Што блазеси му на мажите несмее да ги допре, бар за сега. Моите отечени се ама ништо виддно пораснати, а имам мали и едвај чекам да треба поголем број пралук да земам.
Мешиња вчера ви се пожалив на болки во кичма и колкови.. вечерта ми се грчеше и ме пецкаше лево десно стомакот како контракции (зашто знам како изгледаат веќе, 100%сиг сум дека беа благи контракции). Станував и ноќеска и држев раце на стомак и не осетив мрдање. Денес станав од спиење и еве лежам сеуште како згрчен чудно стомаков, бебето е доле се гледа топче кај е сместено ама не мрдна ич, сега пиев и кока кола и чекам. Само ве тешам ама денес јас извадена од памет сум, глава ме боли ке пукнам.. можеби одмара, ама ако не мрдне што да правам? Многу е активна иначе, ршум ми прави во стомак...
Може си "искусна" мамичка ама во таа недела од бременост е неверојатно да го чувствуваш бебето нон стоп. За мирна глава тркни си на дежурен. Поарно да те видат него да се јадосуваш.
Тоа си реков и јас.. мм искочи да дојде и ако не мрдне бар уште саат време ке одам на дежурен... Ама ич не ми се оди на Гак...
Јас кога паничам одам на дежурен. Си се познавам самата себе. Дур доктор не ме види ничие слично искуство не ме смирува. Си се облекувам и правац Систина
@mariz мила исто како кукла мислам . Сега плус си и исплашена и бебче осеќа . Смири се малку и не мисли на тоа , ќе видиш како ќе мрдне . Инкаку не верувам дека биле контракции . И да биле брекстон тогаш не болат. Може стомакот ти е така нешто чуствителен од некоја храна грчеви и сл . Те гушкам
Ајде мамичка. Само без паника. Па на времево ни нас не ни се мрда. Галете се и одмарај и ако неможеш да се смириш оди било каде нека те ѕирнат. Те гушкаме.
@mariz меше, може вчера бебушка си има зафаќано друга позиција и затоа си имала болки, и сега како што си е застаната не ја осеќаш мн а и сама знаеш дека тие мрдаат а ние не го осеќаме понекогаш. Без паника, ако се малечки се осеќааат.
@mariz која недела беше? Околу 20та не го осеќав секој ден го немаше и по 2 дена. Сепак за мир тркни до ремедика и пиши ни.
Се што кажа е нормално. Матката се шири и резултатот на тоа е благи контракции. Можеш дури и да се радуваш-беба расте, затоа е така...
Еве јас да те утешам сум била на дежурен на ГАК многу беа фини навистина а јас никој не познавам таму. Не се секирај ако само тоа ти е мисла оди и на ГАК секако тоа нема вечно да трае ехо обично 10тина минути и не плаќаш ни денар. Пиши ни обавезно
@mariz Срцка кажи што направи? Си мрдна ли женската? Беше некаде да те ѕирнат? Кажи ни сите те мислат од тука гарантирам Иста сум, повеќето сме такви. Од сабајле рано излеговме, не мрдна ни моево, на јадење, шетање и сега земав кока кола и седнавме да одмориме(на мм му викам демек малку да ми дојде душа, енергија) ама знае тој зошто и еве го размрдав бебчево и ми вика што го "дрогирам" ама пусти мајки такви сме. П.С Кока кола почнав да пијам откако останав трудна.
Леле фала ви мешиња, не мрдна дури чекавме со мм заедно и не мрдна и еве одам на лекар. Може да ми е и премор од вчера, ич не се пазам и не седнувам.. @ada21 не болеше болеше.. туку баш како некое скаменување, влечење на стомакот со морници полазување (вакви ми беа контракциите за раѓање), како пецкање и стомакот камен ми беше дури како боја да смени и отпечаток бел се оставаше на допир.. Денес немам нешто такво, само некоја незгодна минимална болка лево десно доле кај препони (ваљда се ширам, расте матката)... ајде ке ви пишам што сум направила
@mariz мила се ќе биде во ред ќе видиш. Мора повеќе да одмараме, и ние претеруваме понекогаш. Сигурно друга позиција фатила и убаво и e во мешето. Пиши обавезно кога ќе дојдеш. И јас денес мнооогу се заморив. Се пакувам цел ден, стани -клекни по 100 пати, мислам ќе ми падне нешто од доле( вагината) мислиш се пораѓам. Се напив и Утрогестан, вчера се боцнав со Прогестеронска инекција-превентивно,и Магнезиум пијам ама ме боли доле Уффф тешко е верувајте со мали деца и плус бремени.
И јас денес полошо пак ме боли и главата и грлото немам сила ептен ми е лошо и тешко ми иди да се изнаплачам и не спана неколку ноќи и нервозна сум се нервирав дан му штети на синко апчињата ги испив сега во понеделник сум на контрола чај пијам и млеко со горен шеќер ама не помага ова било вирус пазетесе многу е лошо и преносливо незнам што да правам и не можам повеќе да лежам
Еве ме мешиња, докторот рече тронот на мм да го предадам (правосмукалката) Се е во ред, бебе мрдаше, сега па овој доктор ми рече дека е напред постелката, доле малку е ама напред... Ама беше стуткано со едно големо меше, нозете и беа на главата Цервикс супер 4цм. Болките ми биле од тоа што имам премногу голема широка карлица и бебево буквално си е во карлица доле сместено, тоа е добро за раѓање магнезиум слободно по 2 од 400 да пијам рече, парацетамол кога имам поголеми болки. Бебушка потврдено и од него, тежи 422г Добро е ми олесна.. ми рече да си одмарам повеќе ништо друго, фала мешиња што ме мислите и на советите Инаку бебево на ехо клоцаше убаво, мрдаше.. а јас ништо не осеќав и од надвор не беше видливо др рече дека има таква позиција фатено и затоа може не осеќам...
@mariz ете така. Што ќе се туфкаш по дома и ќе паничиш Мило ми е што момата е добра. Сега ручече и правац кревет