Спојлер: странство И јас сум во странство, во Холандија. Ниту овде не пуштаат звук на првото ехо во 7-8 недела. Отчукувањата на срцето се гледаат визуелно. Кога прашав ми рекоа дека брановите (или зраци што и да се) кај звучното ехо се многу посилни од тие за визуелното ехо. До десет недели, медицината немала сознание дали може да му наштети на плодот. Не е дека не можат, туку превентивно не пуштаат звук. Прв пат го слушнав срцето на ехото во 12та недела. @S*K*O*R*P*I*A барем кај вас редовно прават други испитувања. Дали ќе ми верувате дека тука официјално само 2 пати се прави ехо? Рано ехо во 7-8 неледа прават доколку има потреба заради медицинска историја на клиентот (спонтани, вештачко и слично). Ехото во 12та и скринингот во 20 недела се достапни за сите. Патем смееш да одбиеш доколку не сакаш. Во 12 недела ми правеа анализа на крв и мокрача. И толку. До породување имам уште една контола на крв во 28ма недела, и тоа само хемоглобин и антитела поради негативен резус Ц фактор. Јас "среќа" заради ниско поставена плацента до отворот, ќе имам уште едно ехо некаде во 32-33, иначе не. Бактериолошки анализи исто така не се стандардни, само доколку има индикации. На последната контрола се убедувавме дека сакам бактериолошка контрола пред породување, но ме убедуваат дека не е потребно и нема да ми прават доколку немам никакви проблеми. Антибиотици, дури и за стрптокока не даваат кај сите носители, бидејки дури 20% од жените се носители, а значително мал процент на бебиња се заразуваат. Контролите се на 4 недели, па на 3, 2 и последниот месец на 1 недела. На секоја контрола (после 12та недела) само со звучно ехо го слушаат срцето, не визуелно. Со раце надворешно преку стомак ја проверуваат поставеноста на матката и бебето. Се на се, многу поразлично од се вие што пишувате, што исто и јас повремено сум збунета и несигурна. Од друга страна, далеку далеку од тоа дека не се стручни или не превземаат ништо. Медицината им е сепак на врвно ниво. Но ете принципит на работа е многу поразличен. Испадна пак километарски пост, извинете. Го ставам во спојлер. Барем јас си раскажав што понекогаш ме загрижува...
Исто и јас сум збунета, не само во бременост туко општо. Тука брис ми зема од едно место и одма го гледа под микроскоп каква микробиологија. За урина исто 5 пати повторив дека ми е жолта плус пред бременост имав ешерихија која ја установи само по симптоми. Урина прегледуваат одма ако нема бакрерии ништо, микробиологија до сега не ми правеле. Многу е различно тука, ама тоа е се привикнуваме
Женски може ова ќе биде смешно прашање,но да си прашам јас. Дали е ОК да се тушираш по 2-3 пати во денот во бременост? Мислам со млака вода,не се издржува на топлово никако. Еднаш насабајле се туширам пред работа,еднаш кога ќе се вратам,и еднаш навечер пред легнување.
@Chantal @Babushka не се секирајте, си знаат докторите што прават. И јас се секирав на почетокот (иначе сум надвор од европа) дека читам тука разни испитувања, мене ништо. Дури едно време бев загрижена за тоа што читав недостаток на железо па си викам јас и да имам недостаток не можам ни да дознаам зашто само еднаш до сега ми тестираја крв и тоа ептен на почетокот колку да утврдат бременост и толку. Урина ми испитуваат секој преглед и тоа на лице место, ако има нешто се праќа во лабораторија, ама крв не, но еве сега ми кажа докторот дека нареден преглед ќе ми земаат крв за шеќер. Мислам дека повеќе сме загрижени затоа што никој ништо не ни кажува што е следно. Додека не дојде моментот за некое испитување ти не ни знаеш дека воопшто треба да имаш такво испитување и малку може се чувствуваме како да не се ни грижат докторите воопшто, барем јас така се чувствувам, но знам дека не е така,и најверојатно ако има нешто би ни кажале. Единствено нешто што се грижат тука и цело време ме потсетуваат се пренатални витамини, само тоа ми повторуваат дека морам да ги земам, друго ништо.
Добро вечер. Прво добре дојде на сите нови труднички. Јас ноќеска прв пат мислам дека се осетив лошо. Од жешкото ме фати страшна нервоза и незнаев што да правам со себе. Во дневна со клима спијам на штрек зошто повторно се потам и нон стоп се пресоблакам, и после некое време не можам да издржам и се враќам во спална. Ама она ноќеска беше ненормално. Оној дождон, ако може така да се нарече само беља направи. @Luna91 не моажам ни да замислам како е да ти е човек во кога, ама биди силна за бебуш, а и таа ќе биде добро. Ти реков сте го нервирале бебуш, затоа имал тахикардии. Па про биотикот само по себе ви требало да ти помогне за столицата. Иако мене во тој период кога имавпроблем со столица многу ми помагаше компот од модри сливи. Штом не користиш многу топла вода не гледам никаква штета. Ајде не се паничи. Па ти на море си се бањаше, а сега за туширање се паничиш. @eli25 да се пријави како е денес.
