Прво ми е на мене. Инаку освен што имам синдром на немирни нозе, во последно и рацете ме болат. Цела ноќ не сум спиела, штом легнам веднаш почнат да болат од плешките надолу, не можам да ја свиткам дланката во тупаница. Кога сум активна не ми е вака. Сега си земав Мг на Natural Wealth обавезно пред спиење пијам едно, нозете малку ми ги смирува, ама рацете никако. Ми се плаче од мака, воопшто не сум наспана.
Јас имав страшни мигренозни главоболки не знам точно ама некаде до 18 та недела одприлика. До лудило. Се консултирав и со Петановски и со мојот матичен доктор и двајцата беа со ист став, задолжително да пијам било какво апче против болки кое ми помага. Значи ми наброија аспирин, кафетин, вентор итн бидејќи поголема штета правам и за мене и за бебе ако трпам болки. Мене конкретно аспиринот најмногу ми помага, мислам дека тоа е лек направен за мене се ми поминува од него. Пиев аспирин ц 500. Сепак консултирај се со твојот доктор најдобро.
Јас имам 33 год. Малата ми има 3 год, и сега уште две на пат Добро се држам досега, освен килограмите
Јас сум 29 Инаку да ви кажам последниве денови ме боли левата нога. Не знам како да објаснам, како да е затегната, потечена, ме боли како удрена. Прво мислев само долу, ама како цела да ме боли од горе, мускулите. Од што може да е? Обично сабајле не, ама попладне и навечер да. Ви се случило ли и вас? Она што ме загрижи е што денес како малку и десната да ме наболува Досега неколку пати ми потекоа стапалата. Еве баш и денес. Ама брзо поминува. И не секој ден. Д-р ми препорача сидерал кесички за крвта малку да ја подобрам. Ама имаат фолна. Ја прашав рече другиве преку еден ден да ги пијам (провен пијам) Што мислите вие, да не е многу фолна? Пие ли некоја од вас?
Јас сум 29 и си ги сакам годините за мајка никогаш не е касно кој порано кој покасно само мајка да не е со празни раце
Јас сите ве прашав што пишувате но не се сетив во моментот сите да ве набројам . Baby brain што да правам . Се извинувам Мили сте ми сите тука и баш ми е мило што има со кој да споделиме и страв и радост и возбуда ..да си дадеме совет и утеха . @Вереничка од спиење на страна е и мене знае да ме заболи како гнила да ми е цела нога . Но после ќе се размрдам и подобро е.
Сте се изнапишале, а јас сега гледам И мене некогаш на допир ме здоболува папукот, а инаку кога седам ми е како и обично нормален (вдлабнат) а кога ќе станам горниот дел минимално ми се испакнува и не го сакам ваков. п.с. јас сум 26 год.
@mariz Иако уште немам меше, ама имам мака со половината. Навечер спијам со перница меѓу нозе. Спас ми е тоа да заспијам
за папукот, имаше една пријателка, се жалеше од болки и ставаше железна пара. јас се чуствувам како 34 години.
Јас полни 36 кон 37 првото ми е две ипол години девојка ѕверка. Вчера бев на клиника на преглед 8 недела, супер наместено, матка чиста, срцева акција има. Се надевм на машко а сите околу мене сакаат уште едно девојченце. Живо здраво полот небитен . На 12 недела скрининг и брисеви, зар уште тогаш може пол да се распознае ????? Инаку маки немам никакви до сега, денес некоја главоболка друго ништо и ми се јаде многу ќе се направам слон ако продолжам вака. Поздрав девојки