@Ano @pandelka @delvi фала ви многу малце се потсмирив му се изнаизвинив на бебе за стресот но неможев да се исконтролирам...Да на Сител кажаа...а вести не гледам зјапав во мов.на фб и ми влезе во уши бременост мајки и така се начурлив со ушите и поарно да беше друг канал да не слушнев но така требало...Само Господ на помош и со нас сите да е
Па незнам кога беше за последно 33 или 36 , како и да е работава беше да ми земат и да ги носам во авицена ако може..
Te razbiram mnogu dobro.Vo ista situacija sum.Eve sama sum.Nemoze da te razbere nekoj so ne pominal niz toa.Sega koga mi treba najmnogu go nema.No bidi silna.Znaes ovaa zrtva za sto i za kogo e.Ke prebrodime se.Nie sme jaki zenski.
Ќе издржите. Се за вашето бебче. Мене маж ми ми е најголема поддршка. Некако така сум навикната ако не е покрај мене навечер да е отиден некаде на пат јас цела ноќ будна останувам. Ама ако би морал да отиде ќе стиснам заби и тоа е. Не се нервирај сега барем е полесно од порано интернет ќе си се гледате. А кога ќе се врати ќе надоместите.
Не се нервирај, само прават некои истражувања и лупаат глупости. Јас со првата бременост имав 39 неколку дена мртва болна бев па еве го синчево збори дрнда, активно и нормално како секое дете. А 36.8/36.9 на времево жешко ај да не е покачена... не се нервирај и не мери мн мн температура
Јас вести не слушам со години од тие причини. Кај нас повеќе не постои новинарство за жал. @pile30 твоето не е ни висока температура. Само лупаат нешто ќе слушнат па се прават паметни. Така да заборави го тоа
Добро утро мешиња! Само да ве поздравам и да ви посакам денот да ви биде убав и релаксиран без нервози и стресови! Јас малку ненаспиена, не знам зошто ама при толкава потреба за сон јас сепак не можам убаво да спијам. Ако се разбудам во 3 тогаш до 4 не можам да спијам... А рано ми е за таков склет, ехее тек следи периодот кога од киселини, преткање на бебуле и од голем стомак нема да се спие. Ич не знам од кои причини имам немирен сон, ама се надевам брзо да мине. Ајде, бегам сега... па се читкаме до после! Уште еднаш УБАВ ДЕН!
И јас веќе неколку ноќи никако да заспијам Во вц сум на секои 10 минути,ми се смачи веќе Денес го испив последниот антибиотик што ми дадоа за бешиката,подобрување 0 Не ми се оди веќе по доктори,аман како сум останата бремена преку 4 дози антибиотици имам примено Незнам колку е штетно за бебе,овие велат нема ништо Другиот четврток скрининг,се надевам ке помине се во најдобар ред,многу сум исплашена за бебе
Ве пратам редовно мешиња, но ретко пишувам. Од утре влагаме 38ма недела Не ми се верува уште 2 недели и ќе си ја гушнам мојата принцеза. Вчера се отепав од работа бришев прозорци па мењававме гарнитура нова, па завеси и денес си ветив ништо нема да чепнам А мм само вика по мене а пак јас сакам кога ќе ни дојде бебушка све цакум пакум да ми е. Помош немам од никој свеки нема да дојде ни кога ќе се породам не може да дојде поради работата. Но тоа е тоа и без неа како и досега ќе преживеам ☺☺☺☺
Здраво и од мене. Најпрво убав ден на сите. Денес си се наспав до кај 9, доручковав и пијам кафенце. Треба да одам да купам за дома нешто до пазар и да побрзам дури не е многу жешко. Бебушка само мрда, единствено вчера беше помирна во мешето. 38 недела и не ми се чека повеќе, едвај чекам да се гушкаме. Викаат дека кога ке почнат киселини да се јавуваат ке биде и раѓањето за брзо. Јас се надевам дека е вистина,завчера не можев да спијам од киселини. Поздрав до сите.
Јас според бебе, 2 недели е помало, зато шо е покасно зачнато. Според бебе сум 29+1, според циклус 31+1.
@SophiaBella @kukla21 Јас денес сум 10+5 од циклус А од бебе 10 точно. Баш сум за некој ден на контрола и таму ќе прашам Кога ќе ме праша некој колку недели сум незнам колку да кажам
@forumce ако ти е утеха некоја пола бременост ја минав сама, и еве сега пак сум сама, детево ми се чини сама го исчував откако се роди постојано оди да работи. Кога му се пружа шанса нека ја граба, зашто тука просперитет нема. @pile30 јас во 14 недела настинав и качував тт до 37.5 не се ни напив парацетамол природно ја симнував. Докторот ми рече над 38-38.5 да се напијам.
а какви проблеми имаше со бешиката и какви антибиотици пиеше...мене ми најдоа некоја бактерија протеус миравилис ли така нешто, ама засега не ми даде антибиотици...
Јас по првото ехо се водам, бидејки по менструацијата ми се разликуваше 6 дена. По менструацијата сум 21+6, а според први две ехо прегледи сум 21 полни денеска. Бебушка порасна и според големината веќе сум изедначена со менструацијата, но сепак ке се водам како првиот пат. Како и да е од 25 Окт до 31 би требало да се породам, според менструацијата 25ти ми е термин, ама јас си давам некои 8+ дена од тоа
Докторот си рачуна по менструација, ама јас знам точно кога е зачнато ден+/- и според големината си одговара точно на моите пресметки. Затоа си рачунам по бебето.