Хеј @danichap со лесно, овој пат нека биде еден батко @Stara јас првото 7 дена го надносив, се породив без провокации природно Само опуштено, одлуката нивна е кога сакаат да стигнат на свет Јас од мерак сепак си порачав едни чорапчиња од Алиекспрес Леле жени мн благо ми се јаде, се изнајадов и сега тешко ми е
Не да ме фаќа паника, 24/7 таму ми се мислите плашливка сум преголема, паничар уште поголем...не ми е јасно вака како ќе раѓам И за природно и за царски премногу се плашам.
Јас зашо со царски ќе бидам само негативни мисли ми кружат во глава. Ќе се исплачам ќе ми олесни малку па друг ден пак така. Си викам да помине царскиот еднаш после ќе си се гушкам со бебушка ама стравот ми е мнооооооогу голем
@SophiaBella исто и мене. јас мислам дека ќе напрам некоја беља ќе качам притисок 10000000 од страв и ќе морам под нож.
Најверојатно и јас со царски ќе бидам, јас многу и од анестезиите се плашам. Дали ќе фати спинална да не си добијам после и целосна, па да не ми е лошо после операција па уште и со рана и болки @fana истиот страв го имам за природно дека од паника ќе напрам беља
Не се плашам воопшто од болките и раѓањето, само сакам се природно да си оди, ако не бива царски ќе биде.Не сакам форсирања, колку само да се роди. Убаво кажа @stevemila низ што се не поминавме да дојдеме до бебе....па раѓањето не може да е поголрм страв од помислата и стравот дали ивф ќе успее и кога...
Дај боже при крај на бременоста и јас така да мислам. Со лесно да ти е и што побрзо да се гушкате со бебо, дај боже да биде се по твоја желба
Еве и мене уште ме нема страв фатено. Ама и во принцип не сум некоја паничарка. Се надевам ќе останам таква и месецов.
Јас воопшто немам страв од пораѓај. Едвај чекам да се породам. Може дека со царски па по опуштена сум. Јас имам страв како ќе се снајдам со двете бебушки и уште едно тригодишно хиперактивно и захтевно девојче Помош ќе имам но минимална од страна на бабите.
Излезе така како што мислев, докторката рече дека викендов ќе треба изгледа да го вадиме бебчо, и ме задржаа во болница. Во недела ја завршувам 36та. Малку ми дојде наеднаш, иако мислев дека ќе биде порано сепак се надевав барем на крај на Јули да се породам. Страв ме фаќа...
И јас немам страв, баш напротив едвај чекам да раѓам Може дека се тешам дека е девојче, па ке биде помало.. уште да поминам без сецнување ке биде најубаво мада тоа не ми се верува.. ако не сецнат ке распука старата рана а? И дали сецнуваат на исто место или на другата страна? Која женичка беше тазе породена природно со второ? @danichap ти како помина, сецната беше при пораѓаите? @Mia.milicka само со лесно, живи и здрави да сте, ако треба така да биде нека биде, најбитно да сте добро и двајцата
Јас им се восхитувам кога ќе видам мајки со две, три дечиња како се снаоѓа сами со минимум помош. Поим за борци ми се. Јас не спаѓам во таа категорија затоа што имам свекрва што ми помага максимално. Знам дека така ќе биде и со децата. Ма да мене ми е страв да не почне да се меша во начинот на гледање и воспитување. Од сега и кажувам дека ако ми треба совет ќе побарам, коментари без потреба не сакам. За сега вика нормално и јас сум била снаа знам што ми сметало. Па ете се надевам нема да ме читате во таа контраверзната тема.
@mariz со второто ќе биде како песна, веруј. Мене не ми се веруваше кога ми рекоа дека целосно сум отворена, препрашав дали се сигурни. Првиот малку повеќе ме сецнаа, вториот беше се супер. И кај тебе ќе биде, сигурна сум.
Дај боже.. и викам на свекрва ми дека овој пат има до крај дома да седам да чекам болки на 5мин зашто блиску ми е болницата, има да качувам скали и да си се туширам Ми вика немој како мене за малку во кола ке се породев со син ми (второ)
ИМА НЕКОЈ ШТО НЕ СПИЕ КАКО МЕНЕ ЗА ДРУЖЕЊЕ. ИНАКУ БИ САКАЛА НА СИТЕ ШТО СЕ ПРИ КРАЈ СО ТЕРМИНИТЕ СО ЛЕСНО ДА ВИ БИДЕ КАКО ПЕСНА.
@ada21 бебуш е 35+5 моментално и 2.900гр тежок. Имам повишен притисок и цтг-то покажува недоволен број на отчукувања. Ќе ме задржат викендов, докторката сака да ме следи секој ден ама според муабетот мислам дека ќе ме породи.
Со лесно мила какп Господ е никој не е. Па пиши како ќе поминеш мене ми е рано тек 12 недела сум ама кога ке ми текне мислам се ежам од страв
Ајде мамичка. Добро е штом те задржале и си под надзор. ако треба докторите ќе те породат. колку толку си во сигурна заона. Тука сме за подршка и те гушкаме.