Труднички муабети

Discussion in 'Бременост' started by meU, Jul 23, 2012.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    1,646
    Likes Received:
    8,388
    Да, да сигурно имам покасно овулација имам синдром на полицистични јајници и тоа ми добаѓаше на 3-4 месеци и докторот го тоа знаеше и затоа не е загрижен, еднаш не ми дојде цели 6м.Инаку не знам колку си ми ги читала претходните мислења на почетокот се сомневаше на вонматерична бременост оти поради задоцнетата овулација плодот беше многу мал и воопшто не се гледаше на ехото, а тестовите за бременост беа позитивни.
     
  2. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Joined:
    Jun 6, 2011
    Messages:
    1,258
    Likes Received:
    2,391
    fiary мила немој ич да се секираш за тоа дека помал бил плодот , мене на почетокот ми го направиа исто вонматерично, па ајде послем трудна си ама мало е па ова она.. никој не може да знае кога си останала бремена еве и јас и ден денес не знам кога точно сум останала бремена, а како што кажав прво ми го направија мал плодот , а послем пак голем .. свашта.. ич не се секирај за тоа гледај да е живо и здраво да е се во ред со него а тоа мал, голем ич да не те загрижува..
    поздрав и со лесно нека ти е :)
     
    fairy88 likes this.
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    3,782
    Likes Received:
    6,987
    И кај мене е така, според последна менструација сум веќе 18 недели, а според ехото сум 17 недела, значи 7 дена поназад, но уште на првиот преглед ме праша докторката дали имам редовен мензис и и реков дена не, не ми доага никогаш на истата дата туку секогаш ми касни по некој ден и затоа и таа не беше загрижена туку ми рече дека си е нормално тоа, и псоле наредните контроли плодот си се развива нормално по ехото значи како што си покажува дека сум една недела поназад и така си рачунам и јас која недела сум, сега на пример тиерот ми е ставен според последна менструација, но јас сепак си рачунам - една недела за посигурно :)
     
    fairy88 likes this.
  4. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    1,646
    Likes Received:
    8,388
    Да ви кажам не се плашам току за неделите колку за ова погоре што напишав, не знам точно херпесот како влиае на плодот, а многу ми е голем до душа 3 се огромни устата не ми се познава кај ми е,а од згоре на тоа не се консултирав со геникологот и се мачкав херпесан.Он ми кажа абе не треба да е ништо ама направи ваква фаца :?:
     
  5. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Joined:
    Dec 14, 2010
    Messages:
    1,540
    Likes Received:
    560
    да ти кажам право, јас на почетокот на бременоста ( незнаев дека сум бремена ) имав некоја алергија на лицето и на своја рака си се намачкав декотал, исто си се напив и аналгин затоа што ме болеше стомак мислев дека ке ми дојди... јас мислам да не се секираш , затоа што ако имало нешто ептем штетно од херпесанот сигурно ке ти кажел докторот ;)
    или за да си помирна пробај побарај на гоогле сигурно ке најдиш нешто за херпеси во бременоста
     
    fairy88 likes this.
  6. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,058
    Веќе кажац дека за херпесот и херпесанот не треба да се грижиш.
    А инаку за лекови и јас на почеток мислев дека ќе добијам, многу ме болеше стомакот, па пиев бруфен, а и апчиња и чаеви за слабеење. Уживај и не се секирај за тоа.
     
    fairy88 likes this.
  7. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Joined:
    Jun 6, 2011
    Messages:
    1,258
    Likes Received:
    2,391
    исто и јас пред да дознаам дека сум бремена, си пиев аналгин и раптен за забот.. Така да уживај ..
     
    fairy88 likes this.
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Joined:
    Jun 23, 2011
    Messages:
    1,851
    Likes Received:
    760
    меу како си ми ти денес??подобра си???
    fairy88 ич да не се косиш што е помал плодот опасно е ако се е стално таман со неделите според менст и според ехото и ако наеднаш почне да заостанува со развојот
    и кај мене стално керка ми беше со 2 недели стално назад и му казав на гинекологот дека на 23 ден од циклус сум останата бремена и дека стално ми касне по една недела и така си беше до крај дури и 16 дена над термин се породив значи точно на време тиа 2 недели што беше назад таман си ги поседи на крај после термин одмарај те си и узивајте си и не се змарајте со ништо како што викам јас пустето го мозокот на пасење хахахаххах :* :* :* :* :* за ситее
     
    anule88 and fairy88 like this.
  9. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,058
    Добро сум ева11 :*
    Денес прошетав малку, до продавница и пазар, кратко беше , ама важно излегов од дома. Добро се осеќам , ме занимава сопругот да ми е жив и здрав :$ не ме остава да ми е мачно, постојано правиме нешто, дали филмови ќе гледаме, заедно книги си читаме... само до вторник ми е на одмор, после ќе биде маката :?:
    Некако имам чувство дека многу бавно ми минуваат деновите, како за инат, вака кога ќе направам една ретроспектива брзо прошло се, ама ден за ден убива, од бавно по бавно :geek:

