А која недела стигна? И јас бев иста од 17та недела почнав да осеќам нешто ама се убедував дека се цревата, тоа траеше две недели. Во 19та веќе почна да станува очигледно дека е бебе
Колку е тажен денов, тажна и јас и времево и сите дома Не спиев цела ноќ од плачење на кучето кое ни беше болно веќе некое време, станав дури го будев мм му викам дај му кетонал жити се три саати веќе офка.. и таман стана мм престана кучево и се врати во кревет. И сабајле си станувам офка пак и кога искочив надвор што да видам.. многу неубава глетка, викнавме ветеринар да му ги спаси маките. Старо 9 години кане корсо, денес го успаа.. сите дома сме тажни, јас се изнаплакав уште од сабајле кога го видов... мм ми вика не плачи ама какво беше тажно кучево како да не плачев И така јас денес со негатива ама тоа е.. не верувам дека ке останеме без куче ке си земеме друго... Јас колку толку да помогнам низ двор, дома, за секој случај дезинфекција ке ни прават, иако анализите од крвта океј му беа..
Среќен роденден и од мене @stevemila саде убајни и прекраснотии, да си дочекаш многу многу убави дни пред тебе!
Среќен роденден, @stevemila , верувам дека догодина ќе биде уште посреќен, во проширен состав, сите заедно
Оф бе срцка. Ме растревожи и мене. Знам колку се сака милениче... Нека му е лесна земја. Кане корсо е раса со многу здравствени проблеми. Ајде така требало да биде битно живеело сакано во љубов земете си пак кученце нема да згрешите
9 год сепак, а мислам големиве раси помалку живеат од помалите... штета само што се мачеше многу време. А за друго обавезно ке земеме, мора куче во двор, само сакаме некоја друга раса сега.. исто големко да расте. Ке го прежалиме некако, еве чистиме во двор и некако чудно, глупо е без него... Криптон се викаше, а синко Пико го викаше. Најлошото најтажно е ова во чувањето куче.
@stevemila среќен роденден се најубаво да сте здрави и живи в година со принцезата во раце свеќи ќе си дувате Јас денес супер мајками дојде се гледаме по 10 месеци. Ми ја донесе количката и еден куп други работи за бебуш
Мислам дека ова е една од причините поради која не би чувала домашно милениче. Израсната сум на село, со животни, ама друго е тоа. Домашно со кое би спиела и јадела, мислам дека поинаку се доживува.
@mariz мила мноогу убаво знам како се чувствуваш Јас чував дома куче до пред 2 години и ни беше буквално како член од семејството. За жал се разболе и морав да минам мн. стресен период.. Уште си плачам кога ќе си помислам колку само ми фали, а и колку беше тешко во последниот месец од неговиот живот. По неколку месеци купивме др. кученце кое за жал ни живееше само 1 месец.. и никој од ветеринарите не знаеше од што почина. Минав низ огромни стресови и паднав во депресија од мака. Сега за сега јас не би земала пак бидејки претерано се приврзувам и после тоа мн. страдам. Си кажав кога ќе имам деца здравје ќе им земам кученце, но сега за сега не. п.с. Среќен Роденден @stevemila , догодина со ќеркичката да си го славиш.
Ние имаме голема куќа, двор.. и мора куче кај нас (со куче и тоа имаат пробувано да обиваат). Ни нашево не знаат од што умре, а 5м го лечеа.. страшно изгледаше последниов месец и поради него ни синко во двор не го носев, мирисаше веќе многу лошо и влакната му паѓаа, а денес многу неубава слика имав Јас му предлагав на мм да не зимаме одма друго куче.. но мислам нема да можам да издржам без кутре во дворов, премногу чудно е. Мислам боље што побрзо да земеме за да пркне летово, зашто јас дома сама сум до 5 и синко + мало бебе + бебе куче ке ми биде забава
Женски притисокот го мерев сега малку чуден е 110/40. Малку осеќам и како тахикардија. Нели малиот е пренизок во споредба со големиот. Страшно е ова или?