Редовно ве читам, па само да ве поздравам сите Мило ми е што го најдов катчево, ме релаксира помислата дека сите заедно поминуваме ист период од животот и дека тука сте си (сме си) за секоја недоумица, прашање, грижа или радост Туку до вчера ич не броев дали бебче мрднало повеќе од 10 пати во еден саат, ама ми се уврте тоа да почнам да бројам ко за беља нели и се некако ми излегува помалку или дека не мрда воопшто и плус се збунив не знам дали секој саат треба над 10 пати или откако ќе мрдне еднаш само за тој саат да бројам...... се надевам и за ова нема посебна тема, некако често одам оф топик
Ne se zamaraj so takvi gluposti.Mene moze bez prestan da mi mrda celo vreme.A moze i cel saat da ne mrdne.Pa neli treba da odmorat i tie?!Da spijat.Voopsto ne misli na toa.
Јас родив во 37+2 ама цезареа бев. Имам познаничка, роди само што влезе во 9 (36+) машко. Не е правило.
@Ano ти благодарам што се сети на мене За добро не сум баш, се трудам ама ете тешко е. Си бевме многу блиски, се сум и кажувала на неа. Разбирам старост и дека е нормално, ама ете не се е фер некогаш..... Да не замарам, денес попладне сме за брисеви, последни.
Добро утро Сакав да ве поздравам од раното Пишав пред некој период на темата за пол, дека не сакаме да знаеме за полот на бебето, сакаме изненадување. И дека ако дознаеме порано, нема да кажеме, сакаме да биде тајна до крај И така вчера на скрининг, докторката видела мало к и вели аааа машко е. И мм во позадина, аа докторке тоа не не интерсира, да е здраво Уште се смеам Мм најчесто молчи и посебно на прегледи уста не отвора. Ама вчера на време отвори уста Инаку да, по преглед дека малото се држи добро, сите болки и симптоми се забораваат
Исто беше и кај мене, се гледаше но ме се счушаше срцева реакција. Тоа плабо/црвено ми го кажаа. Потоа во 9тта крајот или 10тта се слушна срцева реакција, .... и.....еве ја до мене си нани веќе четврт ден Не грижи се
Се обидувам да се контролирам поради бебето,а и денеска сестра ми е подобра па малку здивнав. Фала ти за поддршката. Те гушкам.
Оф душа. Ајде наскоро ќе се роди нов живот, нова радост која ќе ти ги исполнува деновите. И јас се мислам кога да идам за брисеви. Матичниот ми рече 32-33да сум одела за нанвреме ако треба да примам терапија. Се мислам рано да не е. Денес бев за крвна слика, да видам до кај сум со железото. @Luna91 најкритичното поминало колку што разбрав. Добро е штом е подобра. Гали меше, а дадичка ќе е тука за помош.
Здраво мешиња Ние од денес 9 ти месец почнуваме Ќе си бидеме во исчекување на првата средба со синко, одвај чекам и само му зборувам не мора до термин да чека, може и порано
Јас во 28 повторував брисеви заради цервиксот што се кратеше . Сега незнам пак дали да повторувам. Или да чекам петок контрола па што ќе ми кажат. 34+6 ќе бидам да не е касно после . А и мислам брисевите нели се повеќе за тие што ќе одат природно ?
Јас 36+ правев брисеви. Инаку највеќе е за стрептокока, поради ризик да не се префрли при природен пораѓај на бебето. А за царскиот незнам како оди и зашто има потреба и при царски да се прават...
@mariz и јас тоа се мислам. Но ќе чекам тогаш во петок како ќе каже докторот . @eli25 ти праша ли зошто и при царски се испитуваат .
@ada21 @eli25 @Ano јас сум закажана за последни брисеви на 17.07 тогаш ќе бидам 34+4 матичниот смета дека тоа е најдобро време ама ми рече не е фиксно секако може и некој ден плус минус.
Мене не ми е јасно како може едно ЦТГ, повеќе доктори да го гледаат различно? Во приватна ми викаат дека ЦТГ-то не е како што треба, бебето успано не се разбудува ни со благо,газирано и дека ако овака продолжи наредни денови, најдобро ќе биде да закажеме термин за пораѓај. Истиве ЦТГ резултати на државна, ми се потпишува доктор и ми вика дека се е океј. Дури онака ме кара зошто толку рано сум идела на ЦТГ, немало потреба. Инаку сум 36+2. Не знам веќе што да мислам
Ај и јас да ве прашам, има некој што примил флостерон два пати, во смисол еднаш во почеток на седми еднаш во почеток на осми?? Јас примив 26-27ма недела две ампули во рок од 24 саати, сега сум 31+5 сака една докторка да ми даде уште една доза, дека не и било јасно зошто толку рано сум го добила..
Не знам дали си ме читала деновиве јас веќе бев на 3 цтг, а во понеделник сум на 4то. Почнав од 32+ да одам. Инаку референтна вредност на отчукувања на срценцето е од 110-150 (некаде стои до 160) така што според тоа кај тебе е во ред. Кај мене вчера беше една константа од 140 но се качуваше и симнуваше на 160 и на 120. И ми рекоа дека е супер. Толку можам да ти помогнам сепак докторот најдобро знае.