Јас да ви кажам како седам по дома ќе ми се смеете. Клима вклучена и тенко ќебенце врз мене Ама не ми се прави цело време пали гаси на климава , на 26 ми е вклучена. Спијам да не се подречам. По 6 саати обично. Порано имав проблеми со спиењето мислев сега ќе биде поголем проблем ама добро е.
И јас сум на клима цел ден дури ладно ми е . Алал вера на тие што одите на работа , неможам да замислам како ви е . Јас вчера од сабајле што излегов за количка да купиме лошо ми стана . Денес не одам ни до продавница. Инаку и мене ми е проблем вечерта спиењето , мене ми се спие ама жешко ми е , а климата не лади и во спална . Се мислам да си земам вентилатор може ќе помага колку толку.
Мешиња јас само да ве поздравам од море, едвај најдов интернет. И тука е жешко ама се разладувам во вода цело време. Среќа што сум на одмор зошто мене немаше да ме ослободат од работа гарант. Ве бакнувам сите
Знаев штом те немаше од прееска дека мирно спиеш. Ако мамичка уживај во ладот. Ние ќе си поплачеме, и ќе ни помине. А за во недела ќе смислам некоја прошетка на поладно па што сака нека биде.
Неколку дена се мислам да напишам нешто во темава за да поштедам некои идни мајки од нервози. Во 16та недела ми беше кажано дека малото има плексус церебелум циста / plexus cerebellum cyst. Во суштина циста на мозочето. Исчитав се што имаше од пренатална неврологија, наместо да се утешам се преплашив од благата поврзаност со трисомија 21 или едвардсов синдром. Наредните недели ми беа огромен стрес, давав се од себе за да не наштетувам на бебуш уште повеќе со нервози ама џабе... Пред 22 дена родив преубаво дете, здраво право, со супер рефлекси и бистар поглед. Ваквата дијагноза нека не ве плаши, не си стварајте стресови и нервози. Изолираната циста (без пропратни дијагнози) не претставува ризик сам по себе. Се надевам дека постов ќе се најде на некоја мајка во иднина, како што јас барав насекаде. Уживајте си во бременоста!
Денес бев кај матичниот, за намаленото железо и хемоглобин ми рече седум дена х2 тотема. И потоа секој ден по една до крај. Правевме и прво цтг и бебето си е супер а матката покажуваше болки и контракции. Докторот ме праша дали чувствувам болка ама јас супер се осеќав. Никакви болки. Ми рече по два магнезиум директ во ден, и повторно цтг за седум дена заедно со ехо за да го измериме и да видиме дали има доволно плодова вода.
И јас да се пожалам од спиењето... Ми доаѓа навечер да си ставам пелени и во нив да се мочкам, наместо да се будам на секои саат и пол. @Capricorn Taurus која недела си? И јас немам болки но знам дека матката контрахира кога го имам она испапчува. Тоа ми се случува само кога ми се моча. Штом се испразнам, поминува.
Здраво Гледам се мачите со времето. Тука залади деновиве, вчера по долги седев дома, сега еве 20 степени е. Иако да се пожалам на работа спарно ми е, пред вентилатор работам и во 6 сабајле го уклучувам. Денес ми обезбедија столче да имам кај да седнам. Иначе денес дознав дека бар 50 пати во денот кревам 5 кг, како од шала. За над 10 викам колеги. За недела дена доаѓам во Скопје, па ако не се оправи времето ќе видиме како ке биде, секако на кратко ќе сум доле. Ајде повелете на гости ако сака некој да се разлади. Заборавив да кажам ова со мочањево не се издржува на секој пола саат трчам во вц, срам ми е на работа ме гледаат натака -навака. Дома знам и на 15 минути да одам одреден период од денот.
33 та сум. Да, тоа значи дека матката препознава и си прави контракции. Нека издржи уште три недели барем па нека се раѓа. Таман и со реновирање да довршиме
Здраво мамички Навистина топло времево, ама не се жалам толку од тоа колку што одењето во тоалет на секои 20мин мир не ми дава. Навечер при спиење голгота е, задреми, стани во круг. Цела бременост многу често мочкам, последна уринокултура чиста( се надевам веродостојна ), брисеви уредни ( уште стрептокока немам правено) ама јас од тоалет не мрдам... и така си се пожалив... Едвај чекам да си се гушкам со бебе ♡
Дали има некој проблем со ниско носење/ниска поставеност на бебето? Мене ми кажаа дека ми е ниско и само строго мирување е лекот..
Ајде и јас да пишам...ја почнав 40та недела, Цтг не покажува дека ќе се роди бебе за брзо, абер нема, ни прегледот не покажа знаци за раѓање. Д-р вели најверојатно ќе се надноси. @IvanaCS јас ниско го носев цело време но еве ќе надмини термин. Не ми препорачаа да лежам, многу движев.
Мене кога ме испаничи матичната дека е ниско, ништо не ми препорача, ма да после бев и на 2ро мислење и немаше врска.
Избегав од СК во ГВ но овде уште потопло Викаат ќе има заладување од Понеделник, па ќе видиме. Може вечерва со промена на средината, па нема да месечарам цела вечер