Здраво од мене! Денес се осеќам суперски, сто работи средив низ дома, а чекаа на мене скоро цела недела. Доволно било малку посвежо да се осеќам и да бидам наспиена и ете ме старата јас способна да си го гледам детето и домот! Синоќа убаво спиев (конечно), утрово немав мачнини и ете ден поминат без повраќање... Дали крајот на мачнините вака мириса??? Скоро влегувам во 4ти месец, па тоа би било тоа... Време да се започне она најубавото тромесечие, она без мачнини и она со зголемен апетит... Ајде килограми повелете кај мене, ве очекувам ! Тоа е труднички! Ви посакувам релаксиран ден!!! Галете ги мешињата!
И јас правев и Пап.. Немав никаква мака ни болки. После 2дена имав кафено ама докторот рече не е од брисевите
Инаку ние денес бевме на контрола. Синко супер си напредува, ама со газот пак доле си седи. Докторката вика ако не ги свитка нозете тешко дека ќе се сврти. Не е битно, само нека напредува како што треба, па за пораѓај како треба да биде така. Плодова вода во ред, постелка во ред. Меревме цревикс 35,4 мм. Инаку веќе сме 1700гр Љубво на мајка. Денес цел ден решето ми го направи мешето. Некој да ме посматра од страна може да се исплаши колку ми мрда цел стомак. За две недели ми закажа контролно, за да видиме плодова вода и постелка како ќе се одржува. и после тоа веќе ќе треба да закажам ЦТГ. Инаку за железото ми вика супер, само да продолжам со суплементи за да не ми падне хемоглобинот под 10.
Мешиња денес бев кај матичната гп видовме синко малце гњуреше со лицето нешто мируваше па почна да се врти ми рече Др.до сега не ми го имаа кажано дека малце има Лакуни на постелката но ме многу но вика ти си со терапија и редовни контроли од Трансфузиолог и нема место за плашење. Дали некоја од вас имала Лакуни и од што доага до тоа да се појават? Примам Аспирин 100 и Клексан од 0.4 времиња се ми се во ред...д-димери исто.Вчера и агрегација на Клексан и Аспирин правев на Трансфузија супер е се доволно е дозата на Клексан само Аспиринот место 7 дена,5 дена ќе го пијам 2 дена пауза ради големото количество.
Мешиња каде да си најдам целосни купаќи што ке ми го соберат мешето? (за месец ке одам на одмор, ке рипне мешето уште толку).
Не си го сакам пупаков ептен ми е надвор, а и стриичките не ги сакам малку искомплексирана сум хахаха Освен ако не најдам со висок струк
Јас си порачав од asos.com има за бремени жени дводелни со горниот дел како маичка ама да ти кажам мн не ги искористив, се со дводелни бев оти после бањање ми беше водено на мешето и требаше да се пресоблекувам и ете така ми останаа за џабе
Најмногу две работни недели. Ама обично за недела дена се на врата. Евентуално ако имаат гужви 10тина денови.
Не ми е мислењето за тука, ама да се искажам. Да ми олесни. Од ко дозна дека сум бремена мм секој ден се зафаќа за нешто само за да ме нервира. Не знам што му е, како ѓаволот да влегол во него. Досега гледав да избегнувам заради бебево, ама вечерва ја премина границата. Дури се осмели и рака да крене на мене. Можете да замислите? На бремена жена и тоа во најкритичниот период. Се тресам цела, страв ми е за бебуш, за друго не ми е гајле. Само не знам ако не дај Боже ми се случи нешто после ова како ќе продолжам да живеам со него. Многу ми е тешко. Наместо сега да ја добивам најголемата љубов и подршка од него тој вака ми прави... Се напив б комплекс и се надевам ќе се смирам малку, а утре одам кај моите.
Не можам да поверувам што читам. Пред бременоста имавте проблеми, кавги? Разговараше со него за ова негово однесување?