Јас уште нешто да прашам Спојлер Што мислите дека е ова како кругче? Мм вика жабурки си прави бебево, ама баш ме интересира и друго мислење да слушнам
Еми Вереничка 1% кога одам по wc; 1% кога си правам кафе/земам нешто од фрижидер; 4% активности под разно Така е @Smilleeeeee, мора оваа енергија да излезе некаде. Барем да ја претвараме во позитивни емоции. Кога лежеме имаме премногу фокус на телото. Така со пеење го блокирам мозокот да мисли на болки и симптоми.
Охх,,, од шо ми е страв да не ми се случи нешто само се нервирам вака за резултатите сега на 26 ти за приска и за нухална ми закажа денојте ги бројам за дотогаш
Не верувам да можат да прават балончиња, нема воздух како би правеле балончиња? Мислам дека е папочната врвка натака отидена и изгледа како балонче моево логично мислење
Не да си прави со устата туку некако со мрдањето да не има нешто такво напраено па се фатило на сликата баш тогаш, појма немам
Па ако е така при секое мрдање треба да има балончиња насекаде папочната е таква извртена дебела како плетенка, па може таму ја фатиле малку на ехото и да изгледа како балонче...
Мами има некоја ниски тромбоцити пишав во друга тема ама никој не ми врати се скренав од нервоза кога ми кажа за последиците цел ден ми е за никаде а во понеделник закажав кај матичниот
Аман бе девојчиња, што туку филмови си вртите низ глава?! Убаво е да се споделува и да се биде поддршка, ама малку кочница - многу паничите. Зарем некој тука знае повеќе од докторот? Ако ви кажал дека е во ред, во ред е. Ако има чаре и нема простор за паника, значи нема. Паничите без потреба и полошо си правите.
@orhideea Ке ти кажел докторот не се грижи, не е околу врат.. мислам дека е само тука пред лице, ја има може грабнато пред него не ја пушта дури ми изгледа како да ја лапнал.. затоа и на првата слика е отворена устата, се обидува да ја лапне инаку точна претпоставка, балончето е папочната значи
И јас имам иста ваква слика негдека околу 27 недела мислам ми е сликата не се секавам баш и мене докторката ми рече дека си прави меурчиња да не се секирам нормално е тоа ...така да ич не се секирај
Мешулиња,има уште едно меше,т.е моето бев на гинеколог,срцев откуцај има,плод се си е супер 6та недела и некој ден,го чекаме во март,рипче на мама
Тоа и јас пишав погоре. Не може ние да сме поголеми доктори и стручњаци од самите доктори.Штом др. рекол се е во ред, нема потреба да препрашуваме 100 пати и читаме глупости на нет.Само се паничиме и стресуваме без потреба. Како викаат :што мање знаш-то подбро" И џабе одиме на ехо на 2 недели кога се е ок. само се зрачиме без потреба. Сигурно над 10 пати во текот на една бременост одиме на ехо, а во странство највеќе 5 пати.
Така си е. Јас на 5-6 недели одам во просек Бев на крај на јуни - следно на 4ти август ехехеее Ама чим докторот вика така треба - значи така е
Сите се жалат од чешање на стомак а јас од чешање на нозете. Абе рани сум мн ме чешаат од колена надолу. Незнам што да ставам да се мачкам? Совет?
Ајде мамички со лесно. Брзо ќе се гушкате со бебушки. А за другите мамички малку поопуштено. Ако докторите викаат дека е во ред, незнам зошто самите си правите стресови. Понекогаш сами си правиме проблем онаму каде го нема. @karibian Јас имав чешање по нозете во почетокот. Сфатив дека ми е од омекшиваш и го сменив. Од тогаш не сум имала проблем. да не си вовела некој нов детегент илил слично што ти прави реакција. Чешањето ми беше на нозете под колено и стапала.
Не е до тоа порано исто ми се појавувало ама ќе намачкав бетаметазон и ми поминува а сега пишува тој во бременост дека не се користи и незнам каква замена да најдам