А за во книга како е пишано ниеден доктор не работи така.Еве пр.маж ми е доктор што заврши фак.во Софија и кога дојде тука се различно од таму додека стажираше тој...И сега работи дијализа и праксата е во друг правец одколку сто тој учел...основите се тие но по книга не секој пациент реагира и докторот да го лечи ко што пишува Господ да не чува сите тоа е најбитно
Мешиња јас само да ве поздравам и да ви кажам декабев на контрола и ме пратија дома и сега чекам кај и да ќе биде. Еве 35 недела ваљда ќе издржи бар уште една недела кој знае ми рекоа дека не треба ништо да земам се е во ред. Некако ко изгубен случај сум збунета до негде среќна ќе си се гушкам со бебе за брзо до негде тажна пошо е рано. Ама па што биде нека биде само се да се заврши како што треба ве
Ич да не се секираш и да се роди сега, развиено си е. Немаше да штети да поседи уште малце ама се ќе биди во ред и да се роди. Барем за предвремено породување се изначитав, па секаде пиши дека 34/35 недела и да се роди бебето се ќе е во ред. Те гушкам и без паники
@Smilleeeeee со лесно! Ист термин имавме, те следев ама мислам дека и јас ќе сум порано. Очекувам убави новости
И се ќе заврши како што треба! Не е многу рано во 35-36та, нормално поубаво да си поседи кај тебе, ама ако сака побрзо да те гушни Господ ќе ти ја подари и порано Само биди позитивна и се ќе биде во ред
Да ви кажам мешиња дури и си пеам. Не осеќам некој страв или паника ама баш ич дури ми е чудно јас сум преголем паничар. Да се изгребам пничам ама за ова ич не знам што е со мене дури одвај чекам да дојде моментот се чудам на самата себе. Едвај чекам да видам на кого ќе личи па кога ќе фатам да ја гњавам абе леле Абе женски ние се мачиме и се трпиме и стресови дали ќе биде се како што треба и на крај на таткото личело хаха
Со лесно, ако реши да излегува битно живи и здрави да сте двете Пријателка доби болки така месец дена пред термин, отворена беше 2 прста повеќе од месец дена... но со повеќе лежење истера уште 2,3 недели и си се породи во 9ти
Брат ми се роди 1 недела пред мајка ми да влезе во 9ти месец, лежеше малку во инкубатор и еве го сега жив и здрав. Воопшто да не се секираш, бебето си е развиено. Колку бебиња има што се раѓаат во 7ми месец па на крај се излегува добрo, а како се ближат кон термин така се повеќе се развиени. Ајде ќе биде, само без стрес.
Здраво мешенца како сте денес? - Ние го поминавме првиот скрининг и приска.... Се е во ред со јуначето си напредува како што треба и се е на место... Фала му на Бога Беше многу немирно, буквално си играше со матката Среќна сумммм
Леле луѓе, јас веќе не можам да издржам, комарци или пајак што и да е душата ми ја извадија...лом сум, облека се ми смета, нит можам да седам нит да одам. И да не ги чешам отекуваат. Не можам ни папучи ни кондури да облечам, по стапала по прсти секаде иам искасано. Што да мачкам, камагел треба 5-6 да купам да ми стигне сите да ги намачкам. А и не помага. Судокрем, пак џабе, дур да упие треба гола на нозе да стојам. Доктори викаат превентива, ама мене ништо не ми помага(нормално што смеам) ставивме мрежи, чистевме, апаратчиња се е џабе, мм го касаат ама мн помалце. Кажувајте чаре плис. Ептен неам сили веќе.
Денес бевме кај Петановски, ми даде последен извештај за на комисија, па за пет дена ми отвараат породилно се видовме со бебе продолжува да си расте понапред од неделите. Докторот ми рече дека ако продолжи да расте со овој интензитет ќе биде над 3800 гр. А доколку е така мисли дека немам доволно широка карлица за природен пораѓај. Но има време, не знаеме дали ќе го носам до крај или не... Ќе видиме, како и да е ќе се роди само да е се добро со двајцата другото не ми е важно.
Леле што убаво. Јас почнувам да станувам нестрплива за да се гушкаме со синко. Како и да е ќе летне времето.
Веќе не може да се измери точната должина-висина на бебето бидејќи е поголемко и свиткано. не и верувај ниту на тежината. различни доктори на различни еха ми кажаа различна тежина и на крај сосем седма тежина испадна. а за должина не ми кажувале како што поодминуваше бременоста претпоставувам дека поради тоа што не може точно да се измери. чудно што не ти помогнало ништо од тоа. ја сум од глава до пети испокасана од комарци и цела ноќ дежурам над бебе да не го каснат. нема спас од нив. во зегин има алки на акција се сега 189 денари мислам против комарци. ги немам пробано но можеби ќе делуваат. друго чаре не знам навистина. би сакала да ти помогнам. пробај со алките сепак. со лесно до крај на бременоста обиди се да останеш позитивна. јас еве отрпнав од тие проклети комарци а на почеток живци корнев.
И јас едвај го чекам, си поминува времето ама мене не ми помина до толку брзо бременоста како што викаат. Кога си во исчекување не ти се чини баш кратко
@Smilleeeeee со полна 35 недела влегуваш во 9ти месец . Така да биди мирна .Јас имам уште нецели 2 недели до тогаш . Со душа чекам да поминат па да се опуштам малку .
@gjoker4e и алки имам, и спрејче. Ставам алка, се прскам со спреј и пак ништо, само ми е лошо од миризбата. Лекот е апчиња за алергија, само така знам ќе се смирам, ама не смеам.