Прееска бев на контрола и ми рече да го прекинам аспиринот, па ќе видиме за две недели каква ќе биде ситуација. Начелно добри се и плодова вода и постелка, ама заради шеќерот што е на горна граници рече дека не е сигурна за аспиринот па за две недели ќе исконтролираме. Во меѓувреме ми препорача наместо аспирин редовно да сркнувам лажиче мед со ѓумбир. Тоа било добро за циркулација. Секогаш најдобар лек. И јас така тргнав прееска после работа, ама на крај со празни раце се враатив. нешто ми се помати паметот и ништо не се одлучив да се купам. Честитки за положените испити. А на мали со лесно и побрзо нека поминува. Убаво е да те прочита човек во оваа тема повторно, а и со убави вести. Нека е жива и здрава снјак и честитки до мама @Natasa. P Честитики и за мама @irena.1 да се живи и здрави и да уживаат во гушкање.
@Ano ми фалите Тебе те гушкам најсилно и погали го бебе од мене и синко Искрено кога можам отварам и ве читам која како сте и до кај сте. Дај Боже за наредна бременост пак да си се дружиме тука барем ќе сме си веќе познати и наши Отварам фб и кога видов дека Наташа се породила реков ќе ве известам таман и ќе ве поздравам. Уживајте во бременоста и една по една после во темата Бебе, па таму пак ќе си се дружиме. Ве гушкам сите и ви посакувам со лесно и само со убави мисли. Не зимајте здраво за готово што не вадат од памет докториве во бременост за ситници и глупости. Да знаете дека све ќе си е супер и најубави и здрави бебиња ќе си родите. @stevemila погалија куклата во мешко од мене и синко. Кога ќе доаѓаш во New Born слободно јави ми се ќе пиеме кафе
Лелеее ЧЕСТИТКИИИ ОД СЕ СРЦЕ жива здрава да и е ќеркичката.Многу ми е мило и се радувам ептен. Честиткиии @irena.1 живо здраво да е бебулето гордост да ви е цел живот
@Ano не знаев дека аспиринот за циркулација е поврзан со шеќерот. Јас сум 31 ва недела ми рекоа уште некој ден да го пијам и толку. Инаку на последната крвна слика шеќерот ми беше под граница, не знам зошто нормално се хранам.
Не аспиринот е за циркулација - ако не е добра може да се намали плодова вода, а од покачен шеќер - може да зголеми ниво на плодова. Па она вика да намалам благо, ако се потспушти ниво на плодова, па да зголеми циркулација за да се покачи ниво ако тоа е причина за намалување. Во меѓувреме сум повторно на трансфузиологија ќе видиме и останати параметри. Незнам дали убаво објаснив.
Здраво мамички , убав ден на сите . Јас да се пожалам и да ве прашам за мислење . Денеска од сабајле до сега многу слабо го осеќам бебчето така неколку пати само и како мрзеливо . Како и да икаше малку . Срав ми е да не му е нешто . Обично од сабајле е активно . Дури во среда сум на преглед. Се надевам нормално е . Инаку сум полна 31 недела.
@ada21 Немој да се грижиш има денови кога се поактивни, а кога се мрзливи. А читав една статија дека бебињата во стомак скоро цело време и спијат, мрдаат и во спиење. Е може твоево фатило некоја убава положба па одмара Јади благо, кока кола.. еееее еве денот до каде е, ке мрда до вечер ехеее. Како што ке растат така и нема место да имаат многу и затоа слабо ке мрдаат, они ке пробуваат да мрдаат ама толку им е можноста во просторот тесен Јас синчето мнооогу слабо го осеќав цела бременост, а колкав беше голем... абе како стомак да имав само и толку, ни мрдање, ни изместување, а девојчево од кога мрда лудува, бранови ме изместува Јас да се пофалам тироидната супер, антителата супер, железото 23 три месеци без ништо додатно за железо
@mariz и јас така си се утешив , сега цел ден под стрес ќе сум многу сум паничарка . Супер си ти со железото ехее 23 браво . Мене сега на последната крвна слика ми беше паднато малку под граница а јадам секој ден семе од коприва со мед.
И моето денес нигде го немаше сабајле. Еден час како бев станата немаше мрднато, почнав да се загрижувам. Почнав да му зборам, се свртив на лево, дојде и татко му го погали и почна да мрда. Дури пред малку како едно раче/ноџе да ми залепи на стомак ептен го сетив ко си го галев стомакот Мора и тие да се мрзливи некогаш не се секирај.
@SophiaBella значи сите сме исти . Јас ептен знам да испаничам може и повеќе го исплашувам па не мрда за инат хаха. Сега не го замарам веќе , нека си ужива внатре кога сака нека си мрда
Јас само овошје многу што јадам, пијам цедени сокови со обавезно цвекло во нив.. и тоа за мене повеќе ставам, на екс пијам Јас мислам ме оправи Феррум лек сирупот, три години ваква крвна слика не сум имала... а што не испив да се оправам. Се ми е во супер граници, не џабе вака убаво и лесно се осеќам, со синчето на пораѓај бев со 3ка железо
Здраво мешиња Не пишувам често, немам и што, освен да прашам нешто Тераме 32+5 добри сме. Премногу сум поспана на сабајле пред 12 неможам да станам од кревет. Среќа не ме болат колкови, добро спијам, немам некои тешкотии. Хемороидите не се страшни поминуваат. Си порачав и маст да имам за секој случај. Последниве 2 недели стомакот мислам наеднаш ми порасна и нормално испука како зрела лубеница и бутовите и тие. За бебе скоро се е спремно, денеска мајками ќе ми купи и количка одвај чекам. И ќе дојди да ми ја донеси, сабота ќе тргни недела тука е. Сакала да ме види ах си велам една е мајка и велев да не иди само да ги прати стварите ама таја не. После и август треба да дојди. Ја разбирам сака да ме види бремена со меше Сега ги извадив алиштата што сум купила за бебе и шок премногу се нема шанси се да облечи ама мерак. И плус поклони што ќе добија се мислам каде ќе ставам се, во многу мал стан живееме. И така тоа е. Ме загрижува малку што следен преглед ми е на 5.7 почеток на 9 ти месец и за цтг ништо не ми спомнаја ни па за брисеви се тешам така е овде не сум единствена. Ќе ја замолам @danichap да ми пиши ЛП јас не можам, да те прашам некое зборче
Моево ме разнесе денеска. И ноќеска малку спиев од тоа клоцање. Многу удира во папокот, цел ми е надвор и доста е непријатно кога ќе мавне. Ве боли вас папокот?
@Luna91 кога ти се испапчи папокот ? Мене уште од почеток тоа ми беше страв мн ми е језиво , но сеуште си се навнатре .