Здраво мајкички Сабајле ми кажаа дека поради големината на матката ке треба предвреме да ме породат 35 или 36 недела Кажите ми дали е можно тоа да влијае лошо врз бебето??? Од утре сум 32 недела тежи само 1600гр
Рачунај качуваат по отприлика 200 гр неделно. Штом докторот смета дека е така, мора така да биде. Отколку покасно па компликација да си направиш.Сигурно ќе чека во 9-ти да влезеш. Со лесно.
Мајка, бебето во таа недела е веќе зрело за излегување. Белите дробови се развиени, тие најпоследни од сите органи созреваат. Во врска со килажата, сигурно ќе биде над 2кг, последните 2 месеци најмногу додаваат на килажа. За утеха, јас сум се родила 1650, сум била во инкубатор некоја недела па еве ме сега жива и здрава. А од тогаш до сега медицината е многу понапредна, преживуваат бебиња родени во 7 и 8 месец, пишувавме за ова неколку страни поназад.
Мене матичниот лекар општ ми рече да пијам имав многу бактерии во мокрачата и брусница да јадам ама ми е многу блага и не ја јадам
Леле бе мамички. Цел ден во гужва и дури сега успеав да ве исчитам и не ми се верува за што се дигнало тензија. Многу ми е жал кога ќе видам непотребно препукување. Факт е дека никаде не е јасно дефинирано како се рачуна, а на крајот на краиштата и не е ни толку битно, битно да стигнеме до крај и да родиме здрави прави бебушки. @Ambra20 јас кога почнав да одам на работа, после три месеци седење дома исто се мачев со болка во кичма. Ама тоа траеше дена два и после тоа се навикнав, плус си купив потпирач за нозе и дека не ми висат одма осетив разлика во седењето. Понекогаш потешко, понекогаш полесно. прави паузи, раздвижувај се почесто. Мене генерално ок ми беше до минатата недела. Е овие два дена ми е потешко, ама можеби и дека со повеќе обврски, и повеќе повеќе сум напната во компјтер зошто правам некои анализи па ми треба повеќе концентрација. Пробај, ако не можеш барај си боледување.
Мора да споделам еден новитет со вас шо го искусив денес прв пат. Од памет се извадив. Си мрдаше бебчето и едно време слушнав звук како да крцна, како да пукна нешто во стомакот. Еве најдов и клипче го снимиле истиот звук. Еве и еден линк кај шо објаснува од каде тој звук, да не се извадите од памет ко мене. Сепак утре ќе си го прашам и докторот https://www.bellybelly.com.au/pregnancy/popping-clicking-bump/#.VITMlckTVws
Јас утре сум на преглед и сигурно ќе имам и вагинален со рака ама па се тешам гинекологов мало човече е мали рачиња има па си велам нема да ме заболи, минатиот пат беше ептен нежен сега незнам ќе видам утре. И да видам кога ќе ми закажат за цтг веќе 35 недела ја почнавме. Се си мислам бебево големко ќе биди Си велам до 37 да дојдам па да се породам доста ќе му биди дебелење ама па не е со сакање, кога сака беба да излези тогаш. Инаку никакви болки немам, си спијам без проблем па се си мислам до термин ќе тера, среќа оваа недела залади овде па се диши некако, температурите паднаа под 20 се разладив малку. Инаку за бебе за мене се е спремно за В болница за од болница излегување, ама јас па на секое одење по продавници се се наоѓа по нешто да се купи не треба да излегувам повеќе. И така ќе пишам утре како сум поминала
Со лесно да ти е мила Јас кога бев на гинеколог пред 3 дена ме провери вагинално и многу ме болеше и после тоа имав кафено на гајќите ама еве сега го немам се надевам со лесно ќе поминеш ти мила
Што знам как секоја жена е различно според мене нема врска машко женско. Синко го надносев 3 дена а сега носам женско па еве терминот ми е за 2 дена и абер нема цуцкава
@Stara ние две сме со ист термин Имаш некои симптоми или јок Кај мене едино што бебе овие два дена е смирено и имам малце болки одвреме на време др ништо :/
Секогаш кога некоја ќе пише дека очекува секој момент, мене возбуда ме фаќа ко за мене. Со лесно девојчиња кога ќе дојде времето
И мене истo кукле .. Бидејќи ми е првo бебе не знaм кaкo се oсеќaaт a ме фaкa нештo кo вoзбудa кo стрaв пoјмa немaм неoдреденo чувствo секaкo пoмешaнo сo среќa
Мене неколку пати ми има така направено, ко да пука. Ама еве ништо не ни е, добри сме Ај баш прашај да видиме што ќе каже и докторот.
Мене матичната во 37ма недела ми закажа прво цтг. Инаку јас не сум баш спремна. Од утре планирам да почнам со перење и спремање на торбица. Ни име немаме уште. Се двоумиме.
А јас па минатата бременост највеќе се изначудив на звукот кога се движев како да имав шише со вода во ташна и да правеше (глуб глуб). А јас ни ташна не носев хахаха Абе сите што беа блиску мене слушаа и се чудеа (доста гласно беше) Малку и језиво беше некои 3,4 дена пред раѓање беше тоа...