Исто вака и јас кажувам и вака мислам дека е. Сега сум 22+3 и кога прашуваат која недела сум кажувам 22ра. А и со матичниот вака се разбираме. Ако ми закажал контрола пр. во 16та недела сум одела кога сум 16+... , а не во 15+...Ова ми е јасно. Месециве повеќе ме бунат
Мене и во Ремедика и кај матичната ми сметаат влез во нов месец со полни недели. Со полни 36 недели се влегува во 9ти. Задутре е тој ден кај мене. Веќе сум нестрплива за бебушка.
E па исто и за месеците. Ако 5ти почнува од 18 недела, тогаш кога ќе имаш 18+0 си 5ти, 22+0 си 6ти, 27+0 си 7ми итн..
Ме потсети на баба ми. Сега колку наполни ми вели? 32. Аааа значи 33 . Инаку неделите следете ги како ќе ви каже доктор. Јас пр. сум 33 плус 1, си викам 33та, не 34та. Си гледам секогаш по последна менструација. Се водам по табелата на Ада за влез во нов месец. Ада сакаше да каже мислам дека со 34 полни недели и да се породи (предвреме) бебето има 100 посто шанса за живот. Ова и гинекологот ми го кажа.
Како е можно на секое испитување на мокрачата во Авицена да ми дава ++ за бактерии, а во Синлаб никогаш? Сега нарочно правев во рок од 10 дена на двете места и пак исто, Синлаб нема, Авицена ++. Имам слушнато повеќе муабети дека често се случува ова во Авицена, дури и матичната ми рече дека сите резултати од Авицена се такви. Ако стварно прават некои дубари срам да им е - да ќаруваат на туѓа мака.
Мене 3 пати до сега правам и ниту еднаш не ми пишува ++ за бактерии. Уринокултура секако правам секој месец, независно од ова.
Мене ова ми се случуваше и пред да останам бремена, и матичната веќе и сама ми вика да не одам во Авицена ама на мое барање земав упат чисто за да ги споредам резултатите со Синлаб. А не ми е јасно како може Авицена и Синлаб да имаат различни референтни вредности за крвната слика.. Пр: Еритроцити Синлаб: 4.1-5.1 Еритроцити Авицена: 3.5-5.5; Хемоглобин Синлаб: 12-15 Хемоглобин Авицена: 11.5-16.5; Леукоцити Синлаб: 4.4-11.3 Леукоцити Авицена: 3.5-10; Тромбоцити Синлаб: 140-400 Тромбоцити Авицена: 100-400.?!
Не знам. Јас одам во Авицена секогаш. Месецов ми се случи со неколку дена рљзлика да одам во Авицена и на трансфузиологија. Крвната слика беше иста и на двете места. Немам причина да мислам дека им се грешни резултатите.
Епа 36 недела всушност е 35+1, а 40 е 39+1. Прост пример, нашиве бебиња наредната година ќе полнат 1 година, а не на денот кога ќе бидат родени. Последната менструација што ни била всушност е 0 недела, ако ни била на пр. 1 јануари, до 7 јануари е прва недела, од 8 веќе втора почнува. Како и да е, мене термин ми е 21 септември, па јас секој 21 од месецот сметам дека влегувам во нов месец од бременоста. Сега на 21 јули влегувам во 8ми месец. Најлесно ми е така да си рачунам.
Јас до сега на секои четири недели заедно со крвната слика носев и мокрача ама бидејќи не покажа ниту еднаш нешто сомнително не правев уринокултура. Сега на последната ми покажа бактерии и иако леукоцитите се уредни докторот ми даде упат за во Пролет. Денес однесов мокрача и морам да ги пофалам за односот, ја оставив книшката со упат на шалтерчето и седнав да ме викнат. Кога ги земаа книшките одма прва ме викнаа и сестрата ми вика: Кај седна ти трудно да чекаш имаш предност нема да дозволиме да чекаш ни минута Фино е да слушне во секој случај.
Значи не ме разбираш или не сакаш да разбереш. Од 35+1 до 35+7 е полна 36 недела. Значи ќе наполни 36 кога ќе има 35+7. Нашиве деца од денот на раѓањето почнуваат да ја полнат првата година, ама точно 1 година полнат наредната година, а не кога ќе се родат. И убаво си пишав со денот на менструацијата, ама кој да разбере. Битно е да се инатеме само.
Не, во другиот пост имаш нешто сосема друго пишано од ова што сега го пиша. И полна 36 е 36+ а не од 35+1
По мене од 35+0 до 35+6 тераш 36та, ама немаш 36 недели. Овој период е исто што и детето од 0-1. На 36+0 ти имаш полна 36та т.е. детето 1 год.