@mariz ох душа мила , си клоцка она нежно . Битно ти олесна на душичката . Сега одмарај се и уживај .
Сигурно поради времево не мрдало. И моето бебе беше такво. Па еве и сега кога е вакво vreme времево си спие. Само што вака е полесно го гледам дека е се ок а додека беше во стомак исто така на вакво не мрдаше неколку дена и ме фати паника а мислам дека ти ме тешеше хехехх Поздрав
можно е да, ама и каква позиција имаше човече гимнастирарче.. во топче свитката, колениците на лицето и беа богами ама ми олесна, одма и глава престана да ме боли
Изгледа и моево се изврте скроз. Вчера кога икаше појако се осеќаше ниско долу, кај што му беше главчето, а сега се поткренува над папок кога ика. цело е склупчено на десно, слабо мртка и притиска долу
И моето бебе денес слабо мрда Бог знае што ли прават внатре и како се превртуваат. Само на мама умот и се превртува од грижа, а тие си уживкаат во меше.
Премногу зборувате тука за тоа колку многу и често мрда бебето и си правите филмови после. Бебто е нон стоп во движење. Невозможно е да се сети секое движење.
@eli25 и @fana и јас вчера бев исплашена и цел ден со раце на стомак . Навистина и ние многу се втируваме . Еве денес цел ден мрда си игра внатре Инаку сакам да прашам дали некој планира да купува или веќе купувал од енци менци . Последниот пат кога бев ск ги видов сите работи кои сакам да ги купам па сега само преку веб страната да ги порачам треба . Само не се распрашав баш за поените кои се собираат . Ако знае некој поубаво да ми каже
јас цел ден сум денес во енци менци па баш читав и за поените- повели линк http://www.encimenci.com.mk/bebi-klub
Го имам и тој од 250мг, до скоро тој го пиев ама земав цела кутија од овој на Алкалоид, ке продолжам после пак со него по две од 250мг, супер ми беше со него..
Јас сега кога му реков на докторов во ремедика пијам од 400мг на Алкалоид зашто ми рекоа подобар е тој од апчињата и ми рече кој ти кажа така.. и се насмеа рече океј се и апчињата да си ги пијам тие по две, ако треба и по три. А овој од алкалоид слободно при грчеви и две кесички.
@ada21 Ние купивме количка од енци менци, а вчера купивме и душече. За картичката се доплаќа мислам 50 денари и бериш поени на секој купен производ. Не сум сигурна колку поени треба да собереш ти даваат ваучер мислам 1000 денари за играчка. Преку нет не знам како е со картичката ние од продавница купувавме.
Има и таблетки од 250мг... http://www.zegin.com.mk/sq/home/pro...tml?uuid=251f18ff-ad4d-460e-8c78-9c9d2e1556ea
Јас воопшто не се вознемирувам кога ја нема да мрда. Имам приметено кога сум активна таа си е мирна, убаво и доаѓа внатре. Штом легнам тука е, веднаш се размрда. Па не може секогаш да ги осеќаме
@forumce и моево исто. Ако се движам никаде го нема, движењето мое му доаѓа како нишкање и си нанкат сигурно ама а седнам ете го, гимнастика. Значи на работа по 8/9 саати не го осеќам, ама не се потресувам, не се анализирам мн мн. Понекогаш се мн кратки движења а понекогаш длабоки а понекогаш дури и потскокнувам. Секогаш се и тие различни, некогаш поактивни, некогаш помрзеливи исто како и ние