    Инаку за ова доцнење со неделите, мене овулација ми е точно 10дена пред цклус, што пак е задоцнета, зошто нели треба да биде две недели, но добро се работи за некој ден само. Фала Боже до сега на ехо неделите ми се совпаѓаат, така да не сум имала потреба да се вадам од памет, па затоа и не придавам значење на тоа кој ден што како. А да, јас точно знам кој ден сум останата бремена, тој месец не бевме нешто баш ативни, поточно не ни правевме бебе, едноставно се случи. :$
     
  10. anule88

    anule88 Истакнат член

    Joined:
    Jul 29, 2012
    Messages:
    415
    Likes Received:
    214
    Абе страшна работа, абе ни пријател помагат ни ништо со другарка бев ојдена на која му е матичен веќе ама ништо ни од тоа :@
    Абе Меу во ова луда држава се има еве чисти пример на пациент сум на кој му е речено дека на почеток од месец се пишеле матични, а знам дека си земаат податоци ги пишат картончината за во фондот и ги пуштаат на почеток од месец ама не му одговара така за да можат на приватно да те прегледват затоа :devil: А замисли бев на 26.07 и ми вели дојди на 1ви до 5ти .08 да ти се пишам за матичен а замисли тоа беше за само една недела разлика :x
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,058
    Се прават и они паметни, им се може, од нив зависиме. Само треба да се најде некој паметен да ги пријави, па да видам уште еднаш дали ќе им текне.
    Најфино и најкултурно можеле да ти земат податоци и да испратат во фондот, или пак тебе нека ти го дадат тоа ИО1 образецот па сама однеси си го, јас и така сум правела.
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Joined:
    Dec 14, 2010
    Messages:
    1,540
    Likes Received:
    560
    идни мамички каде сте? ве нема некако ;)
    јас се досадувам по дома, ама од вчера осекам некои болки во долниот дел на стомакот кај јајниците, и некако и нозете ме болат :(
    леле само се жалам :lol:
     
  13. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    1,253
    Likes Received:
    6,027
    Gender:
    Female
    Еве ме мене, во петокот бев последен ден на работа, па сега ме чека три недели одмор кој максимално ќе го искористам за се што сакав да направам, а немав време.
    Планирам да почнам да купувам за бебчето, немам ништо купено, а мислам дека е време да почнам од некаде. Па средување на документи за куќата која се надевав ќе се изгради додека се роди бебчето, ама сфатив дека со нашите служби тоа е невозможна мисија, па ќе го оставиме тоа задоволство за наредна година. А и ме советуваат дека не е убаво со мало бебе во нова куќа - во зима.
    Малку кај моите на југ, малку на море, и не сакам да дојде денот кога треба да се вратам на работа. :(
    Ама се тешам после ме чекаат уште два месеци работа и ќе уживам девет-десет месеци со бебчето. :D
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,058
    Не има тука сме, ама се воздржуваме од пишење изгледа, само жалби и поплаки има во нас :lol:

    Mayyya отиди си ти кај твоите, поиживај малку, одмори се и ич да не ти е гајле. За се има време. И јас така се нервирам оти милион планови имавме за пред да се роди бебето, што како треба да направиме за полесно да ни биде понатаму, но очигледно ништо не излегува како што сакаме. Така престанав да се замарам...лажам :!: се замарам но многу помалку за разлика од порано, што треба да биде ќе биде, колку и да сум сакала или не.
    И мене да ти кажам ми е убавко кај моите на југ, посебно дека морето ни е блиску па можеме да тркнеме преку ден. :angel:
     
    Mayyya likes this.
  15. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Joined:
    Jun 6, 2011
    Messages:
    1,258
    Likes Received:
    2,391
    еве ме и мене денес роденденски расположена, не ве дружев од сабајле зошто имав гости..
    инаку јас сум супер , периодот со негативни мисли ми помина и сега пак сум си онаа старата
    (позитивна).. јас купував ли купував работи за бебето и кога да видам сестра ми од Германија ми пратила уште толку.. мислам дека имам облека за 3 не за 1 бебе :) како и да е деновиве остануваат и тие новите да ги исперам и средам и ке уживам , се надевам бебушка ке дојде што поскоро..
    Денес гледав една емисија на РТС .. време је за бебе па уште толку се зажелев..

