Вика ретко бактерии, но чим ги има најубаво да си направиш.. може и нема да покаже бактерија, но сепак за секој случај
Направи си за секој случај, и кај мене на последната проверка покажа бактерии и си направив уринокултура испадна стерилна. Сепак добро е да се направи за мирна глава
Кај мене конечно исчезна кандида и бактерии во мокрачата,помирна сум сега,со месеци ја лечев кандидата.
И Магнезиум со б комплекс кај 22:00 се напив, и Б6 кај 23:00 и пак ќе дежурам вечерва А си легнав и во дневна соба со пуштена клима да ми биде поладно и се џабе. А за некој месец ќе се жалам кога нема да можам да спијам поради бебушите. И пак кога ќе видиш ништо од спиење со месеци. Си пуштив Bouns-( коски) на Фокс и си ги гледам репризите
Е баш ме чудат кога ќе ми речат јас кога бев трудна се изнаспав уживај додека не е родено јас уште не родено вопшто не спијам а што ќе биде кога ќе се роди станата сум од 5сат а во 3 си легнав а не ми е топло охрид дојдовме синоќа ама џабе
И јас сум будна од 5. Станав за во тоалет (по десети пат ) и толку беше. Нос затнат, колкови болат, бебе ме клоца и така Си читам по нет од досада, ќе си трпиме ништо страшно
Јас немам мака со спиење навечер, освен што морам да станам за до тоалет. На почеток се будев ко вампир во 5/6, сега убаво си нанкам
Добро утро И јас немам мн мака за, спиење... синко ме зафркнува неколку пати.. накај 5 плаче во сон, прета и се врти.. па вода бара и ке станам да му дадам и толку ми треба, се расонувам Од 5 до 6ипол се мачев да спијам, мислам мижев само... а синко и мм има да тераат до 10. Тој ми е проблемот, брзо се расонувам и неможам да презаспијам. А вечер веќе во 10 сум преуморна зашто сум станала прерано а заспав во 2.. Па една нервоза имам кога ке станам, леле си викам а тек што ме чека со бебе + се надевам дека ке биде умна како синчево што беше... а може и ке наплати дупло
Добро утро мами денес ранобудни ние И јас немам проблем со спиењето, освен кога беше жешкото. Се случило да спијам по 4саати на ден и вечерта во 23да сум легната и другиот ден во 9-10да станам Можеби спијам бидејќи сум на почеток, мешко кога ќе е поголем сигурно ќе се жалам и јас. Единствена мака ми е дури заспијам
Добро утро од мене. Со сите сили се трудам да бидам ок. Неделава не напушти моето омилено човече , мојата баба. Се уште не можам да се помирам дека Господ ја зема за еден месец не ја остави да си го види внучето од најстарата внука Многу сум тажна, сеуште Бидете вие добри
Добро утро мешиња и од мене. Јас сум во Берово и овде е баш пријатно и ладничко за спиење, ама јас не можам да спијам бе, 4,5 часа дали сум спиена, и претходната ноќ така беше. Ми се спие, а не можам да заспијам и ако заспијам после 2 часа се будам. Им се чудам на на некои спијат убаво цела ноќ и преку ден. Јас едвај 6 часа спијам. @karibian Мене матичната општа ми препиша бетаметазон кога ми се појави алергија пред некое време, а и сега се мачкам повремено кога ќе ми се појави оток и чешање од комарец, одма ми поминува. Ама во мала количина ставам.
Добро утро Јас чим легнам заспивам кај 11, и спијам до сабајле 7-8. Проблем ми е кога сум на работа во 5 станувам, а исто заспивам и ретко кога спијам на пладне. Овие денови приметувам дека не се будам за тоалет. Т.е. кога ке се разбудам еднаш обично во ноќта веќе ме боли бешиката, значи многу стискам во сон, мислам дека нечини тоа ама незнам како да го сменам може аларм да си нвивам. Утре сме на скрининг,па едвај чекам да се видиме
Ајде да се смениме на некој ден Блазе тебе што спиеш, барем кога ќе се роди бебуш и да не спиеш се имаш наспано во бременост. Јас во овие 4 години, дали вкупно 20 ноќи ги имам преспано како што треба. Чукај во дрво и спи си.
Каде од досадната бешика неможам да издржам па секој саат одам вц и она малото ме уби по стомак цела ноќ јас тргни ја таа легни си на стомак Мм се обидува да ја тргне па плачење па врескање,па ајде млеко Јас ко зомби некое одам цел ден,секој ден @Belabelinakinder и јас така и велам на другарка ми Секој момент да го искористи за да се одмара и да спие Да не фучи по куќа за џабе Дај боже сите да имаат мирни дечиња ама ете кај мене е мнооогу активна И дење и ноќе сум без спиење па од мака го велиме тоа
@eli25 Јас најдобро ја знам твојата болка,јас во 3 месец бев кога си замина мојата втора мајка.Бог знае колку ја сакав и колку патам по неа. Од да не ја нервирам малава не сум раат ни салам исплачена За спиење немам проблем,имам проблем неможам да се разбудам,кај ќе легнам ќе заспијам Малата се прозеваше некни на ехо е и викам на докторката на мене е
Дoбрo утрo мешкoвци и oд мене срaбoтив мaлку низ дoмa прaвoсмукaлки и сличнo и рекoв дa си свaрaм еднo кaфе дa пијaм сo мешињaтa. Мм си спие aмa ќе гo будaм ќе oдиме вo викендицa нa ручек сo мoите. Бебе си преткa aмa утре ќе се видиме нa ехo. Нoќескa си немaв мaкa зa спиење aмa знaм дa стaнувaм зa вo тoaлет или aкo ми е жешкo. Мешетo не тежи сеуште пa мoжaм дa спијaм. Ве сaкaм сите