Нормално е Ивановичка, секое боцкање, бодежи како што велиш ти ту од лева ту од десна страна е сосем нормално, само да не е пропратено со болки неиздржливи,нели, другото е нормално, не грижи се и уживкај Инаку и јас да си кажам дека денес се чувствувам баш одморенко и многу подобро од вчера, не ми се лоши и станав пред некој саат време и доручкував лепче и маргаринче , па така сега ми е мн.подобро, дај Боже и цел ден вака да ми биде. Се мислам дали да си направам и јас кафенце, како што неам пиено веќе долго време, поради бременоста, сега некако стрв ме фати од МеУ Ај ќе одам да си направам па кој е за друштво, слободно повелелее , во душтвo e poslatko
Еј за бодежот ич не се секирај, нормално е, допрва ќе го има почесто и мене ми почна така некако накај 13-14недела, море и појако ќе станува, а пак кога ќе почнеш за некој ден да осеќаш и попачето како ти го тегне некој од внатре вонземјани во стомак Јас до пред да останам бремена многу ретко пиев кафе, во месецот 3-4пати дали ми се фаќаше. А од кгоа сум бремена многу ми е слатко, сакам кога е сварено да го мирисам, иако не сум пиела турско, само 3во 1 пијам по едно на ден, а понекогаш ни едно едит калиас на здравје нека ти е. Инаку совет од мене, јас само маргарин и сирење можев да јадам а да не ми се лоши, само не знаеш каков целулит си направив од тој маргарин, колку само се каам. Ако можеш избегавај го целосно
Гледај да имаш некои бисквити или крекери и вода секогаш во ташна. И мене ми се слошува така нагло и само ако каснам нешто малце одма ми се смируваат симптомите.
Од времето е тоа јас лани кога бев бремена во најтоплиот период бев во Скопје 40 степени. Два пати излегов да купам нешто и два пати ми се слошуваше ,Наеднаш ми се темни и припаѓам . лошо искуство Многу течности да се пијат , овошје исто така . Мене и притисокот ми беше ептен низок па и железо ми препишаа да пијам . А и да се избегнува шетање во најтоплото Дома под клима
наздравје на сите кафенцето, и јас би сакала да можам да се напијам, ама од мај месец некаде ич неможам да го пијам, а пак ми мириса многу убаво а инаку и јас обавезно еднаш во денот си јадам маргарин на лепче со кечап и јогурт обавезно, ехеххее нема шанса да го избегнам
ај сеа повелете на праски, малку на поздраво отидов. Еј женски среќа што ве имам тука, инаку ќе се збудалам по цел ден дома сама. Маж ми на работа до 17ч, а денес ќе одел и на фудбал, што значи до 23ч сум сама. Лудило ќе ме фати
Мене од маргаринот не ми е лошо само, го јадам за да работи организмот да не е празен желудникот нели, а за целулит јас си имам од други работи , од маргаринот ни малку не е, бидејќи уште од мала си јадам со лепче и целулит ни грамче немав до пред 2 години откако почнав да јадам секакви глупости, брза храна, гиро, пици и разни тракатанци и така ми се наталожи многу целулит и таман си мислев да почнам да вежбам и да си воведам здрава исхрана кога ете останав бремена, па ајде после порагај секако ќе се фрлам на диети и вежбање
Леле и ти колешка како мене ... и јас сама по дома цел ден мм и тој на работа кога до 18 а ако заглави со некого и до 22 и покасно па јас како утка сама или филм гледам или музика слушам или овде на форум читам и читам. Ништо феминки слободни да организираме труднички собир некаде
Лелел не знаеш колку пати помислив на тој собир, ама ај викам да не се правам најпаметна може сакаат женските да си бидат анонимни. Ама како анонимни кога од килметар се познаваме со мешковците Аааа ивановичка ако си од ск треба да се дружиме ние две дефинитивно
МеУ те разбирам тотално и јас сум како тебе, по цел ден сум сама, иаме кафич и мм по цел ден мора да е таму, одсабајле си има персонал, но нонстоп нешто ќе затреба и мора да е таму, а од попладне 5,6 часот па до затварање, т.е. 4,5,6 сабајле е секоја вечер , така да јас сум може да се каже по цел ден и цела ноќ, сама, кога се враќа ноќеска некогаш не го ни забележувам, ама тоа е, мора да се работи, инаку да седи по цел ден дома со мене, а да немаме пари што ќе ни е, така да се навикнав јас веќе, само што ми е досадно многу и ако немав и интернет не знам што би правела навистина, плус во друга држава сум, сама, немам никој тука близок и е многу тешко
навистина и мене ми е многу убаво на душичкава кога јадам маргарин со јогурт, искрено не ставам многу маргарин на лепчето ама така од секогаш си јадам а некако не се замарам со килограмите затоа што знам дека како и да е ке се здебелам, таков ми е организмот, цело време пред да останам бремена внимавав како јадам , и избегнував многу јадења, ама сега неможам ама после ке се вратиме во форма, тамам ке не фати зима па до другото лето ке бидиме сите шланг
Барем(колку што приметив) си уживате по дома, па макар и сами. Јас секој ден на работа до кај 17 часот. Кога ќе дојдам дома, ни маж ми се гледа ни друштво ми треба. Само двосед, перница и телевизор
и јас несум ништо поарна од вас, мажево мое е трета смена на работа, и во 8 сатот си дојде и сега ке спие до кај 20 сатот вечер, и јас цел ден сама и умирам од досада, а станата сум од седум сатот вие што си сте од ск може да си се видите
Од Скопје сум да по центар се движам упс сега почнувам да се тркалам ма треба да направиме собир стварно што да не
И јас сум за собир. Прифаќаме и да чекаме ако има кандидати од другите градови љубица јас да знаеш како фино си држев диета , па и апчиња за слабеење, па и чаеви чуда пред да останам бремена, ма и сум останала а си пиев се тоа, будала работа. Отиде се тоа во вода, пред 3недели бев 10кг поправена, сега сигурно имам уште +2кг, но да ти кажам па , полесно ми влегуваат алиштата, може и грешам. Како и да е, јадам многу овошје, а малку леб . Во секој случај што биде нека биде, а наредното лето повторно ќе си бидам јас, здравје до тогаш.
е да знаете како ми се шетка, ама ова време пекол е , ајде наесен да подзалади малку јас години наназад имав една иста килажа ама сега се опуштив, ама како и да е наредното лето ви реков сите ке бидиме како манекенки, тамам ке имаме цела зима за слабеење
АЈДЕ СОНЦЕ НЕ СИ САМА НЕ ИМАШ СИТЕ НАС ТУКА СМЕ ЗА ТЕБЕ И МЕНЕ СТЕ МИ СИТЕ ВИЕ КАКО ЕДНО СЕМЕЈСТВО ОВДЕ И ШТО БИ ЈАС БЕЗ ВАС... ТАКА И ТИ НЕ ИМАШ СИТЕ НАС ТУКА. поздравче се враќам за едно пола саат одам да купам сладолед ќе ми пукне душичка АЈДЕ СИТЕ А СЛАДОЛЕД.......
Ајде повелете сите кај мене дома на сладолед , имам готов од ванила, јагода и чоколаден, колку порции да ставам одма одам и ве чекам сите кои обожаваат сладолед