Јас сум во 10 недела болки во грбот одбивност при секое јаденје буквално живеам од нектаринки цаеви и компирир, али ништо не ми е тешко со задоволство се справувам со сите слатки маки. Утре имам преглед и едвај чекам да го видам и ја слушнам срцевата реакција. Поздрав до сите мамички и дојдете кај мене ако сакате да се наспиете и да избегате од жеското. Моментално температурата е 20С. добри би ми дошло едно кафе во друштво
Ми се јаде и не ми се јаде истовремено! Чувствувам потреба за сон а не можам да заспијам! Промени во расположението - во период од еден час се смејам, се лутам, плачам, пејам... Изгледа го исфорсирав муабетов ,,не ми е ништо, супер се осеќам,, па сите околу мене заборавија дека сум трудна и дека ми треба малце помош (пр. да ми го причуваа детето за бар еден час да дремнам). Не сум тој тип да кука и да биде болна наместо трудна, ама жени бре стварно сила немам, и жешкото уште толку ме исцрпува! Барем малата цел ден ми дава енергија, цел ден ми го бакнува стомакот и ми вели ,, моето бебе, сакам те,, Е за ова вреди се да се издржи, и вреди да се игнорират оние зајадливи коментари ,,што ти е, нели спиеше синоќа,, Е што ми е де, трудна сум и сакам уште да спијам! И сега дури ви пишам ММ ми вели - нели ќе спиеше? Ок де, цел ден сакам да спијам ама немаше услови за тоа, сега сакам да се релаксирам пред лаптопот! Не ми се погодува и мене, ама ајде, утре е нов ден, белким ќе го минам во подобро расположение! ДОбра ноќ буцки! Погалете си ги мешињата за слатко сонче!
Едвај чекам преглед на 5 јули да видам дали ќе ми земи брис матичниот. Јас не верувам... Ми останува само да се надевам и да се молам дека немам некоја бактерија. 35+2 ќе бидам тогаш.
Мешиња добро утро Не можам да спијам од топло, од склет и не знам од што. Воопшто не се осеќам убаво, без енергија, омалаксано, ми се врти памет, само воздивнувам, и сакам да си прилегнам. Не знам што ми е ама не ми се допаѓа Со низок притисок сум во принцип, ама немам апаратче па не знам дали е тоа. Крвта пред две недели хемоглобинот ми беше 10, железо 12 ..не знам дали од тоа ми е, да не паднала уште надолу.(Д-р ми рече можам да земам сидерал фолико, ама едно ми беа скапи, друго имаат фолна, па ќе морав да ги прекинам провенот и тие се со фолна, а многу ми помагаат околу варење на храна, иако последниве денови не баш ) Има ли некоја со слични симптоми, со слична состојба? Се загрижив што ми е пак сега, цело лето е пред мене имам уште многу, а се осеќам како да немам сила не знам дали е од бременоста, дали е потсвесно од размислување што и како од грижи или сепак нешто физички се случува. Само знам дека неколку дена не сум таа што бев и тоа многу ме загрижува
Ko jas da sum go pisuvala postot.Isto se osekam.Mene zelezoto mi e 6.Pijam heferol.Ne sum spiela cela vecer.Se zivo otvoreno doma demek za promaja a ne ni osekam.So zatnat nos sum.Nemozam klimata da ja podnesam iako taa raboti jas sum u spalna preku den
Сите сме така овој период. Топлото на сите ни смета. Во 1 ипол заспав, а во 6 се разбудив и не можам да заспијам. Јас па напротив кога ми е слаба крвта на спиење ме тера, се осеќам изнемоштено, а сега и покрај тоа што ептен малку спијам имам енергија преку цел ден.
Еве сум пак и јас! Спиев ли синоќа?!?! Сто пати станав де за во тоалет, де вода да пијам, де клима да вклучам, па да исклучам. Се шетам цела ноќ од спална па во дневна... секаде ми е топло! А кај ми е крајот, уште стомак немам а позиција на спиење не можам да си погодам! Зборот ми е, допрва ќе биде интересно со стомак до заби! Туку се будам и гледам на стомак спијам неколкупати цо ноќта. Сега чекам малата да стане и да започнеме со денот. Убав ден на сите!
