Мешиња ај тие штознаат нека ми кажат од кога почнува да се спушта стомакот? Некако рано ми е 34 недела сум и 2 дена а ми се спуштел. До сега немав гајле мува не ме лазеше хаха ам од фчера како што ми кажаа дека ми се спуштел таков страв ме фати па и една нервоза место не ме држи ни секунда. Барем уште две три недели да си поседи цурава внатре
Прееска бев да ми земат крв и мокрача да оставам. Секогаш си купувам од чашките од аптека, сабајле купив две една за нареден пат. Завршив работа ја вратив чашката во кутијата се облеков и ја пикнав во ташна. Ја вадам таму и место полната по грешка празната сум ја земала Па ми дадоа таму чашка ама едвај со молење две капки им оставив, доста им се хахаха. Баш ме интересира колку ми е железо и хемоглобин...
здраво мешиња .. Како ми сте денес по жешкото? Јас еве на работа дојдов. Никој не ми кажал да не доаѓам требало телеграма да стигне се ладам со климава ама ми се легнува да пуштам нозе само пред компјутер не можам отоци на нозете колку сакаш. Ве
Кукла само ги гледам на памет ги знам Синоќа сонував дека сум била таму оти го премолев мм да ме носи , вчера дри и мсјсторите за клима го убедуваа Порачував преку другарка нешто едвај чекам да видам што нашла. Втора нарачка по сестра ми. Трета ако одиш ти Се зезам. Инаку во бг икеа, цените се мн. поевтини. Пр. постелнини во бг 800 ја нарачав во гр. 1500. Бањарче 580 во бг, во гр. 900 , итн....
Ама во гр е полесно за такс фри, а во бг ќе те малтретираат на граница. Ко ќе изземам такс фри, исто ќе ми дојде Ич не сакам да одам во бг - гр ми е позната повеќе и се знам каде стои. Јас здравје после летниве горештини планирам да одам. Рано ми е уште. Уште истражувам по нет што е добро/лошо за да направам правилен избор на тоа што треба. мм ич не прави проблем за одење. Сега да кажам - ќе одиме
Вчера бевме на контрола. Колку бев исплашена, докторката ме опушти, крвна слика рече добра е џабе се испаничив, вика со сиот памет отиде стрептокока да испитуваш, ми даде зинат. Скриен шеќер и д димери сега за сега рече дека нема потреба, греота било ова бебе да го малтретираме. Иначе си го држеше ноџето сораче на чело, цел преглед не го пушти, а док вика твое си е не ти го зиаме. И нормално пак немам убава сликичка. За витамините ми кажа ако ти е мака не ги пиј не се мачи, не мора. Само фолна да продолжам. И така задоволни
Сите се жалат дека не можат да спијат и не се дише.А тек на трудниците како ни е Не само што не можам да спијам туку пот тече од мене, не можам да се наместам и да си најдам позиција, меше тежи, мачно е , а со вклучена клима нема шанси да спијам. За отоци да не зборам , 15 минути на нога и готово.
Те цитирам ради потењето само...исто и јас...абе само што ќе задремам се будам ко од по туш излезена, а преку ден не се потам толку. Дури и на сонцево да искочам. Се паничев, знам од тироидата може да е потењето, ама ја следам и пијам еутирокс, од него исто не е зошто го пијам од ноември. Така да ова топлово деф. нас најтешко ни паѓа....
Еве сум и јас на работа, ама ке си заминам порано, ме ослободија, всшност се изненадија зошто сум дошла воопшто
И мене исто утрово ми се јавија од работа и ми рекоа до вторник да не идам А требаше од утре да почнам. Си имам продолжен викенд и утре одам Маврово. Ако останам во Скопјево ќе поцркам. Џабе клими, туширања, ладни пијалоци.
Не сум, одам редовно на работа, а плус патувам 2 саата дневно одење-идење. @pile30 и @fana Индивидуално е болењето и растењето на градите. Мене воопшто не ме болеа, цела бременост буквално. Порастија малку но постепено, не како што е вообичаено во првиот триместар.
мисл дека е мн рано да ти се спушта а најубаво ти самата ќе се осетиш и приметиш дали се спушта примети колку ти е разделен од градите како ти е дишењето а искрено др ја не би слушала оти до пред да се породам се изнаслушав паднат ти е високо ти е сите варијанти мене ми се спушти во 37 недела некаде онака средно не ми беше мн клапнат надоле о така терав уште недела и пол али немора да значи спуштање на стомак и одма ќе се породиш не се секирај .. ќе си седи цурето
Добра си. И јас сега во тинекс кикс имав. Влегов демек за јогурт и не земав корпа. арно ама стално ми истекнува нешто и земав повеќе работи и еден чипс кој си го држев под мишка. Стигнав на каса, оставив работите платив и си тргам накај дома и сфаќам дека чипсот од под мишка не го дадов на наплата и уште си го држам. Жива среќа пред дуќан бев уште па се вратив да го платам. И мене ме пуштија од работа. Денес и утре до 11 па дома. само ќе ме мачата да одам до работа и да се враќам, ама здравје. Битно сега со нозе во вис одмарам. Изгледа само јас не научив да пазарам во ИКЕА. Изгледа дека не ми иде бирање по каталог, па да го барам таму. А таму кога ќе влезам, чекај понатаму да видам што има и на крај сум стигнала до крајот и освен ситници ништо друго не сум зела. Ама би одела за кофтињата уште одма. За потењето не сакам ни да правам муабет. Ноќеска легнав демек под клима во дневна, покриена само со чаршав. Станав три пати мокра, да се пресоблакам и на крај викам штом се потам барем да не ризикувам да се разболам и си легнав во спална.
И јас така си мислам ама ме тепа психата одвреме навреме ради шо имав еден миссед и се плашам.. прво ме болеа сега не и одма на најлошото помислив..!! Фала инаку
Хахаха истото го направив пред десетина дена на забар. Ми паднаа две пломби бев да си ги направам (едниот заб ми се расипал па без анестезија ми го бушеа) И пред да излезам ме замуабети сестрата која недела си, како на топлово направивме муабет и јас без да платам пријатно си излегов стигам дома кога ми текна им вртам на телефон им викам абе вие фино што ми ги направивте забите ама јас да платев? До солзи се изнасмеавме. Среќа 15 години одам таму па ептен сме "другари" и не ми земаа за зло им однесов нареден ден.
Jas nikade ne setav, nesmeam mnogu da odam, treba da miruvam, pa kako ziveeam vo centar, prvata prodavnica I kupiv.. Barem od office plus treba da se pokvalitetni si rekov I ja kupiv. Nekade sigurno ke si najdete poubavi I poeftini, ama jas za zal se nabrzina kupuvam, a kako bi iznasetela sve dolz I popreku da smeeam I mozam. I toa sekoj den. Vaka kolku da se ima osnovnoto za pocetok, pa poslem zdravje, bebusite vo kolicka, majkami za pomos I ke pazarime poubavi raboti.
До кога ви траеа бодежите струичките во долниот дел.Јас 16+4 и скоро секој ден имам по некој бодеж во пределот кај јајниците лево или десно или ме боцка кај усните кај коската осеќам ко струички повремено...Кога ќе седнам/станам ко грч ме забодува брецнува и чим станам поминува пополека...Се издржливи но матичниот ми рече дека не би требало веќе да ме боли бидејки бебе се качи кај папокот веќе...Кај вас како беше во второто тромесечје?