Добро утро и од мене! Вчера и јас бев на преглед и си го видов бебулето 4 сантиметарско ! За овие 11 недели ова ми е втор преглед, па дури и со придружба бев,ММ и малата беа со мене! Се е во ред, јас сум ослабнета 1 килце за овој период, ама со оглед на тоа што ја стартував бременоста со вишок 4 кила некако не му се радувам на ова килограмче кое ме напуштило! Сепак веќе ми се познава стомаче, мини стомаче! Скринин закажав за крајот од овој месец , иако ми кажа докторот дека носната коска супер се гледе! За имиња и јас ептен рано се опседнав, а сепак не знам како сакам да се вика ако е девојче.А многу сакам сестриче да и родам на малата, името заедно да го смислуваме! Ако е машко свекор ми ќе биде почестен внукот да го носи неговото име, и баш ќејф ќе ми биде ако ваква радост му причинам. За девојче уште многу ќе ја мислиме - дали Мартија, дали Марта, Николија, Лина, Нела... не знам! А и не знам полот што е, ова дури смешно е со што се замарам а не знам машко или женско е бебулето! И така , 25 јанураи ми е последна дата, па дотогаш овде ќе ве дружам! Одам сега на работа, веќе каснам!
Нема врска прегледите со породувањето, ќе си ги одиш последните прегледи кај тој што сакаш да те породи и толку е. @kukla21 се пресмеав!!
Мора 3/4 прегледи кај матичен гинеколог. Прегледите на приватно си се едно, а кај матичен гинеколог друго. Еве јатрва ми за првото знам пред крај неколку прегледи набрзина ги напрај кај матичен баш поради тоа дека морат да имаш кај матичен, а таа цело време одеше на приватно. Истото го направи и за второто и за третото.
Ќе се распрашам за ова баш и ќе пренесам.. А имам разбрано во болницата во Битола, отишла жена за пораѓај и ја вратиле оти немала преглед кај матичен и таму. Колку е вистина незнам, срамота
И што да прави таа жена ако нема пари за приватна болница? Да оди дома да си се породи Мислам нема врска тоа...
Не е вистина бидејќи никаде кога ке појдам кај матичниот во книшката не ми запишал дека сум била ни па некој документ ми дава ме зачуди
@kukla21 по мајчината книшка. Си има кај приватниот книшка, ама нема склучено договор со ФЗОМ и ќе знаат. Кажвам од искуство и тоа со три деца. За трите одеше и кај матичниот баш за тие прегледи.
Јас немам мајчина книшка. Толку време бев во болницата и ниту еднаш не направија проблем на некоја жена зашто нема доволно прегледи кај матичниот. Особено Турчинките од плачковичките села и Ромките ретко одеа на прегледи па ниту еден доктор не ги вратил назад. Не е хумано и не е по пропис да вратеш бремена жена со болки за пораѓај. Малку и нелогично е.
И јас немав мајчина книшка ни првата бременост, ниту сега имам. Никој ништо не ми побара на пораѓај освен упут и крвна група.
Јас знам за така, и знам дека јатрвми се брзаше за три прегледи кај матичниот за првото. Матичниот можит ми е точка, ама сестрата си ја знајт работата. Ај ќе прашам пак ,па ќе пишам