како да ке се преродиш. После раѓање дишам убаво срцево 70 (а 120/130 одеше и под 100 ич на крајот не се симна), викам аууу какво олеснување. Има право Панделка, стиска бебето се, којзнае органиве кој пат го фатиле сите лево десно горе доле а тек бешиката какво олеснување, цел ден да не отидам да мочам после раѓање прв ден.. а одев на 10мин и кога отидов вечерта немаше крај мочај мочај пуу а тоа дека веќе ослободена и цела се пуни пак башка и топлово го прави своето..