И јас не спијам, си дремам на фемина Ама на сабајле си поспивам па затоа сега си поседувам. За мешињата ваши
Ништо не ми помага кожава ми е како кога ке се исончаш премногу и ми се лупи а ми се спие не можам да спијам
Ајде добро утро женички толку беше од моето спиење. Неможам веќе да се вртам меше тежи 31 недела сме на десна страна па никако не можам да спијам. А жешково уште толку смета почнуваат неспаните ноќи само ќе издржиме се за нашите бебуши
Гледам сите пишувате за неспиење од времево. Мене па чудно не ми смета. Штом ќе легнам заспивам ама од кошмари ми е страв да спијам. Само глупости сонувам и си викам поарно будна да сум уффф незнам што ќе правам. Инаку мешко тежи и кога се вртам имам силна болка во препони. За станување ми треба исто време. Спијам само на лева страна и на грб. На десна страна ме боли стомакот незнам зошто и нема шанси.
Леле и јас што соништа имам! Апликацијава вика повеќе се сеќаваме и поживописно ги доживуваме бидејќи често одиме на пишкање @eli25 остај ти клима. На природна "ладноќа" е поубаво
Мешиња здраво Ние сме добри, откако паднав малку овие денови ме немаше, како да бев искарана се обидував да се смирам и мисли што би било кога би било, и добро што ништо не било и така. Сега се трудам да бидам повнимателна. Но со стомачево кое почна да ми тежи 27+ сме и со ова ужасно топло време тешко ми оди Немам рамнотежа, потешко се движам, мешето втора фаза растење почна и затегнато ми е, тврдо, ме тегне надолу и малку килце плус, тежина која сум ја немала одамнааа и не се снаоѓам баш Исто и јас не можам да спијам, имам перница за трудници и добро беше досега, ама немам веќе положба, не знам како, не можам ни да се вртам, тешко станувам и јас, земам залет што вика мм Инаку жешково ме убива, се осеќам дезориентирана, како без воздух, не знам дали е и тоа што крвта малку ми беше заслабната или од топлово само, ама се прозевам често, осеќам тежина и како да ми се врти паметот што ми останал Добро беше овие два месеци го средив проблемот со варење на храна немав болки во стомаков, но последнава недела пак почнаа. Не помага ни провенот веќе, а јас и се опуштив во врска со храната(јадам се и сешто) ќе морам посериозно да повнимавам пак затоа што секој ден имам проблем , ме стега ме боли и мислам ќе пукнам. Ете така да си се пожалам и јас Ве и многу
Јас од минатиот Понеделник сум на боледување,и сега незнам дали е 7 дена или 14, докторот мој си заминал на одмор и никој не се јавува во ординација.Дали да седам до Петок до тогаш се 12 дена или да одам на раб?
Дур не го затвори боледувањето, тоа е отворено. Треба да се јавиш на лекар некаде кон 15тиот ден доколку сакаш да го затвориш/продолжиш.
Па не баш. Матичен без мислење од специјалист, повеќе од 5 дена не би требало да дава. Има правилник за издавање боледување и јасно е регулирано како иде постапката.
Тие што се 30-35 недела , како го чуствувате мрдањето? Мене ми се поднамали нема клоцање , само го чуствувам како се подмрднува . Исто кога лежам на лева страна и се завртам на грб цело е на лево и обратно .
Морам да те цитирам матичем гинеколог дава од него 15 дена боледување а повеќе од 15 дена те упатува на специјалист гинеколог во државниве клиники јас лани така поминував со боледувањето он има право како гинеколог да даде од него не е општ доктор
@ada21 исто Знаеш јас и ти исто тераме . Ретко клоца,само се испапчува на различни места. Исто после лежење се гледа испакнато на едно место-лево или десно. И се истргнува, цел стомак се развлекува.
Матичен дава до 15, ама после 5 дена мора да има специјалистичко мислење како поткрепа. Прочитај го правилникот.
Етака де јас реков дава 15 дена ако не ме разбра убаво што и пишав погоре на членката. Ако боледувањето ти е од матичен гинеколог имаш право да го користиш 15 календарски дена
Happy, happy, happy   конечно мрднаа бебушките.   Седам под клима се ладам и само осеќам клоцање. Аууууу конечноооо. Едвај дишам,а треба да одам по малата да ја земам од градинкс. Уфф на овие горештини.
@iki26 јас почнав да ги осеќам минатата недела, точно 21+1 и сега по цел ден имаат журка а и на скринингот видовме како машкото го закача женското, смешки
И јас се повеќе го осеќам испапчено на едно место, се мести изгледа. Само последниве денови потврд ми е стомакот и ме затега.. имате такви симптоми?
Не да е тврд стомакот, мислам ке пукне, а посебно кога се испапчува од една страна. Секако дека е нормално тоа да се случува.
@eli25 даа , најслично сме двете . А и бебчињата слични карактери се изгледа @IvanaCS мене ми е мн затегнат стомакот како топкичка , посебно кога стојам . @iki26 многу ме израдувааа , уживај сега . Неможам да замислам какво е со две . Си играат внатре