Нaјoкеј е истo и јaс сo лaдничкa си се лaдaм кo ќе ми згoрешти и нoзете вo легенче си ги држaм сo лaднa вoдa зa дa ми спaднaт oтoците
Фала @Troi, рационализирам и јас, па не сме првите трудници по државиве А за посветеност, тука се многу посветени, убаво објаснуваат, помагаат и ислушуваат. @iki26 туширај си се, освежи се, мислам дека нема зошто да се секираш.
Компот од модри сливи е помината мода за нас. Барем за мене. Ништо не помага. Ако не е штетно да се внесува пробиотик, а ваљда не е, и ако помага, тогаш тоа е тоа. Друга опција е глицерински чепчиња...
Мами и јас денес ја проверив крвта, хемоглобинот ми се качил од 9,3 на 10,1 (со реф. вредност од 11) а пак железото ми паднало од 9,8 мислам на 5,9 (со реф. вредност од 6) Досега пиев Heamovit plus и ц витамин , а од денес земав тотхема, но после пола саат од кога ја испив ме здоболе желудник и имав нагон на повраќање, па и малку повратив. Кажете ми тие шо имате пиено по колку ампули на ден пиевте и дали имавте подобрување на крвната слика? @mariz јас го купив ферум лек сирупот, но во упатството беше наведено дека тие со таласемија не треба да го користат, исто беше и за хеферолот .
@Luna91 сега те прочитав . Многу ми е жал . Се надевам дека се ќе биде добро . Не се секирај да си правиш стрес само моли се , оди на црква запали свеќичка ќе се чуствуваш подобро . Те гушкам ајде уште малку па бебче ќе ве радува сите
Па баш се дискутираше тука. Имаше членки на кои им беше препорачно и од гинеколог. А и провен прегнанци се такви комбинација се пренатални со пробиотик. Ќе си најдеш соодветни за трудници и не би требало да е проблем
Samo so dojdov od kontrola.Kuklata mi e dobro.Si raste.Pak karlicno se svrtela.So toa mrdanje kako i nema da se svrti.Za cerviksot,me gledase prvo so speklum...placev na glas.Drugarkata so bese so mene izbegala.Takva bolka nepodnosliva.kaza ok e zatvoreno e toa so treba.Posle me gledase so sonda.Prvo izmeri 23 i nesto.Posle napravi poubav presek i izleze 27,skoro 28.Isto ko pred 3nedeli vo Stip.Se nadevam dobro izmeri.Ama sega imam bolka dolu vo vaginata
Фала ви женски на одговорите @stevemila друг пат не мора со спекулум,поболно е. Подобро вагинално да те провери,отколку со спекулум. Болките доле би требало да ти пуштат во скоро време. може во грч ти се и мускулите што си се стегала. Напиј се чај, магнезиум и еден б6 ќе те опушти. Важно дундата ок е
Prv pat so speklum.Ednas me ima dr pregledano so prsti za da napipa dali sum otvorena ili koj znae so.Sega so speklum i posle so sonda izmeri.Me boli i stomak i dolu vaginata.Mi e strav da ne se sluci nesto
Не е штетно туширај се колку сакаш јас по 3.4 пати во денот јас го прашав докторат и ми рече и бебето си седи во вода
Јас денес бев кај матичниот глупав за малку мажот ми не го натепа со барате вика до сега само два пати сте биле на преглед сакав да му речам како да идам кога врска немаш. Па ми вика како ке ви дам боловајне треба најмалку 5прегледи ги виде резултатите и ми даде упат за димери да проверам дека ми се ниски тромбоцитите ама утре ќе одиме во плоднос не ни се чека ме пренервира.Како што не сум спиена цела ноќ забот ме болеше денес го правев. Па вика дај да те прегледам ако сакаш и ништо не ми кажа Јас скапав од туширање и зимата по 2.3 пати се туширав ради што ме чешаше кожава сега пак го имам истиот проблем ми се плачи за спиење
И јас од вакви причини дрско однесување и тотална непрофесионалност еве во среда ќе одам кај друга да ми биде матична. Јас со болки прошлата недела мм му се јавува и му вика дека болки имам и тој не не не ми ја носи што ќе и правам јас зар со магнезиум ќе ја лечам?? Мм се стаписа толку непрофесионално толку нехумано од доктор мм ми вика како јас да одбијам пациент тоа е невозможно и останавме без зборови...но имало Господ си отидов во Ремедика ме прегледаа ко човек и грло на матка ми измерија што тој ќе ми мерел таму 21 недела ...полудев...те разбирам потполно...па наше право каде ќе вода бременост...а тој ко матичен има должност кон нас за упати и итн...пари зимаат секој месец што сме им пациенти и уште ваков однос ќе добиваме.... ццц...
Идиоти ќе прашам ако може друг да ме води матичен крај краева ке се откажам и од боловајне секако во нашата фирма сум осигурана ме гледа на ехо од дедо ное времето и ми вика мене какво е машко му викам