Jas za sinko na 5 nedeli go slusnav prv pat Haha da da ke si porasnat Fala daj Boze kaj site se najubo
@DaenerysT @Lealealealea добро дојдовте, честитки и со лесно само @Rose-tulip честитки и на тебе, само опуштено...за брзо ке си слушнеш срценце.. ем ке видиш на мониторот, ем ке слушнеш.. види на youtube baby first heartbeat ultrasound
Нормално и јас на почеток не слушнав срценце само гледав како чука Прв пат на цт кога влегов во 8ми месец го слушнав
Здраво мамички. Имам многу стресни два дена. Хита операција на една од најсаканите особи во мојот живот. Во целата таа болка само повторувала-не и кажувајте на сестра ми. Криеја од мене ама знаев дека тој немир што го чуствував не е на арно. Вчера случајно дознав и никој не можеше да ме спречи правец во болница. Срце ми се распара кога ја видов таква. Ја избацив и се вратив. Од тогаш главава ќе ми прсне, тело ми се тресе, не можам да функционирам. Се обидувам да сум силна ама грижата е посилна од мене. Чаре за главава мамички? Од ништо не поминува.
Пробај да се смириш се ќе биди во ред кај е господ никој не е појди си вцрква помолиси се.. За главата пробај кафе со лимон или аналгин можиш да се напијаш еден....Сите имаме стресни моменти... јас да седнам да ти раскажувам што се имам поминато косата ќе ти се крени ама то е таков е животот на никого не му цветаат само ружи САМО НАДЕЖ ВЕРБА И СЕ ЌЕ БИДИ!!!
леле душа се изнаплакав и јас нека е со помин само што побрзо. Пиј многу течност и обавезно трипати дневно бедоксин. Моментално за главата напиј се еден парацетамол ќе те опушти малку (иако знам дека не сакаш). Те
Здраво мешковци. Јас денес пак бев на цтг. Овој пат бебе беше смирено супер си беа отчукувањата на срценцето но матката покажа огромна болка како пред породилна. Не ми е јасно како јас воопшто не ја осетив. Кога виде докторот ми рече веднаш да ме прегледа гинеколошки. Морам да кажам дека прегледот со рака не е нималку пријатен мене ме болеше. Небитно, важно не сум отворена, грлото било омекнато но сосема нормално за 34 недела. Наредна недела повторно цтг. Се зафркава бебо,на крај ќе се роди во 40та недела осеќам Инаку му кажав дека магнезиумот ми прави дијареа и ми го намали на по еден директ во денот.
Мојата крвна слика е ужасна, хемоглобин 113, железо 5,8, гликемија 5,3 и имам камчиња во мокрачата. Јас не знам кога ќе ги решам овие досадни ужасни камчиња веќе еднаш. И изгледа заради железото имам вртоглавици и се осеќам изнемоштено скоро секој ден
@SophiaBella мене ми беше железото опаднато , купив фортикс и малку се покачи . Сега па покачени моноцити . Мора нешто да не штима . Сега мм ќе оди кај матичната да види . Јас неможам по жешкото
Не ти е ужасна крвната слика, малку ти е под нормала. Хемоглобин треба да е 120 железо 7. Ништо алармантно. Со некој суплемент за една недела ќе го средиш.
Мојава беше полоша на последната контрола. Хемоглобин 113, железо 4, шеќер 3,5. Имав вртоглавици и јас, главоболка, се чувствував изнемоштено, постојано ми се спиеше. А и времево уште повеќе ме убива. Пијам препарати со железо, храна со железо јадам и витЦ обавезно. Железото и хемоглобинот можат нагло да паднат, еве кај мене пред тоа супер беа резултатите. Обавезно земај некој препарат со железо.
Денес закажав за на гинеколог. Наредната недела, среда, здравје среќно. Пијам фемибион 1 и магнезиум од 300. @bittersweet ти имаш три бремености едно по друго. Ќе може да споделиш искуство, совет?
Исто и јас сабајле бев на цтг 39+2 сум моето нема абер за излегување немам никакви болки а кога нев пред 2 недели цтг покажа болки а јас не ги ни сетив ама лажна узбуна беше ќе си почекам уште 2 недели изгледа јас хехе со лесно да ти е женска Девојки што значи b.o постелка назад 2 зрелост SA+ ? Со лесно да ти биде