Јас женски за да немам забуни со неделиве си рачунам спрема терминот на раѓање, на 1ви ми е термин, па секој 1ви влегувам во нов месец Ова по мое, не ми е потврдено од доктор, да нема забуни
И јас исто на секој 8ми за мене си почнува нов месец. Еве сега на 8 јули ќе имам полни 7 месеци и влегувам во 8ми а по недели ќе бидам полна 31 и почнувам 31 +
Па добра идеја да ти кажам.. башка кога ке ме прашаат кој месец си? А јас врска немам зашто испомешано ми е со недели дека рачунам Ке го практикувам и јас истово, секој 30/31ви нов месец Значи од 30 Јуни сум веќе 6ти
И јaс не мoжaм сo неделите дa свaтaм кaкo oди нивнaтa претвoрбa вo месеци. Некaде пишувa oд 22 неделa е 6ти некaде oд 23тa.. Кoј дa знaе
@wannaBeMomma ако беше така на форум да барав мислење во ред . Имам ризична бременост и посетив еден куп специјалисти . Раѓање секако пред 37 недела не е убаво во нормална бременост , но после 34та недела бебето е 100 % животоспособно ако дојде до породување . 9ти месец во сите табели е 5 недели . Но кој како сака... немам потреба да се убедувам тука или да ми кажувате дека сум грешка , бидејќи не сум . Поздрав и убав ден
Јас ваква логика имам за работите .. Јас сум родена на 03.11.1989. Кога денес некој би ме прашал колку години имам ќе речам 27. Според логиката на неделите од бременоста би требало да кажувам дека имам 28 години бидејќи таа година ја ситнам, иако не сум наполнила толку. Не ќе да е така си велам.
@fana Па кај ти е логиката , нормално ќе кажеш дека имаш 27 полни , но ја живееш 28мата година. 27ма поминала .
Ете сама се поби Ако се породиш 35+ ќе бидеш осми и ќе те сметаат за предвреме породена. Ама шо зборам, си знаеш
Девојчиња, што се докажувате? Терајте си како си мислите дека е исправно и како сте се советувале со својот доктор. Јас си го прашав докторот дали да следам полни недели или кога ќе биде 22+1 да мислам дека е 23 недела. Ми кажа полни да гледам. Ми беше битно да имаме ист јазик, за да не излезе ми каже треба нешто да се прави во 23 недела, а јас мислам во 22+1 е тоа. Се водам по оваа логика и кога пресметувам месеци. Ја користам и јас табелката од погоре за недели и месеци, ама сметам дека месец почнува кога ќе има полна недела неделата која е почетна за соодветниот месец. Аналогно на ова, 9ти би почнал со 36 полни т.е. 36+0 па натаму.
Па пет недели испаѓаат од 36-40та недела... 36та, 37ма, 38ма, 39та и 40та. Ете ги пет недели, а сепак 9ти е од 36та, не од 35та.
Женски кои сте од Гостивар, пред 2-3 дена кога бев таму купив 2 пара градници 105 и115. Преубави се,меки,пријатни и удобни. Ги имаше сите големини. 200 ден. беше еден градник. Ги сликав да ви ги покажам,ако сте од таму слободно земете.Само со тенка жица се одоздола.