    Поздрав и пријатна вечер, надвор е баш пријатно за седење :)
     
    antonina, TeaB and meU like this.
  16. TeaB

    TeaB Популарен член

    Joined:
    Aug 11, 2010
    Messages:
    1,868
    Likes Received:
    543
    Добро вечер и од мене. Јас не ве дружам многу, но ете не ни седнувам многу на компјутер. Unique баш ми е мило за тебе, секогаш да бидеш така расположена, знаеш врснички сме треба да си помагаме.
    Јас деновиве сум си супер, не можам да се пожалам за ништо. Цел ден ми е исполнет со луѓе и едноставно убаво ми е :) . Епа добра ноќ на сите и убаво да си спиете.
     
  17. bambi2012

    bambi2012 Активен член

    Joined:
    Jun 1, 2012
    Messages:
    6
    Likes Received:
    2
    Gender:
    Female
    Здраво!!!
    Ако има заинтересирани трудници кои им е прва трудноча и се под 18 недела.
    Има една здраствена интитуција која тестира крема против пукање на кожата и појавување на стрии.
    Тој третман ке биде само 4 пати во вашата трудноча и они ви плаќаат за тоа солидна сума на пари.
    Ако сте заинтересирани пишете ми во инбкс поздрав.
    Се надевам дека админот нема да ми ја избрише пораката бидејки ова е помош за трудниците не е реклама :)

    Здраво!!!
    Ако има заинтересирани трудници кои им е прва трудноча и се под 18 недела.
    Има една здраствена интитуција која тестира крема против пукање на кожата и појавување на стрии.
    Тој третман ке биде само 4 пати во вашата трудноча и они ви плаќаат за тоа солидна сума на пари.
    Ако сте заинтересирани пишете ми во инбкс поздрав.
    Се надевам дека админот нема да ми ја избрише пораката бидејки ова е помош за трудниците не е реклама :)
     
    Last edited by a moderator: Apr 8, 2017
  18. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,058
    Unique синоќа ти имаше роденден??? Ако е така, да ти е среќен , да си жива, здрава, па наскоро даа се олесниш и да си ја гушкаш цуцката :)
    Инаку како се осеќаш вака, ситно броиш, почна ли стравот, тремата да доаѓа?? Мислам дека кажа оти на ГАК ќе се пораѓаш(ако добро сум запомнила), кај кој доктот, маж ти ќе присуствува ли???
    Дај споделувај информации како изминуваат последните денови , баш ме интересира. А инаку само ако ни се изгубиш после пораѓај како Леонтина ќе видиш ти :geek: :lol:

    Инаку ја повикуваме Леонтина на репорт ваму, да ни раскаже како оди процедурата, ни требаат детални информации, да знаеме што не чека , не е фер вака да не остава во мисла. Па и да ни се пофали како напредуваат.

    Инаку наравоучение од нејзината ситуација, дефинитивно се нема време за комп првите неколку месеци изгледа :wasntme:
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,893
    Likes Received:
    110,081
    Gender:
    Female
    Се што ти треба е една супер тетка како мене, прашај ја сестра ми дали немаше време за компјутер. Ние буквално си уживавме во првите месеци, принцезата на тета беше многу мирна, е после 9 месеци друга приказна, коа рече е бесна, нејке да застане на едно место. Вистина е изгледа тоа дека ако првите 6-9 месеци бебето е мирно, после ќе побесне и обратно. Шала на страна сестра ми воопшто немаше мака со малата на почеток, беше супер бебче, заспиваше најчесто со мене и воопшто не плачеше коа ќе станеше, само си разгледуваше наоколу. Во првите месеци се изнагледаа и серии, Сексот и градот сите епизоди, Супернатурал, Фринџ, охохооо.... Милина беа тие први месеци, искрено мислам дека маката доаѓа потоа, кога ќе почне да лази, да чепка....
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,058
    Па добро тоа е индивидуално. Јас немам брат/сестра, а со оглед на тоа дека не сакам свекрви, комшии и роднини да ми се мешаат во одгледувањето на детето сметам дека нема да биде така едноставно.
    Сепак во еден ден детето додека е мало има многу барања, и потребно му е доста внимание, па кога спие дали и мајката да спие, да зготви, да зачисти.... иако нормално сигурна сум дека од сопругот би имала огромна помош, сепак и тој оди на работа па не е се така едноставно.
    Сестра ти имала среќа што те има.