Многу долго ве читам, цела бременост...секоја од вас што почесто пишува веќе чувствувам ко да ја познавам. Во најголем дел од постовите се пронаоѓам и јас, 33+6 сум денес ги делам голем број од стравовите со вас. На сите ни посакувам на крај од ова патување само убава завршница со бебенца живо здрави во прегратка
Исти сме мешиња сите, вруќинава не скина. Не се издржува топлото. И јас во 01:30часот заспав,па стани-легни на секои сат време правев од што ми беше топло. Станата сум од 07:00 часот малата во градинка оди па да ја спремам. Секој ден кисела вода по 2 л. пијам од Добра Вода со лимун што е па ме освежува по малце. Планина е само спасот за топлово. И јас денес сакав крвна слика да направам но ме мрзи, ќе оставам за утре. Гушкииии
Јас мака со жешково не сум видела. Дома ми е топ температурата, а клима не пуштаме. Навечер за спиење се покривам со кебенце Станот ни е меѓу дрва и внатре е прекрасно за седење, навечер пирка од Водно А пилињата како црцорат сабајле како на планина да сум Се испофалив. Кој е за раат - бујрум на поседок
Исто како кај сестра ми, куќата им е доле кај Водно.. тие куќи таму сите така се изградени, како малку накосо во земја и внатре е како да има пуштено клима на 20 Внатре ако спиеш и преку ден, мора да се покриеш со нешто тенко.. а навечер кебенце обавезно Не сум и јас за жалење до душа, исто и кај мене населбава е некој степен разлика со другите населби, малку на високо сум и јас Пред некој ден тргнав на гости со синчево кај другарка во Аеродром, леле кога излегов од такси кога ме удри жешкото.. е тогаш баш жешко жешко осетив... @Вереничка обавезно пак проверка на крвна слика.. мене бар тие ми беа симптомите на ниско железо.. поспаност, вртоглавици, енергија немав ни 5мин да стојам на нозе...
Овде е задолжителен брисот за стрептокока,сигурно ке ти земе Мене 37+2 ми имаат земено (се породив по 4 дена)резултатот е готов дури си внатре кај докторот (барем кај мене беше така) Него за скриен шекер кога испитуваат? На последната контрола добив флаерче ама не ми рекоа кога точно Се изнапишав и на крај си помислив да не те побркав со некоја друга членка И ти живееш Германија така?
Добро утро мешенца, за жешко се жалам преку ден. Затоа сум дома до 18 и немам галје. За спиење уште немам мака, легнувам и одма заспивам. Е тоа што станувам за во вц по 5пати на вечер е друга приказна Сакам да ве прашам, понеделник ќе правам приска, брисеви-мокрача.. Е сега Плодност имав проверено крв 2пати. Супер беше, ама не разбирам нигде за железо дали има. можам да побарам од матичниот само за тоа или да си направам комплетна??? Спојлер: Слика
Не да ми смета жешково уф па у синое вечерав абе цркнав цела ноќ од киселини ,се навлеков на пепси страшно по двр три чаши убаво изладена и одма плус на вагата,морам да скратам едвај чекам да се олеснам, последниот месец ептен споро ми минува.И кај мене слабо мрда сега повеќе се тегне од една на друга страна, и цел стомак ми се стврднува, ама обавезно а ја ставам ќерка во скут го допре меше абе веднаш ја осеќа и мрднува мм вели уште сега се поврзани .
Добар ден и од нас конечно можам да кажам дека јас спиев без чешање и жештини сега се будев на секое ама поради мажот ми многу грчи уште не сум станала си лежиме во спална ладно ни е.А за испитување за стрептокоха кога правев еднаш кај матичниот излезе позитивен и ми даде чепчина а кога појдов во плоднос му кажав на докторот ми рече дека немало потреба ке ми даделе пред порајѓај денес влеговме во 7ми се чуствувам супер а за топлово пиете топли чаеви не ладно да видите колку посвежи ке сте *
Во овие слики што си ги објавила нема железо. Ако одиш кај матичниот кажи му да ти даде упат за железо и крвна слика или па ако одиш приватно можеш да му кажеш сакам анализи за железо и крвна слика.
ДОБАР ДЕН МАМИЧКИ. КЕ МОЖЕ ЛИ НЕКОЈ ДА МИ ОБЈАСНИ ШТО Е токсоплазмоза ДЕНЕС МИ ЗЊДЊО КРВ ДА МИ НАПРАВАТ ТЕСТ ЗА ТОА. ДОКТОРКАТА МЕ ПРАША ДАЛИ САКАМ И ЈАС РЕКОВ ДА. СЕКОЈ СОВЕТ Е ДОБРЕДОЈДЕН
Австрија сум јас. Спојлер Ваљда исто е. Еве кај сме На граница сум со Германија, ако си блиску ајде на кафе Од како сум овде кафе со никој немам пијано освен со мм За шеќер мене ми рекоја од 25 до 28 недела и јас испитав кога бев 25+4. Ти на колку време одиш на контроли? Јас обавезно на 4 недели на помалку НЕ. Сега сум на 5 јули а на 8 влегувам 9 ти, незнам колку прегледи ќе имам во 9 ти И јас незнам баш убо германски да зборувам Само го прашувам докторот alles ok и тој ми вели ja ja alles ist ok super тоа е се. И плус кажува за бебето мерки тежина тоа барем разбирам. Како ќе одам на пораѓање незнам. Ти знаиш да зборуваш? Кога се пораѓаше со малата знаеше?