Ми се случува да. И мерам притисок и пулсот ми е над 110 тогаш. Но не сум заплачила. Во трето тромесечие скоро секогаш пулсот ми е околу 100. Некои Велат нормално е две срца чукаат. А инаку ако се вознемируваш така и плачиш да знаеш дека само полошо си правиш бидејќи така и пулсот се зголемува и нема да ти се смири срцето. Кога ќе осетиш забрзано чукање легни си полежи и ќе се смири ни без нерви и плачење.
Женски морам тука многу да го пофалам ресторан Трница во Маврово. Луѓе невидена лепота и природни убавини. Отидовме таму да јадеме качамак и да го видам ресторанот и се преродив тука. Гостиварки сигурно го знаат и верувам дека биле тука. 29 степ. беше температурата, ветре малце си дуваше просто мислиш во рајот си. Извините шти пишувам тука но морав да ги споделам импресиите со вас, и да ви препорачам да отидете ако сте во можност.
Јас исто имав тахикардии пред некој ден, 115 ми беше пулсот. Одма ми измерија притисок - 80 со 40. Провери да не ти паѓа притисокот кога имаш тахикардии. Не се сеќирај, не е страшно. Со кока кола и нешто благо се качува одма притисокот и се стабилизира и пулсот.
Да знам дека не е потребно затоа се чудев од себеси неможев да се исконтролирам и смирам за кратко...а си лежев...и кога лежам на лева страна тогаш многу ги осеќам откуцувањата на срцето...ова ми е потсвесно нешто...не кревам паники кога тахикарфии имам често и имам и одмарам ама денес страшно лошо се осеќам. Фала ти многу ќе се потрудам да се смирам и никогаш да не се повтори ова
И мери си притисок. Кај мене кога ќе осетам тахикардии притисокот ми е покачен. Кај тебе може да е обратно да е низок, следи го и ќе си знаеш. А за плачките може и за ништо да се расплачеш, пример од обично видео на ФВ или од слика од бебиња барем кај мене некогаш е така само од себе иди Гушки до вас
Јас сум тука некаде како тебе. Доктор додека не ме искара се супер сум. А на доктор освен на редовна контрола не сум се појавила или јавила од паника освен во прво тромесечие и тоа ептен кога прокрварев и уште еднаш кога ми се воспали увото, па незнаев што да правам за да го смирам. Се останато ми е неормално и не се замарм. Кажувај каде е поточно. Планирам да го натерам мм да ме носи некаде така на еднодневна, ама каде е понормална температура за да си поседиме?
Одиш по истиот пат каде се оди за Бигорски, нема да го утнеш голем комплекс е. Нема дома да ти се иде.Цените се прифатливи. Цела чинија со качамак плус овчо кисело млеко 150 ден. Не можеш дури се да изедеш. 3 часа останавме едвај дома ми се идеше.
Готово знам каде е. Пред некоја година после НГ кога се враќавме од Маврово отидовме. Тогаш беше лошо што внатре беше кочан ладно, не наредија до едно ќумбенце и не послужија. Немаше жив човек освен вработените и ние. Ама очигледно не им било сезона.
Мами кога одевте на брисеви, претходниот ден не стававте Утрогестан? Јас сум понеделник се мислам дали да ставам во недела вечер или не.
Јас ставам 2 пати во денот, а брис ми земаше попладне докторот, па ми рече да не ставам претходната вечер и сабајлето и да одам попладне. Јас не ги пиев. Ова беше после 23та недела повторував брис за уреплазма, а за првите брисеви не користев утрогестан.
јас тогаш примав по три и само утринската не ја ставив. Едит: незнам дали е правилно, јас тогаш сама одлучив така. Никој неми кажа
@Bebulleee нема врска утрогестанот со брисевите . Стави си слободно вечерта , а сабајлето оди прво за брисеви па после ќе си ставиш.
http://acibademsistina.mk/health/in...7-d-r-zlatko-palcevski-bremenost-vo-leto.html Веќе познати но корисни совети.